Тешка несреќа на патот Скопје- Тетово – повредени пет лица меѓу кои и деца


Вчера околу полноќ на автопатот Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица.

Имено 45- годишниот А.Е од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „Рено“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, се вели во соопштението.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 71- годишната Л.Џ, која е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за понатамошно лекување, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците М.Е (42) и две деца на возраст од 13 и 15 години.

Извршен е увид на местото на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1