Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тетово: Тројца малолетници избоделе 16-годишно момче, осомничени за „убиство во обид“

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 16- годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Пријавените на 6.ноември минатата година околу 18,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож […]

______________________________________________________________________________________________________

Не му дал диазепам без рецепт – брутално претепан аптекар во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. С.С. на 28.декември минатата година околу 11.00 часот во Куманово во аптека на улица „Веселин Маслеша“ физички го нападнал вработениот Д.Ѓ. (43) затоа што не му дал ампули дијазепам без рецепт. Откако вработениот […]

______________________________________________________________________________________________________

Споменикот на Крал Марко испишан со кукасти крстови, случајот пријавен во полиција

Во текот на изминатата ноќ, непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен. Случајот е пријавен во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, очекуваме надлежните служби да ги откријат сторителите. […]

______________________________________________________________________________________________________

Изваден лешот од Вардар, телото на маж предадено на идентификација и обдукција

Единицата за специјални задачи вчера околу 11 часот го извадила човечкиот леш од водите на Вардар кај селото Сопот, кој беше заглавен меѓу карпи. Од полицијата денес информираат дека се работи за леш на маж кој по наредба на јавен обвинител е предаден на Институтот за судска медицина – Скопје за вршење идентификација и обдукција […]

______________________________________________________________________________________________________

Уценувана 18 год девојка од Гостивар – дај 400 евра или ќе ги објавам фотките

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Л. (29) од с.Врапчиште-гостиварско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „уцена“. Во октомври 2017 година, пријавениот со цел да прибави противправна имотна корист за себе уценувал 18 годишна девојка од с.Добридол, дека преку социјални мрежи ќе објави нејзини компромитирачки фотографии доколку не му исплати 400 […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец се бори за живот: Претепан бидејќи украл „Ауди“ од рент-а-кар

Четириесет и седум годишниот Ф.А. од Сарај со тешки повреди се бори за живот во Клиничкиот центар откако бил претепан. Од полицијата информираат дека вчера во 15:20 часот на крстосницата од ул. „Црногорска“ и ул. „Андон Папрадишки“ во Скопје, откако претходно Ф.А. одзел патничко возило “Ауди А6“ (сопственост на рент а кар фирма), загубил контрола […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопско – исчезна девојка

Во Полициското одделение Сарај, Р.А. (73) од село Грчец вчера пријавил дека пред околу 20 дена од семејниот дом во село Грчец во непознат правец се оддалечила неговата внука П.Н. (26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Човечки леш пронајден во Вардар – телото не може да се извади

Човечки леш, заглавен помеѓу карпи бил забележан вчера во водите на Вардар во близина на селото Сопот. Случајот во СВР Велес бил пријавен околу 12:30 часот. -Екипа од Единицата за специјални задачи излегла на лице место, но поради временските услови и непристапниот терен, не успеале да го извадат телото од водите на реката. Денеска припадници […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувано 13-годишно девојче

Полициската станица Прилеп поднесе известување против 37-годишниот Ш.Р. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“. Како што информираат од МВР, пријавениот, во својот дом, со употреба на физичка сила извршил полови дејствија над 13-годишно девојче со кое бил во роднински врски.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец пронајден мртов со прострелна рана во глава

Шеесет и две годишниот Ж.М. од Скопје бил пронајден мртов во својот дом ул. „Иван Наумов Алабакот“. Случајот го пријавил неговиот внук Љ.П. вчера утрото кој го пронашол својот дедо мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата. – Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетово: Зад фармата за свињи нашол остатоци од човечко тело

Во Центарот за известување и команда Тетово, вчера во 13.20 часот било пријавено дека во атарот на село Брвеница, тетовско (зад фарма за свињи) се пронајдени остатоци од човечко тело. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка. Исто така, […]

______________________________________________________________________________________________________

Стружанец и се заканувал дека ќе ѝ објави компромитирачко видео

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И (43) од струшкото село Велешта. Пријавениот, во неколку наврати на М.М (24) од Охрид и се заканувал дека ќе објави непристојни ѝѝ фотографии и видео материјал доколу не прифати љубовна врска.

______________________________________________________________________________________________________

Навивачи на Шкупи нападнале кошаркари на Пелистер, има повредени и полицајци

На 13.01.2018 година во 19,20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена“ во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Тие кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Гостивар: Исчезнатата малолетничка пронајдена жива и здрава

Заврши агонијата за едно семејство во Гостивар, Според информациите вчера околу 15.50 часот во гостиварската населба Дутлок била пронајдена 15-годишната малолетничка Гостивар, која претходната ноќ беше пријавена за исчезната од нејзиниот татко И.П.(50). Таа била предадена на родителите.

______________________________________________________________________________________________________

Апсење пред Сити Мол – прилепчани фатени со големо количество на оружје

Тројца прилепчани уапсени во близина на трговскиот центар Сите Мол во Скопје – На 10.01.2018 година околу 21,50 часот полициски службеници од ПС Карпош во содејство со припадници на единицата “Алфа“ при контрола на патничко возило “Форд фокус“ со прилепски регистарски таблички паркирано во близина на ТЦ “Сити Мол“ откриле и заплениле одредено количество оружје […]

______________________________________________________________________________________________________

Во спиење починало бебе родено пред три недели

Мајка од Скопје вчера пријавила дека кога станала од спиење околу 09.30 часот забележала дека нејзиното три недели старо бебе не давало знаци на живот. Семејството живеело на улица Брсјачка Буна во Скопје. МВР информира дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Во Вардар пронајден труп во распаѓање, мртов 56-годишен маж во подрум во Штип

На местото викано „Горна Лака“, во водите на реката Вардар, вчера околу 14.20 часот во близина на мостот кај село Уланци, велешко, било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање. Било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 4 декември лани. Телото на починатиот било предадено за обдукција. […]

______________________________________________________________________________________________________

Тинејџер од Скопје се бори за живот откако во него удрила „мазда“

Осумнаесет годишниот скопјанец Б.Н. вчера околу 18 часот бил прегазен на улицата Франклин Рузвелт во Скопје. МВР информира дека во него удрил 72-годишниот скопјанец со иницијали К.А., кој управувал со возило „мазда 6“. Како што информираат од полицијата веднаш по незгодата, пешакот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде му […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1