Крвава тепачка во позната скопска кафеана


Вчера во 21.30 часот во Скопско поле-Скопје, во угостителски објект три непознати лица со безбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќе гости кои седеле во објектот.bar-tepacka-1-1100x619-55818

Напаѓачите ги удирале во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле лицата Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од с.Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје.

Никој од повредените досега не побарале лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1