Прегазен тинејџер во Скопје, се бори за живот


Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје случена е незгода со тешки телесни повреди во 9 часот на бул. „Македонско-косовска бригада“ во која учествувало патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со непознати регистарски таблички, управувано од непознат граѓанин и пешак, роден 1996 година. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.

policijanokni5

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи без возачка дозвола, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 12 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1