10/07/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Најпознатиот готвач на светот, Џејми Оливер, го промовира македонскиот ајвар, со што помогна во продажбата на нашите производи ширум светот. Македонскиот ајвар неодамна е претставен и на глобалниот пазар во Велика Британија, и тоа од британскиот славен готвач Филип Еванс. Овој претприемач го увезува ајварот од Македонија во 13 земји низ светот. – Сечија тетка […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2014 09:35
•
Posted by: MK News
Низ социјалните мрежи се шири повик за контрапротест во петок. Според објавата протестот би се одржал во петок (11.07.2014) пред Владата на Република Македонија. Во повикот се вели дека Македонците треба да изразат протест и да кажат дека не се кираџии во сопствената држава.
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Албански и косовски државјани како и жители на повеќе градови од државата, преку социјалните мрежи, но и медиумите најавуваат дека ќе присуствуваат на утрешниот протест против пресудата во случајот “Монструм”. Според пласираните информации протестот би требало да биде помасовен од оној што се одржа минатиот петок, а во кој беа оштетени судските згради, возила, дуќани […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2014 09:25
•
Posted by: MK News
Радикалните протести што се случуваат немаат никаква поврзаност со Охридскиот рамковен договор, ниту, пак, со меѓуетничките односи, туку напротив организаторите на овие протести ја кријат својата радикална агенда зад параванот на меѓуетнички односи, соопшти вчера владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Таа потенцира дека радикалите сакаат да направат забуна и да мобилизираат повеќе приврзаници. – Тие се свесни […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Јас лично повеќе би ги мавал лицата што манипулираат со протестите отколку да го изразувам гневот кон полицијата, реагира вчера поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема Сулејман Реџепи за случувањата на неодамнешните протести по изрекувањето на судската пресуда за случајот „Монструм“. Во неговата изјава, која вчера беше објавена на интернет-страницата на весникот на албански јазик […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Погребот на починатите лица кои ќе бидат донатори на органи, ќе биде на државен трошок е предлогот во законските измени во Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело, кој денеска мина на првото читање на собраниската комисија за здравство Со нив се предвидува на семејството на умреното лице, кој е дарител на органи […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 23:09
•
Posted by: MK News
Помал пожар избувнал вечерва на третиот кат на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар – Скопје. Според командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Благоја Менковски, од пожарот била зафатена помала просторија – остава. Во помошна просторија на третиот кат се запалиле сунѓер и инвалидска количка. Материјалот од кој биле направени предизвикал […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 20:32
•
Posted by: MK News
Амир Мечевски (19) и Хамлет Хетемовски (21) се двајца од тројцата македонски државјани кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Италија. Како што јави италијанскиот весник „Il Gazzetino“ на своето интернет издание, несреќата се случила вчера околу 21 часот на патниот правец Басано- Муселите, кај месноста Романао Де Зелито. Според весникот, во директен судир на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 20:12
•
Posted by: MK News
Се роди најмалото бебе во Македонија, тешко е 600 грама, а е родено по 24 неделна бременост, објави Канал 5. Поради предвременото породување бебето е на интензивна нега на Клиниката за детски болести. За неговиот развој и здравствената состојба се грижи тим на лекари. Доктор Аспазија Софијанова од Детската клиника објаснува дека раѓањето во почетокот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 20:02
•
Posted by: MK News
Во понеделникот осомничениот за убиството на матурантот Ангел Петковски, Насер Е. дал исказ пред обвинител. Детали не се откриваат, а адвокатот за Канал 5 им потврдил дека останал на првичната одбрана што ја дал и во полиција дека било убиство во самоодбрана. Дали ваквата одбрана има поткрепа и во материјалните докази засега никој не открива […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 19:39
•
Posted by: MK News
Мултинационален контакт центар со седиште во САД планира да отвори претставништво во Македонија со 2.000 работни места. Првите интервјуа на кандидатите се одвиваат во рамки на Саемот за работа, што се одржува денеска во Скопје, чиј домаќин во име на американската компанија е Кабинетот на министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. – Домаќини сме на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 15:22
•
Posted by: MK News
Првпат е донесен нов посебен Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, кој не само што го следи примерот на многу европски земји и земји од регионот, туку во голема мера ќе понуди нови механизми и концепти за сузбивање на семејното насилство. Министерoт за труд и социјална политика, Диме Спасов потенцираше дека овој […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 15:01
•
Posted by: MK News
Петстотини граѓани на Куманово одржаа мирен протест и побараа пресудите за случајот „Монструм“ веднаш да бидат поништени. Ова е втор протест во Куманово во изминативе седум дена, откако беше донесена пресудата во судскиот спор познат како „Монструм“. Дел од присутните најавија дека ќе присуствуваат на големиот протест кој е најавен дека ќе се одржи за […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 11:33
•
Posted by: MK News
Да биде јасно, странските експерти може само да бидат набљудувачи без право да вршат претрес на предметот, да анализираат докази, а уште помалку имаат право да даваат сугестии како да се реши предметот, вели Осман Kадриу, универзитетски професор. Правната процедура во земјава е јасна, случајот „Монструм“ треба да се реши во рамките на нашиот правен […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 11:07
•
Posted by: MK News
Деновиве во медиумите излезе интересна статистика дека половина Македонија игра спортска, а помеѓу сите тие кои среќата си ја бараат во прогнозирање на резултатите од натпревари на Муднијалот секако се издвојува анонимниот супер прогнозер кој одиграл 7+ (повеќе од 7 голови) на полуфиналниот натпревар помеѓу Германија и Бразил. Според тикетот се гледа дека само десет […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 10:42
•
Posted by: MK News
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ денеска ќе ги претстави електромобилите и електровелосипедите на пунктот за изнајмување на овие возила на плоштадот „Македонија“. Цената за едно возење е 50 денари. Електромобилите ќе имаат шофер кој, покрај тоа што ќе вози, ќе биде обучен и како туристички водич, односно ќе ги објаснува знаменитостите на градот. Ќе има опција и оние што […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 10:38
•
Posted by: MK News
Примитивни сајли во вид на стапици демнат како опасност под лисјата, а и грмушките, во парк-шумата Водно. Во нив постојано се фаќаат кучиња, но се уште не и човек. Не се забележуваат, личат на жици замотани во лисјата, па се опасност како за животните што се дел од шумата и за децата што сакаат да […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2014 10:22
•
Posted by: MK News
Македонските мажи не сакаат да користат породилно боледување иако имаат законска можност за тоа. Од многу причини, но најчесто поради традиционалните непишани правила, обврската за повивање, хранење и чување на новороденчето се смета за женска работа. Годинава, отсуство за чување на дете одлучил да користи само еден маж од Кичево. Минатата година оваа законска можност […]
______________________________________________________________________________________________________