18/07/2014 13:57
•
Posted by: MK News
Скопско точено 4 х 0,4л + 2 гратис – 200 ден. Скопско точено 0,4л – 50 ден. Скопско лименка 0,5л – 60 ден. Скопско радлер лименка 0,5л – 50 ден. Heineken лименка 0,5л – 100 ден. Amstel лименка 0,5л – 70 ден. Скопско пластика 1,5л – 150 ден. Горско пластика 1,5л – 100 ден. Златен […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 11:46
•
Posted by: MK News
Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Небојша Стефановиќ и Гордана Јанкулоска потпишаа меѓувладин договор со кој се признаваат возачките дозволи на двете држави. Со договорот, возачите од двете држави при патувањето не ќе треба да поседуваат и меѓународни возачки дозволи. „Овој договор ќе овозможи на граѓаните да минуваат без посебни процедури од една […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 11:39
•
Posted by: MK News
Во Канцеларијата за исчезнати лица на Австралија пријавено е дека од 11 јули семејството нема никаква информација за тоа каде би можел да биде Давид Јосифовски, пренесува мкд.мк. Тој утрото на 11 јули околу 6,30 часот бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион, и оттогаш нема никаква информација […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Десетина жители од Штипското село Селце завршија на Инфективно одделение во Штипската клиничка болница. Причината за тоа е пиењето на бактериолошки неисправна вода. Станува збор за вода од природните чешми која, спротивно на препораките, жителите ја користеле за пиење: -Мостри од водата се земени во два наврата и во двата случаја се покажа присуство на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Три нес кафиња и три кока коли вкупно чинат 120 денари во Богданци. Во градот кој има само три кафулиња, цената на пијалаците е и повеќе од промотивна, додека во поголемите градови цените вртоглаво растат и достигнуваат и до 150 денари. Фото: Прес 24
______________________________________________________________________________________________________
18/07/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот Во Скопје дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 22:51
•
Posted by: MK News
Во скопската населба Капиштец, општина Карпош, дрвја паднале од старост оштетувајќи неколку возила. За среќа, какко што велат очевидци, била избегната поголема несреќа, затоа што тука до само неколку моменти претходно си играле деца, јавува Република. Се работи за паркот на улица Јуриј Гагарин, на паркингот пред зградата 33. Несреќата се случила по 19 часот, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 15:51
•
Posted by: MK News
Да се биде човек, да се спаси друг живот и во најтешките моменти, кога најблискиот го напушта овој свет е дело за почит. Не ја преживеа тешката сообраќајка, но им подари живот на двајца браќа од Скопје. 33 годишниот скопјанец во неделата починал на КАРИЛ. Имал мозочна смрт, а органите му биле здрави. Семејството иако скршено од […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 15:43
•
Posted by: MK News
Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 15:41
•
Posted by: MK News
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски стана татко на син. Бебето тежи 3.500 грама, долго е 51 cм и ќе се вика Натан. Попоски и сопругата веќе се родители на една ќерка, а Натан е нивното второ дете. NetPress
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 15:36
•
Posted by: MK News
Сопругата на убиениот македонец Џон Гашовски од Австралија, Џеки, за прв пат побара од јавноста да и помогне во потрагата по убиецот. Пред медиумите таа ја сподели болката на семејството. Бизнисменот Џон Гашовски по потекло од Битола исчезна на 9 јуни и по неколку дена беше пронајден мртов на планината Џамберо јужно од Сиднеј. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 15:33
•
Posted by: MK News
Апелациониот суд ја потврди пресудата за случајот „Расколник“ во кој е обвинет расчинетиот владика Јован Вранишковски. Според првостепената пресуда, Вранишковски беше осуден на казна затвор од три години за перење пари. Апелација ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована. И за останатите обвинети следбеници на православната охридска архиепископија меѓу кои и неговата мајка и сестра […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 14:31
•
Posted by: MK News
Фејсбук статус на претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ: Денешниот исклучително долг и напорен ден ми донесе огромно разочарување во некои луѓе кои ги сметав за многу блиски и за кои глава во торба ставив за да им помогнам да бидат тоа што се. Нека им служи на чест што толку брзо заборавија […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 14:28
•
Posted by: MK News
Координативниот организационен одбор за случајот Монструм со претседавачот Бедри Ајдари повикува на нови протести во петок, јавуват медиумите на албански јазик во земјава. Ова е првиот од серијата протести зад кој стои и официјален организатор, а во повикот бараат поддршка од сите Албанци „да продолжат со мирните протести, со кои, според нив, се демаскира […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 13:00
•
Posted by: MK News
Деновиве селото Пештани доби нов, модерен, партерно и хортикултурно уреден кеј, кој се протега на потегот од рибниот ресторан до објектот на поранешната полициска станица. Градежните активности започнаа пред нецел месец, со изградба на потпорниот ѕид кој со сопствени средства го финансираше локалната самоуправа, пишува Ohridnews. Следуваше изградба на пешачка патека, поставување водоводен систем за […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Пакомак и оваа година ќе биде присутен на фестивалот на пивото во Прилеп кој ќе се одржи овој викенд со цел да влијае врз свеста на посетителите за зачување на околината. За 7 празни пластични чаши или за 3 стаклени пивски шишиња кои ќе бидат донесени на нивниот штанд добивате купон за гратис точено пиво: Златен Даб, Скопско или Каменица. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Од локалната самоуправа информираат дека до надлежните во општината пристигнале поплаки од жители од Месна заедница Стар град дека е изграден дополнителен крак на „ Мостот на желбите“ . При тоа од локалната потенцираат дека кракот не е предвиден во ниту еден урбанистички план и дека е дивоградба, исто како и самиот мост, јавува OhridNews . – […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Во случај на сообраќајна несреќа, алергија, труење со храна, забоболка бесплатно може да се лекувате во 15 држави со кои Македонија има склучено договор за социјално осигурување. За итна интервенција ова право може да се искористи во Црна Гора, Бугарија и Турција каде најчесто македонците одат на летување, но не и во Грција и Албанија. […]
______________________________________________________________________________________________________