Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Сопственикот на АТС ГРОУП Демировски доби 30 дена притвор во Србија

Вишиот суд во Белград му одреди 30 дена притвор на Шефшет Демировски, сопственик на фабриката за наменска индустрија, АТС ГРОУП од Визбегово крај Скопје. Тој и уште тројца српски државјани се осомничени за купопродажба на документација која се води како воена тајна, а се однесува на машини за правење на куршуми за снајпер. Притворот им […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувана мигрантка од жител на Лојане

Во Транзитниот центар – Табановце, Н.А. (35) и Х.М. (38), мигранти од Иран, пријавиле дека од неколку лица од село Лојане, општина Липково, биле ограбени, а едно од лицата извршило обљуба над жена, мигрантка од Авганистан. Жената била пренесена во Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка меѓу малолетници во автобус на ЈСП

Во автобус на ЈСП, број 74 на булеварот Кочо Рацин, вчера се случила тепачка меѓу малолетници. Според пријавеното, се работи за физичка пресметка помеѓу А.Е.(18) и малолетник од с. Горно Количани, од една страна, и двајца малолетници од с. Долно Количани, од другата страна. Според МВР, причина за пресметката било претходно меѓусебно нетрпение. Сочинети се […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен македонски државјанин кој во име на ИСИС подготвувал терористички напад во Германија

Германската полиција уапсила три лица, двајца со турско и еден со македонско потекло, под сомнение дека во име на ИСИС подготвувале терористички напад со бомба во градот Офенбах, јавува „Еуроњуз“ на турски јазик. Обвинител од Франкфурт, кој го води случајот, посочил дека станува збор за 24-годишно момче со потекло од Македонија и дека тоа е […]

______________________________________________________________________________________________________

54 годишен Скопјанец починал на улица

На улицата „Среќко Пужалка“ вчера бил пронајден починат 54-годишниот А.А од Скопје, соопшти МВР. Врз починатиот немало траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Таксист од Скопје нападнал жена откако се скарале

На 11.11.2019 во 05.10 часот во СВР Скопје, Т.С.(41) од Скопје пријавила дека околу 04.45 часот на ул.„Борис Трајковски“, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице кое управувало такси возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за пукањето на Бит Пазар: Едно лице рането

Вчера вечер на Бит Пазар беше пријавено пукање, каде едно лице било рането, по што завршило на Клиника. „Вечерва околу 20.00ч на улица 192 на Бит Паза пријавена кражба при која е испукан проектил од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш. (42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс Клиники за укажување на лекарска […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 12-годишно девојче во Скопје

Исчезна 12 годишно девојче од Центарот за социјална работа. Според информациите на МВР, вчера во 14.00 часот во Полициска станица Драчево, старател од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје-Центар, пријавила дека од домот се оддалечила А.Б.(12), за која се претпоставува дека е со нејзината постара сестра М.Б. Се преземаат мерки за пронаоѓање […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен пешак во Ново Лисиче

Пред малку е прегазен пешак во скопската населба Ново Лисиче, дознава „Сител“ Според очевидците, пешакот е тешко повреден, на местото на несреќата веднаш пристигнала Брзата помош. Наскро повеќе детали.

______________________________________________________________________________________________________

Семејна драма поради имот – тетовец нападнат од роднини

Тетовец бил нападнат од соите роднини по расправија околу имотни прашања, информира МВР. „Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово, 33-годишниот И.Р. од Тетово пријавил дека околу 14:30 часот во неговиот дуќан во Градскиот трговски центар во Тетово, по кратка расправија околу имотни прашања, бил нападнат со употреба на остар предмет од неговите роднини, 29-годишниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец се заканувал преку лажен фејсбук-профил, па заработил кривична

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Л.Л.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Пријавениот, подолг временски период преку лажен фејсбук профил упатувал закани кон Д.Л., од дебарското село Броштица.

______________________________________________________________________________________________________

Тепачка во средно училиште во Скопје- малолетник натепан од соученици

Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Ј.М. (50) од Скопје пријавил дека околу 12.00 часот во двор од средно училиште во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава за извршителка, осомничена дека ја злоупотребила службата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.К.(46) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информацијата од МВР, во периодот од 2017 до 08.02.2019, пријавената, во својство на извршител за подрачјето на Основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, постапила спротивно на пресудата од Основен […]

______________________________________________________________________________________________________

НОВИ ДЕТАЛИ: Почина и тешко повредениот во сообраќајката на патот Неготино- Демир Капија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино- Демир Капија каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот. Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на село Тремник, при директен судар […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за сообраќајката на патот Неготино-Демир Капија: Едно лице загина

Едно лица загина, а друго е тешко повредено во сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, потврди директорката на Здравствениот дом во Кавадарци, Билјана Филипова. Според Филипова, тешко повреденото лице, од кавадаречката болница е пренесено на скопските клиники. Како што претходно информира МВР, се судриле џип „хјундаи” и „голф”.

______________________________________________________________________________________________________

Почина бебе старо само 40 дена

Вчера околу 07.00 часот во Полициска станица Драчево, од Итна медицинска помош било пријавено дека во домот на улица „Пат за Китка“ починало машко бебе старо околу 40 дена, од татко И.М.(32) и мајка Р.М.(23), двајцата од Скопје. Од страна на лекар е констатирана смрт, без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител […]

______________________________________________________________________________________________________

Се запали трафостаница во Битола: Повредени неколку работници

Вчера околу 15.00 часот во СВР Битола било пријавено дека околу 14.30 часот во атарот на селото Новаци, при изведување на работни задачи во трафостаницата 400/110 kW – Битола 2, настанал пожар на прекинувачот, при што била опожарена дел од опремата за работа, а повредени биле и неколку работници. Според пријавеното, И.Г., Ѓ.Ј., Б.Ј. и […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија: Старец паднал во шахта и починал

Тетовец на возраст од 77 години починал по пад во водоводна шахта, информира денеска СВР Тетово. Настанот се случил вчера во дворот од неговата куќа. Полицијата информира дека околу 11 часот и 30 минути вчера во СВР Тетово пријавено е дека 77-годишниот Ј.Р. паднал во водоводна шахта во дворот од неговата куќа на улица „Коле […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1