Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Два дена го нема: Исчезна тинејџер

Вчера во 11.00 часот во полициската станица Куманово, М.С. од село Младо Нагоричане, кумановско, пријавил дека неговиот 17- годишен син на 16.04.2017 година околу 11.00 часот заминал од дома и до моментот на пријавување не се вратил дома. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Кражба во стан во Скопје на Велигден – им собрале пола милион денари

Од стан во Скопје на ул.„Ташко Караџа“ сопственост на скопјанецот М.С.(36) вчера, на ден Велигден укадени се накит и други вредни предмети во износ од околу половина милион денари. Како што информира МВР во дневниот билтен, станува збор за тешка кражба која непознат сторител ја извршил така што со употреба на погоден алат ја отворил […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезна 13-годишна струмичканка

Струмичката полиција трага по тринаесетгодишно исчезнато девојче. Нејзиното исчезнување вчеравечер во 21,00 часот во СВР-Струмица, го пријавил нејзиниот татко А.З. (30) од Струмица. Според таткото истиот ден околу 15,00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата малолетна ќерка на возраст од 13 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец прегазил пешак, влегол во маркет и продолжил да вози- има неколку повредени

Неколку лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила на бул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, вчера наутро околу 07,40 часот. Управувајќи „опел астра“ со скопски регистерски таблици, Ќ.О. (42) од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје. По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и […]

______________________________________________________________________________________________________

Му ги оставила двете деца на дедото, по што ѝ се губи трага

Вчера наутро во 08,00 часот во полициската станица во Гостивар, Р.И. (46) од с.Градец, кој живее во Гостивар, пријавил дека кај него дошла на гости неговата ќерка А.М. (19). Претходната вечер околу 22,00 часот, неговата ќерка се оддалечила во непознат правец, оставајќи му ги двете малолетни деца. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

______________________________________________________________________________________________________

Teлото го пронашле дури денеска: Гостиварец загина во тешка сообраќајка

Педесетгодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа, откако вчера десетина минути по полноќ со своето возило излетал од локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Куново и Беловиште и паднал во бездна. Како што соопшти полицијата, гостиварецот од излетувањето добил тешки телесни повреди, на кои подоцна им подлегнал. Телото на починатиот го пронашле случајни минувачи вчера, […]

______________________________________________________________________________________________________

Пријава до МВР – „ќе се бомбардира Судот во Тетово, големa количинa експлозија има внатре“

Триесет и деветгодишната тетовка Н.Ј, денеска околу 8 часот и 40 минути пријавила во Полициската станица Тетово дека утрото кога влегла во нејзиниот деловен објект ( адвокатска канцеларија ), лоцирана на улица „Струшка“ во Тетово, на подот забележала писмо. Го подигнала, отворила и во него се наоѓал лист хартија на кој рачно, со кирилично писмо, […]

______________________________________________________________________________________________________

Со таблици од „застава“ возел „мерцедес“ – направил сообраќајка, си заработи кривична

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Д.(45) од с.Јурумлери, скопско, за фалсификување на исправа и против Т.Т.(55) од истото село за помагање. На 20 септември минатата година околу 16.00 часот Ј.Д. отишол во дворот на Т.Т., каде биле паркирани повеќе возила пред лимарскиот сервис. Ј.Д., откако добил дозвола од сопственикот на сервисот, Т.Т. извршил отштрафување […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет деца и жена исчезнаа во еден ден

Скопската полиција извести дека вчера социјален работник во домот „Ранка Милановиќ“ пријавил дека Е.Е. (19) од Берово, Н.Д. (20) од Чашка, С.Р.(18) од Скопје, 14-годишник од Кочани и 17-годишник без постојано место на живеење, сите штитеници на домот, самоволно го напуштиле домот. Истиот ден во МВР, М.М.(54) од Куманово пријавил дека од дома во непознат […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тешка сообраќајка во Охрид, загина момче

Дваесет и шест годишно момче утринава го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Питу Гули“ околу 5:30 часот. Од полицијата информираат дека Д.Ј. управувајќи автомобил „Форд Мондео“ изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, при што починал на лице место. Во автомобилот бил сам. Полицијата во моментов врши увид на […]

______________________________________________________________________________________________________

Телото на Дамјан Неделковски пронајдено во река

Телото на 35 годишниот Дамјан Неделковски кој се водеше за исчезнат од ноември минатата година е пронајдено во неделата во река во Северна Дакота. Телото е пронајдено од локален рибар во реката Канонбол. Аутопсијата на телото не покажала никакви повреди, па затоа властите не се сомневаат дека станува збор за убиство, иако засега причината за […]

______________________________________________________________________________________________________

Затвореник со компромитирачки слики уценувал семејство од Тетово

Осуденик од штипскиот затвор, ученувал 40-годишна тетовка, но и нејзиниот сопруг од кои за компромитирачките фотографии од жената барал компензација од 3.000 евра. Истрагата утврдила дека жената сама му ги пратила фотографиите на затвореникот. Тој пак, за да спечали пари, прво неа ја уценувал, а потоа нејзиниот сопруг, кој пак исплашен за да не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Силувана старица – за да се одбрани со тесла го удрила силувачот

Седумдесет и три годишна жителка на село во близина на Македонски Брод вчера била силувана во нејзиниот дом од соселанинот И.М.(32). -Тој тропнал неколку пати на вратата и кога истата му отворила отворила влегол во собата и почнал присилно да врши обљуба врз неа, нанесувајќи и повреди по целото тело. Оштетената цело време давала отпор. […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Со ташна полна евра сакала да ја напушти Македонија

Во текот на минатата недела, царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ откриле два обиди за криумчарење девизи. Македонски државјанин со полни џебови франци сакал да влезе во државата, а македонска државјанка, пак, се обидела да ја напушти македонија со 1850 евра за кои немала потврда за потеклото. „Во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар […]

______________________________________________________________________________________________________

Алфите го опколија скопско Раовиќ, уапсени браќа што пукале со пушка пред 3 годишно дете

Вчера околу 09.30 лицето во ЕИК-Скопје, А.Н.(29) од с.Раовиќ-Скопје, пријавил дека додека се движел со патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ по локалниот пат од с.Буковиќ кон с.Раовиќ, во кое возило биле неговата сопруга и тригодишното дете, од страна на друго патничко возило “Фолксваген Голф“ му бил попречен патот. Кога запрел со движење, според пријавата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Штип: Внук се маскирал со черга и се обидел да ги ограби бабата и дедото

Вчера околу 00,30 часот во Штип, непознато лице со употреба на сила и подесен алат го скршило стаклото од влезната врата од куќата сопственост на С.М.(77) и П.М.(74), влегол внатре и ставил черга врз главата со која го прекрил лицето. Потоа се упатил во собата каде што спиеле оштетените и бидејќи истите слушнале тропање и […]

______________________________________________________________________________________________________

Млада штипјанка ограбена, ја удрил и ја соборил на земја

Физички е нападната и ограбена деветнаесетгодишна девојка од штипското село Таринци од непознато машко лице, додека синоќа во 20:30 часот се движела по ул. „Радански пат“. Во Полициската станица во Штип девојката пријавила дека додека се движела по улицата и разговарала на мобилен телефон, напаѓачот одзади со рака ја удрил во пределот на главата, од […]

______________________________________________________________________________________________________

Запален автомобил на „Партизанска“ – изгоре цел

Вчера во 06.53 часот во ПС ОН-Струга, пријавено било дека на ул.„Партизанска“ непосредно до фудбалскиот стадион ,,Караорман“, опожарено било патничко моторно возило „СААБ“, без регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од ТППЕ-Струга, а увид на лице место извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи -Струга, при што е констатирано дека возилото во целост е опожарено, […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1