10/01/2018 21:09
•
Posted by: MK News
Вчераутро околу 07 часот од дома заминала 13-годишна од тетовското село Глоѓи. Изчезнувањето на малолетното девојче во полиција го пријавил 24-годишниот брат на малолетничката.
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2018 20:54
•
Posted by: MK News
Откриен е идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во фаза на распаѓање во шахта во скопското село Сопиште, во ноември минатата година. Како што соопшти МВР, во врска со настанот објавен во билтен од 07.11.2017, за пронајдено човечко тело во канализациска шахта на локацијата „Сончев град“, село Сопиште, по завршените истражни и обдукциски активности […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Во скопската населба Аеродром повозрасен маж пријавил во полиција дека е нападнат од куче. Како што наведува МВР, лицето Ш.С. (82) од Скопје, вчера пријавил дека на 4 јануари оваа година, околу 15.30 часот на бул. „АВНОЈ“, бил нападнат од куче скитник, кое го каснало во пределот на десната нога.
______________________________________________________________________________________________________
09/01/2018 13:25
•
Posted by: MK News
Една жена почина од задушување во пожар што попладнево избувна во стан во скопската населба Ѓорче Петров. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека пожарот избувнал околу 16:25 часот на улицата Шидска и оти е интервенирано со пет пожарникари и две возила. Во пожарот нема други жртви и повредени, а не […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 13:56
•
Posted by: MK News
Во притворското одделение на затворот во Прилеп пред два часа се обеси притвореник, објави ексклузивно порталот Досие. Според првичните информации на Досие, се работи за момче на 28- годишна возраст, кое било во притвор осомничено за разбојништво. -Според извори на Досие, никој не забележал дека момчето може да посегне по животот, Бил со неколкумина цимери во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 12:37
•
Posted by: MK News
Скопјанец си го опожарил својот стан и нападнал полициски службеници, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 10.27 часот во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека на ул. „Даме Груев“ во стан на вториот кат имало пожар. Полициски службеници излегле на местото, каде бил затекнат В.М. (39), кој го опожарил својот стан. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:44
•
Posted by: MK News
Утрово, избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари. Пожарот во Противпожарната единица е пријавен во 8:10 часот утрово, а е изгаснат по еден час, информираат надлежните од Териоторијалата противпожарна единица од Куманово. Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:44
•
Posted by: MK News
Малолетно девојче од Гостивар вчера исчезнало, информираа од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гостивар, И.П. (49) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот, неговата 15-годишна ќерка излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2018 11:35
•
Posted by: MK News
Две возила од марката „голф“ на две различни локации во Скопје биле опожарени во текот на ноќта. Како што соопшти МВР, утрово во 04.20 часот на ул. „Боро Менков“ во Скопје, од засега непознати причини, настанал пожар во патничко возило „Голф 5“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А. (26) од Скопје. Во пожарот бил […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2018 12:21
•
Posted by: MK News
Маскирано лице вчера извршило разбојништво во аптека во трговскиот центар „Лептокарија“. Од МВР информираат дека околу 19.40 сторителот со закана со нож од вработената одзел пари од дневниот промет, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2018 12:03
•
Posted by: MK News
Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров поднесе кривична пријава против Л.А. (21), Ф.С. (20), Џ.Ќ. (17) и Б.Е. (19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ (првите тројца извршиле три […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2018 11:56
•
Posted by: MK News
Петчлено семејство од Струмица настрадало во сообраќајна несреќа во САД. Од засега непознати причини автомобилот со кој се превезувало семејството Доневи излетал од патот во близина на Нешвил, во aмериканската држава Тенеси. Во несреќата загинала 41-годишната струмичанка Виолета, а нејзиниот сопругот е потешко повреден. Трите нивни деца, едно машко и две женски близначки, поминале со […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2018 11:54
•
Posted by: MK News
Непознати сторители околу полноќ извршиле кражба во просториите на Македонската Информативна Агенција. Сторителите одзеле дел од техничката опрема на МИА. Извршен е увид од страна на полицијата и се трага по сторителите.
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2018 18:58
•
Posted by: MK News
Неколкучасовна операција за спасување се случувала денеска на планината Олимп во северна Грција откако 35-годишна Македонка додека планинарела паднала од литица на 2.800 метри надморска височина, објави Прототема. Повредената со хеликоптер „Супер Пума“ на грчкото воздухопловство била пренесена во болницата во Лариса. Според информациите од грчките спасувачки тимови, состојбата на повредената македонска планинарка, е сериозна. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2018 18:36
•
Posted by: MK News
И.П. од село Кучевиште синоќа околу 1:40 часот во скопско Мирковци на место каде по повод Бадник имало запалено оган на кој биле присутни повеќе граѓани, им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. – Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2018 18:27
•
Posted by: MK News
Четири девојки се повредени од кои две потешко во сообраќајната несреќа што се случила утринава во 03.50 часот на магистралниот пат Штип-Струмица кога патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки излетало од патот. Како што соопшти МВР, возилото управувано од Д.З. (21) од Штип откако излетало од патот удрило во две дрва кои се скршиле […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2018 19:16
•
Posted by: MK News
Камионџија од Македонија, иселеник кој живее во регионот Пијемонт во Италија, предизвикал сообраќајна несреќа во која загинал тој и уште пет други лица, меѓу кои и две деца, пишуваат италијанските медиуми. Тој со камионот во кој превезувал житарици удрил во автомобилот што пред него, а потоа автомобилот удрил во цистерна. При ударот, цистерната се излеала […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2018 16:15
•
Posted by: MK News
Триесет и двегодишна жителка на Урвич загина во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи на автопатот Тетово – Гостивар во близина на клучката за село Камењане. Таа била сопатник во возилото „опел корса“ кое се судрило со „форд куга“ со швајцарски таблички. Со тешки телесни повреди се здобил и нејзиниот 37-годишен сопруг кој управувал […]
______________________________________________________________________________________________________