Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Мртов маж пронајден зад „Буњаковец“

Вчеравечер во 21,10 часот во полициската станица ОН-Центар телефонски било пријавено дека на ул. „Иван Милутиновиќ“ непознато машко лице на возраст од околу 60 години лежело во бесознание и не давало знаци на живот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка и ќерка одмрзнувале плинска боца која експлодирала – двете со тешки повреди пренесени во болница

Две битолчанки, 17 годишна девојка и нејзината 53 годишна мајка, се тешко повредени во пожар предизвикан од експлозија на плинска боца на улицата Пореч во Битола, пренесува Канал 5. Во тешка состојба двете веднаш се хоспитализирани во битолската клиничка болница со изгореници од втор и трет степен и зафатеност над 30% во пределот на лицето, […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена се задушила од јаглен моноксид

Причина за смртта најверојатно е труење со јаглен моноксид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а телото на почината ќе биде предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнаа внук и брат

Жител од прилепското село Житоше вчера во полиција пријавил дека пред три дена од семејниот дом излегол неговиот брат, 57-годишниот Ќ.З. кој дента околу 8.30 часот тргнал кон Градската болница во Прилеп за да да прими терапија, бидејќи лице со ментална попреченост и констатирана болест епилепсија, но не се вратил. Истиот ден М.И. (38) од […]

______________________________________________________________________________________________________

Австралиски Македонец пронајден мртов во охридско

Вчера околу 18:30 часот во сопствената куќа во охридското село Лескоец е најден починат 66 годишниот П.В., кој бил државјанин на Македонија и Австралија. – Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле јавно обвинителство и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на јавен обвинител, […]

______________________________________________________________________________________________________

Им влегле со пушки – хорор трета смена за вработени од Скопје

Вооружен грабеж се случил вчера на улицата Лазо Трповски во Скопје. Во 17 часот и 13 минути во полиција било пријавено дека во Скопје во спортска обложувалница „Златна копачка“, две непознати лица маскирани со шалови на главите, од кои едниот вооружен со пиштол, а другиот со автоматска пушка, извршиле разбојништво. Полицијата информира дека насилниците од […]

______________________________________________________________________________________________________

Љубовна драма во Гостивар: Тетовка грабната од поранешниот љубовник

Надворешната канцеларија за кривични работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д. (40) од село Жеровјане поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“. На 5 ноември 2016 година во 23:30 часот на ул. “Живко Брајкоски“, во Гостивар пријавениот дошол со своето возило пред угостителски објект каде што била оштетената од Тетово во друштво со […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор на Божиќ во светиниколско Сопот: Изгоре човек во пожар во својот дом

Вчера околу 09,30 часот во село Сопот- светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија. При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагедија: Млад прилепчанец пронајден мртов на Божик

Вчера а во 15,45 часот во Прилеп поточно во објект од поранешно инфективно одделение, било пронајдено починато лице. Смрт била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица-Прилеп, при што било констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. […]

______________________________________________________________________________________________________

Украле сеф од пошта, не успеале да го отворат и го оставиле

Непознати сторители вчера или завчера ја исекле железната решетка и насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата од поштата во струшкото село Велешта по што влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф. Како што информира МВР, потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасен животот на премрзнат човек во Делчево

Премрзнат човек најден во месноста Брежјето во Делчево е спасен благодарение на брзата интеревенција на Итната медицинка служба. Според информацијата од делчевската Итна медицинска служба станува збор за 57-годишен жител на Делчево кој пред неколку часа отишол да ја нахрани стоката и не се вратил дома, а најблиските го нашле паднат во вода, целиот воден […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонец фатен со 105 илјади евра скриени под блуза (ФОТО)

Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје вчера спречиле обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра, соопшти Царинската управа на Македонија. На аеродромот „Александар Велики“, вчера за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот, во појасот под блузата […]

______________________________________________________________________________________________________

Големо апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 12.30 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“- Скопје, при пасошка контрола било констатирано дека лицето М.Љ. (32) од Илинден-Скопје евидира со мерка „АПСИ“. Тој е лишен од слобода и во 14.50 часот е предаден на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка. Истиот ден во 05.40 часот на аеродромот при пасошка контрола […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Скопски саем

Сообраќајна несреќа се случи пред малку на мостот во близина на Скопски саем. Од сообраќајката има повредени лица и материјална штета. Во сообраќајката учествуваа две моторни возила, односно такси возило марка „рено“ и автомобил марка „форд фиеста“. Сообраќајот во моментов се одвива отежнато само по една коловозна лента, односно останатите три ленти на булеварот се […]

______________________________________________________________________________________________________

11 годишно девојче од Скопје приморувале на брак, ја натерале и на сексуални односи

Вчера во 12.15 часот во ПС ОН Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29 декември околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдена мртва жена во Вардар

Женско лице на возраст од 60 до 70 години е пронајдено вчера во 12:55 часот во грмушки на десниот брег од реката Вардар. Екипа на Противпожарната заштита го извадила телото, а Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирала смрт. Не се забележани физички повреди, ниту се пронајдени лични документи […]

______________________________________________________________________________________________________

Спречена катастрофа во центарот на Скопје: Изгоре само сервис за плински уреди зад „Дрводекор“

Во пожарот што избувна денеска околу девет часот зад „Дрводекор“ во центарот на Скопје, изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија. Ѕвонко Томевски, командант на бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА за изјави дека во пожарот нема повредени лица. – Пожарот е локализиран и […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во штипскиот затвор: Затвореник го силувал цимерот

Вчера во 03.20 часот во ПС Штип надзорник во казнено поправниот дом ,,Затвор“ Штип пријавил дека настанала тепачка помеѓу затворениците Т.М. (31) и Р.Џ. (26), двајцата од Струмица. Од страна на полициски службеници, кои излегле на местото на настанот, утврдено е дека истиот ден околу 03.00 часот додека Т.М. спиел во ќелија Р.Џ., кој бил […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1