Archive | Македонија RSS feed for this section

22 нови случаи на Ковид-19 во нашата земја

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1. Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет години од настаните во кумановско Диво Насеље, одржана панихида за загинатите полицајци

Во Соборниот  храм „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за осумтте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во  вооружената престрелка  во кумановско „Диво Насеље“ што се случија на 9 и 10 мај во 2015-та година. Панихидата ја организираше група бранители од Куманово, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. -Група бранители […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева: Не сум виновна, пари немам земено – Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева во својот исказ пред судот потврди дека побарала укинување на притворот за осомничените во предметот “Империја” во кој е и рекетираниот бизнисмен, Орце Камчев. Рече дека до судот СЈО доставило предлог за укинување на притворот за осуммина осомничени во предмети кои ги водело специјалното обвинителство, но одлуките дали притворот ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на литијата во Струга

Струшкото обвинителство ќе ги сослушува свештениците кои ја организирале Литијата а ги побарале и снимките од безбедносните камери на околните објекти. Обвинителството отвори предмет за масовното присутво на граѓаните на струшката Литија. Ќе ги идентификува лицата и ќе утврдува дали граѓаните присуствувале самоиницијативно на настанот. Побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата […]

______________________________________________________________________________________________________

33 нови случаи на коронавирус во земјава

Денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани 1572 лица. Оздравени се 22 пациенти – почина едно лице Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2. На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска потврдени 13 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 44 пациент, починаа 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата ја прифати оставката на Ден Дончев

По оставката на Ден Дончев, празно останува директорското столче во фондот за здравствено осигурување. Од владината прес служба велат дека на синоќешната седница, била прифатена оставката на Дончев ама немало дебата кој да го замени на функцијата. Според информациите, за тоа ниту се разговарало ниту пак бил понуден предлог кој во иднина да раководи со […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработен во Општина Кисела Вода заразен со коронавирус, донесени препораки од кризниот штаб

Вработен во Општина Кисела Вода бил заразен со вирусот Ковид-19, а петмина вработени, кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин, информираат од општината. Градоначалникот Филип Темелковски и кризниот штаб на денешниот состанок донеле препораки како за вработените така и за жителите на Општината. За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден Дончев поднесе оставка од директор на Фонд за здравство

Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев си поднесе оставка. Информацијата за Слободен печат ја потврди Дончев, а причините за оставката вели дека се семејни и здравствени. Името на Дончев се поврзуваше со аферата наречена „Рекет“ 2 во која сопственичката на „Диамед“ го обвини дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

„Ер Франс“ објави дека сите патници на нивните летови мора да носат маски

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ објави дека сите патници на нивните летови од 11 мај ќе мора да носат маски согласно препораките од француската Влада за заштита од новиот коронавирус. Од „Ер Франс“ соопштија дека патниците ќе мора да имаат свои маски и мора да ги носат во текот на целиот лет. Некои други авиокомпании како […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија прва по смртност од коронавирус во соседството

Македонија повторно е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и починати лица од коронавирусот. Во соседството, нашата држава е на неславното прво место. Имаме најмногу смртни случаи во споредба со Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Косово, сите соседни земји, на починати на еден милион жители. Меѓу земјите од регионот, пак, само […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарот Михајлоски: Битката ја добив, војната ја изгубив – татко ми почина

Новинарот и уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски кој беше позитивен на корона вирусот, преку својот профил на Фејсбук во детали ги опиша деновите како се справувал со опасната болест. Тој се заблагодари на сите медицински лица за помошта додека се борел со болеста и апелираше да се носат маски и да се држи растојание. […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: Следната недела почнува скрининг тестирање за коронавирус

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), […]

______________________________________________________________________________________________________

Прв пациент со Ковид-19 во Македонија тргнат од респиратор

Пациентот заразен со корона вирус е роден 1983 година. Тој поминал 12 дена на респиратор, по што е исклучен од респираторот поради подобрување на неговата состојба со корона вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје денеска претпладне од респираторна поддршка е исклучен пациент кој пред три недели бил примен во тешка состојба, дознава […]

______________________________________________________________________________________________________

Драган Вучиќ погребан на градските гробишта во Бутел – сопругата не успеа да се збогува за последен пат

Денес на градските гробишта во Бутел беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ, кој вчера почина како последица од корона вирусот. Како што налага протоколот, на погребот присуствуваа неговиот син Мартин со сопругата и уште тројца членови од семејството. Сопругата на Драган, Весна не присуствуваше на погребот. Подалеку и на растојание имаше и околу […]

______________________________________________________________________________________________________

Границите остануваат затворени најрано до крајот на мај

До крајот на месецот Македонија нема да ги отвори границите, потврдуваат здравствените власти. Кога граѓаните ќе може да патуваат надвор од државата и под кои услови се уште не е прецизирано. Ова ќе биде тема на разговор и на попладневната кординација на министрите за здравство од регионот со претставници на СЗО, пред утрешниот ЕУ совет. […]

______________________________________________________________________________________________________

Мартин Вучиќ низ солзи: Не можеме ниту да го испpaтиме тaткo ми како што треба, поради тоа злo

Веста за cмpтта на неповторливиот Драган Вучиќ утрово ја потpeсе македонската јавност. На социјалните мрежи почнуваат да се нижат пocледни поздpaви, cвeдoчejќи за тpaгата што нашиот кантавтор и ТВ водител ја ocтава зaд ceбе. Како што објави Slobodenpecat.mk, повикувајќи се на извори од Инфeктивната клиникa во Скопје, Вучиќ пoчинaл ноќecка, откако деновиве бил xocпитализиран во […]

______________________________________________________________________________________________________

Сопругата на Драган Вучиќ е исто така позитивна на коронавирусот

Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Тој бил позитивен на вирусот Ковид-19. На Инфективната клиника Вучиќ, кој беше дијабетичар, бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Блиски на семејството Вучиќ велат дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која засега нема никакви […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1