Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Баба со закани до пола училиште, зошто внукот бил преместен од одделение

НК за КР Берово поднесе кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Во вторникот, на 24 јануари, пријавената преку телефонски пораки се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук. Пријавената го сторила делото поради тоа што од страна на одделенскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Дебар: Седумгодишник со кујнски нож го прободел братот поради игра на компјутер

Во дневната соба настанала расправија помеѓу 14 годишно и седумгодишно момче–браќа по мајка, поради игра на компјутер. Во расправијата седумгодишникот со кујнски нож го прободел постариот брат од задната страна на грбот, под десната плешка, информираат од полицијата. Повреденото момче сосетката го однела во Клиничкиот центар Дебар од каде, по укажаната медицинска помош со возило […]

______________________________________________________________________________________________________

Апсење на Табановце – шверцувале марихуана во плинска боца и во рамки за прозор (Фото)

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 18 килограми марихуана. На 25 јануари 2017 година, околу 6:00 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од лицето П. Ш., албански државјанин. На прашање на царинските […]

______________________________________________________________________________________________________

Полиција на нозе – исчезна ученичка од Штип

Во 17 часот и 30 минути во Штип, несреќен татко пријавил дека му исчезнала малолетната ќерка. Се работи за 44-годишниот М.М. од селото Шашаварлија кој се јавил во полиција и пријавил дека исчезнала неговата малолетна тринаесетгодишна ќерка. Полицијата информира дека девојчето во 06 часот и 30 минути неговата малолетна ќерка со комбе заминала на училиште, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѕвона тешки 140 килограми украдени од манастир во кочанско

Две ѕвона изработени од месинг тешки по 70 килограми се украдени од манастирот „Св. Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј. Непознатиот сторител кражбата ја извршил во периодот од 20-ти до 21-ви јануари, а од црквата случајот во полиција бил пријавен во текот на вчерашниот ден. Од МВР информираат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на […]

______________________________________________________________________________________________________

Момче и девојче нападнати на Партизанска

Шеснаесетгодишно девојче и нејзин петнаесетгодишен другар вчера биле нападнати од непознат сторител на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје. Разбојникот им пришол зад грб, во влез од зграда. Го удрил девојчето со тупаница по лицето, а потоа со закана со нож им одзел два мобилни телефона и 770 денари по што заминал во непознат правец. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Жртва во Куманово – се лизнал на мразот, паднал и загинал на лице место

Нерасчистените улици и тротоари во Куманово денеска ја зедоа првата жртва. 74-годишниот Сефедин Ибрахими се лизнал на мразот, паднал и загинал на лице место. Неговото безживотно тело час и половина лежело на мразот, додека полицијата вршела истрага. На местото на настанот пристигнала и медицинска екипа, која само ја констатирала неговата смрт. Семејството е револтирано поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар во Скопје: Гореше „Супер Тинексот“ на „Првомајска“

Утрово пожар избувнал во супермаркетот „Супер Тинекс“ на булеварот Борис Трајковски, кај Расадник, информира Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарот набргу бил изгаснат од пожарникарите кои стасале со три возила. Предизвикана е само материјална штета.

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во тетовско: Го пикнал во своето “БМВ“, го избодел и го ограбил

Ноќеска, 20 минути по полноќ, во с.Боговиње, тетовско, А.Н. извршил разбојничка кражба над М.И.(33) од с.Добридол, гостиварско. М.И. со сопственото патничко моторно возило бил паркиран во близина на амбулантата и во еден момент до него се паркирало возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Од возилото излегло непознато лице, кое се претставило како А.Н., и го […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете претепано со метални шипки во Скопје

Во 19 часот и 15 минути во полиција во Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урадаревски“, 12 годишен малолетник додека се движел со своите другари, бил физички нападнат од страна на неколку малолетници при што едно од нив со метална шипка го удрило во пределот на главата. Истиот бил пренесен во Ургентниот центар Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Згазена жена во Скопје – додека вадела работи од гепек

Жена од Скопје вчера околу 15.30 часот била повредена на улицата Воин Драшковски. Таа вадела предмети од гепекот на своето возило. Во еден момент во неа удрило „пежо 206“ со скопски таблички управувано од П.М. (32) од Скопје. Повредената М.М. (68) од Скопје била пренесена во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдена мртва баба, причините не се познати

Вчера попладне во 18,50 часот во ЕИК-Скопје, Т.К. пријавил дека во с.Варвара-Скопје била пронајдена почината П.В. (81) од с.Варвара. Причините за смрта сеуште се непознати, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Љубовна драма во Скопје: Кривопаланчанец со боксирач нападнал црногорец

Денеска околу 00:30 часот во Скопје на бул. “Кузман Јосифоски-Питу“ И.Ц. (38) од Крива Паланка физички го нападнал Л.Р. (19) од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата. Веднаш по нападот напаѓачот со возило го напуштил местото на настанот. Околу 01.00 часот истиот бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема трагедија во Македонија: Мртво бебенце донесено во болница

Вчера во 07 часот и 20 минути во Виница се случила огромна трагедија кога од лекар од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во селото Истибања, на К.П, во која како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј. починало нивното бебе – новороденче родено на 13.01.2017 година. Полицијата информира дека екипа од Брза помош констатирала […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовка ограбена во влез на зграда

Вчера попладне, околу 17.30 часот 18-годишна тетовка пријавила дека на улицата Крсте Асенов, поточно во влез од зграда непознато лице и пришло од зад грб, ја турнало и со тупаница ја удрило во пределот на лицето. По ова, тој и го украл мобилниот телефон и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и […]

______________________________________________________________________________________________________

Две возила излетале на патот Маврови Анови-Дебар

Едно возило завршило во водите на реката Радика, откако претходно излетало од коловозот кај месноста „сенечки ливади“ на патот Маврови Анови-Дебар, а друго се првртело на покрив при што четири лица се полесно повредени. Според информациите на СВР Тетово, утрово околу 7 часот, екипи на „Македонија пат“ кои работеле на расчистување на снегот по регионалниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор во Македонија: Татко со месеци ја силувал ќерката

Вчера во 12,00 часот во ПС-Кичево, 24-годишно женско лице од село во О.Пласница, пријавила дека во нивниот дом во последните два месеци, а последен пат на 16 јануари година околу 06,40 часот, од страна на нејзиниот 55-годишен татко и било извршена обљуба. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево. Бидејќи лицето било […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец пронајден мртов покрај возило кај Раштански пат

Четириесет и двегодишен скопјанец со прострелна рана во главата е пронајден мртов покрај возило на обиколницата кај надвозникот за Раштански пат. Полицијата денеска соопшти дека 42-годишниот З.Џ. е пронајден вчера во 17:15 часот, а покрај него имало пиштол. Од страна на полицијата било излезено на местото на настанот и извршен е увид од страна на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1