Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Автобус на ЈСП прегази жена

Женско непознато лице починало во сообраќајна несреќа денеска околу 12:10 часот, објави Курир. Од МВР за Курир велат дека на булеварот Крсте Мисирков во правец од Чаир кон Центар, во близина на Бит пазар, автобус на ЈСП број 47, удрил во засега непознато лице. Од добиените повреди жената починала на лице место, а смртта ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Трубарево, мајка со маша ја претепала и ја избркала од дома 13-годишната ќерка

Завчера во 15.30 часот жена од с.Трубарево пријавила дека девојче на возраст од 13 години од истото село било малтретирано и избркано од неговата мајка на улица. Од страна на полициските службеници девојчето е однесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде било примено од лекар кој констатирал телесни повреди, кои детето појаснило дека ги добило […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец од Скопје ја претепал сопругата

Триесет и тригодишна скопјанка пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 16.30 часот во полициско одделение „Петровец“, Ј.К.(33) пријавила дека околу 14 часот во фирма во Марино, каде што била на интервју за работа, дошол нејзиниот сопруг П.К. (36) инаку полициски службеник со кого не живеат заедно околу една […]

______________________________________________________________________________________________________

Едно момче загина, а друго се бори за живот по сообраќајка во Скопје

Дваесет и тригодишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 3.13 часот во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. Како што е наведено во полицискиот Билтен, во сообраќајката на бул.„Мајка Тереза“ скопјанецот Д.С.(23) управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија во Илинден: Синот десет дена седел до мртвиот татко

Во 14 часот и 45 минути во текот на вчерашниот ден, 44-годишната Л.Ц. од Скопје пријавила дека откако дошла во населба Илинден, каде живеел нејзиниот татко, 65-годишниот Ч.Ц. ја сретнала соседката која и кажала дека не го видела татко и околу 10 дена и се сомневала дека можеби истиот се наоѓал во куќата, а неговиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете од Скопје исчезнато еден месец – полицијата трага по пет малолетници

Неколку лица се пријавени за исчезнати во полициска станица. Во 06 часот и 17 минути утринава, во Полициска станица Чаир, се јавил 38-годишниот Д.С. од Скопје и пријавил дека на 23. околу 19,00 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години. исто така, утрово […]

______________________________________________________________________________________________________

Кучиња искасаа скопјанец на Кеј

Дваесет годишниот С.Н. од Скопје вчера на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед. Подоцна од лекар му се констатирани повреди на десната потколеница, а по укажаната помош е пуштен на домашно лекување

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка пред хотел „Континентал” – Возило се преврте на кров

Едно повредено лице е пренесено во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“ по сообраќајна несреќа која се случила на булеварот „Александар Македонски“, јавува Курир. Според првичните информации со кои располага полицијата, автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки, се превртел на кров по удар, најверојатно во банкината.

______________________________________________________________________________________________________

Скопје: Го фатиле за врат и на сила го терале да го потпише отказот

Во текот на вчерашниот ден во Полициска станица Карпош, 34-годишниот В.В. од селото Стење, ресенско, пријавил дека истиот ден околу 11 часот во Скопје, на улицата „Скупи 6“, поточно во станбениот комплекс „Св.Јован“, додека бил на своето работно место, дошле две лица, влегле во неговата канцеларија, ја заклучиле вратата и извадиле некакви документи и му […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна маж од Скопје – полицијата го бара

Во 03 часот синоќа, 25-годишниот Д.Д. од Скопје, пријави дека на 21. месецов во 12 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко. Се работи за 46-годишниот К.Д. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка на средношколци во Медицинското училиште во Скопје

Четворица ученици од трета година во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ во Скопје физички нападнале двајца свои врсници, ученици во истото училиште. Случајот во полиција го пријавил вработен во училиштето вчера утрото околу 10 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

______________________________________________________________________________________________________

Лекарка од Охрид продавала ампули на родилки за полесно породување

54 годишна докторка од Охрид заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела „несовесно лекување болни од страна на лекар“. Според полицијата, во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни […]

______________________________________________________________________________________________________

Дванаесетгодишно девојче жртва на педофил од Скопје

Непознат маж од Скопје во неколку наврати во неговиот стан извршил полов напад врз 12-годишно девојче. Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. […]

______________________________________________________________________________________________________

Едномесечно бебе починало во Скопје

Едномесечно бебе вчера во 09:25 часот било пријавено за починато од страна на Итна медицинска помош во Единицата за информации и команда Скопје. Како што соопшти МВР, настанот се случил на ул. „Бајрам Шабани“ во општина Чаир. Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж падна од тераса во Чаир – детали за неговата состојба

Вчера во 19 часот и 10 минути во Скопје од стан на улицата „Џон Кенеди“ од тераса од третиот кат, паднал 34-годишниот Ф.Ш. и истиот со возило на итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје. Таму му се констатирани тешки телесни повреди и тоа масивно нагмечување на градниот кош и белодробните крила. Истиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Старец изгоре во својата куќа, го нашле телото јагленисано

Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам. Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21 часот и 20 минути, а локализиран 30 минути по полноќ. Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче уценувало малолетничка со компромитирачки фотографии

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Р.А. (20) од с. Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основано сомнение дека уценувал малолетничка со компромитирачки фотографии. МВР соопшти дека во текот на октомври минатата година, пријавениот набавил еротски фотографии од малолетничка со која порано бил во љубовна врска, а потоа се обидел да ја уценува барајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена касната од куче во Ѓорче Петров

Педесет и двегодишна жена вчера била касната од куче во скопската населба Ѓорче Петров. МВР соопшти дека Р.Т. вчера попладне во 15:10 часот додека се движела пеш по улицата „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров, била нападната и касната за десната потколеница од куче, според неа, од расaта волчјак. Лекарска помош и била укажана во Ургентен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1