Денес ќе врне ќе истура – најава за ново невреме


Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа се наврнати 13 литри на метар квадратен во Скопје на Зајчев Рид, 12 во Куманово, три во Крива Паланка, Тетово и во Дебар, два во Маврово и еден литар на метар квадратен во Скопје – Петровец и во Штип.

Во другите места каде што се врши мерење наврнатите количини се помалку од литар или, пак, немало врнежи.

dozd_1_7Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во попладневните часови ќе има поинтензивни процеси со услови за појава на невреме со град и силни електрични празнења, особено во северните и североисточните делови каде се очекува да наврнат повеќе од 25  литри дожд на метар квадратен. Преку денот ќе дува умерен ветер од јужен правец кој во Повардарието повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во Скопје во попладневните часови ќе има услови за локално невреме со град, силен ветер и силни електрични празнења. Температурата ќе достигне до 30 степен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1