20/06/2014 10:35
•
Posted by: MK News
Започна исплатата на К15 во приватните компании. Државниот инспекторат за труд велат дека имаат информации дека во некои фирми во државата почнал да се исплатува регресот за годишен одмор. Оттаму напоменуваат дека обврската на работодавецот за исплата на К15 е до крајот на годината, а доколку не го исплати, по овој период ќе следуваат санкции […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2014 09:59
•
Posted by: MK News
Актерката Емра Куртишова била вратена од аеродромот во Скопје и не и било дозволено да отпатува кај својата сестра во Германија. Актерката е ромка која работи во театарот за деца и младинци. Згрозена од она што и се случило прашува ,,зошто имам пасош ако не смеам да излезам од државата. Еве што на својот фејсбук профил […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 19:58
•
Posted by: MK News
Матичните лекари на подрачјето на Гостивар периодов бележат случаи на деца заразени од егзантема субитум или народски викана „шеста болест“. Вирусот се карактеризира со висока температура и исип по рацете и нозете што посебно ги загрижува и збунува родителите. Педијатрите порачуваат дека нема место за паника, затоа што се работи за детска болест која трае […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 14:07
•
Posted by: MK News
Невидена бура корнеше дрвја и однесе неколку покриви од куќи и во Дојран. Дури и најстарите жителите не паметат вакво невреме. Силен град проследен со дожд и ветер ја уништи втората реколта во дојранските ниви. Невремето кое вчера попладне го зафати овој крај, нанаесе огромни штети на посевите на отворено во дојранските села Николиќ, Црничани […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 13:51
•
Posted by: MK News
Пајак службата попладнево била активна пред Скопскиот суд, каде во моментов се одржува првото рочиште од процесот кој премиерот Груевски го покрена против опозицискиот лидер Зоран Заев за клевета, пишува Прес24. Според неофицијални информации до кои дошол порталот, меѓу автомобилите кои веќе се наоѓаат во депото на Пајакот, биле и оние на адвокатите на опозицискиот […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 11:56
•
Posted by: MK News
Битола беше зафатена од силно невреме и грмежи проследени со обилни врнежи од дожд и град. Во пелагонискиот регион денес неколку пати имаше кратки врнежи на град и пороен дожд проследен со грмежи. Метеоролозите најавуваат дека дождливиот период и облачноста ќе започнат со расчистување од сабота. Фото: Шеталиште
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 11:34
•
Posted by: MK News
Големо невреме по 11 часот зафати дел од Скопје. Обилен пороен дожд проследен со силни грмотевици го отежна движењето на луѓето и на возилата. Нестабилно време се прогнозира и во текот на денот, особено во северните делови од земјава. Foto – Telma
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 11:29
•
Posted by: MK News
Невремето кое вчера го зафати Скопје направи хаос во населбата Кисела Вода. Поради дождот и силниот ветер, на улицата Ѓорѓи Димитров број 21 дрво електричен столб паднаа врз еден автомобил, пишува Скопје Инфо. Поради ова привремено беше прекинат сообраќајот во овој дел од градот. Но, по брзата интервенција на градските служби состојбата брзо се нормализираше.
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 11:20
•
Posted by: MK News
Малкумина знаат дека идејниот творец на легендарниот ветеран-одметник Рамбо е Тед Kочев, режисер и продуцент со богата биографија, чии родители емигрирале во Kанада во 20-те години на минатиот век. Вилијам Теодор Kочев денес има 83 години (роден е на 7 април 1931 година) и с` уште работи во филмската индустрија. Во својата биографија пишува дека […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 11:09
•
Posted by: MK News
Утринава околу 5 часот падна потпорен ѕид во дворот на детската градинка „Кочо Рацин“ – клон Панорама. Потпорниот ѕид се одвои од земјиштето поради обилните врнежи, јавува А1Он. Она што е најстрашно – ѕидот паднал во дворот каде што вообичаено си играат децата од градинката. Среќа во несреќа е што ова се случило во раните утрински […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 10:58
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска треба да гласа за новиот состав на Владата, а мандатарот Никола Груевски пред пратениците се очекува да ја образложи владината платформа. Мандатарот Груевски, за министер за одбрана го предложи досегашниот амбасадор Зоран Јолевски, за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, за правда Аднан Јашари, за надворешни работи Никола Попоски, за финансии Зоран […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 10:53
•
Posted by: MK News
Sorry, something went wrong – ова е пораката која ја добиваат корисницте на најпопуларната социјална мрежа кога ќе се обидат да пристапат до официјалната страница на Фејсбук, пишува Курир Најверојатно станува збор за технички проблем, но во моментот не е објавена никаква изјава поврзана со оваа тема. Ако нешто по 10 часот се обидувавте да […]
______________________________________________________________________________________________________
19/06/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Граѓаните што живеат во Центар ќе можат да пријавуваат проблеми со бучава, загадување и хигиена, најавуваат од општина Центар. Жителите може да се јават секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот на телефонските броеви: 02 3203 614, 02 3203 697 и 02 3203 677. Инспекторите од општина Центар по пријавувањето на проблемот, ќе излезат […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2014 21:30
•
Posted by: MK News
Денеска пред судот се собрани и роднините на обвинетите во случајот „Монструм“, а ним поддршка им даваат педесетина демонстранти кои со транспаренти бараат да се ослободат обвинетите. -Ми остана нејасно кои се лицата што се спомнуваат во обвинението, а кои останаа со неутврден индентитет. Имаме информации дека во случајот се вмешани пратеник, доктор и судија […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2014 18:55
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Филип Стојановски признава дека го натепал лекарот Атип Рамадани од Клиниката за гастроентерохепатологија, затоа што, како што тврди, тој не му дозволил да биде покрај мајка му и да ѝ помогне додека и била вршена пункција на течност од стомакот, а таа била во хепатална кома и не можела да соработува со медицинските лица, пренесува Плусинфо. Стојановски, за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2014 18:28
•
Posted by: MK News
За време на краткотрајниот силен дожд попладнево охридските улици беа под вода. Најмногу насобрана вода имаше во центарот на градот. Градот е под вода при секој посилен дожд поради проблемите со канализационата мрежа. Водата веднаш по невремето се повлекува. Foto – ohridnet.com
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2014 14:32
•
Posted by: MK News
Иако за денеска беше најавена пресуда за случајот „Монструм“, од Судот информираат дека таа се одложува заради здравствени проблеми на судечкиот судија кој неможе да присуствува на објавата. Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата се’ уште се во затвор во Приштина и не се […]
______________________________________________________________________________________________________
18/06/2014 13:35
•
Posted by: MK News
Покиснаа револуционерите додека уметничка слика со бранителите на македонската кауза се транспортира со помош на пикап низ скопските булевари и притоа ги фати и скопскиот дод. Фотографијата е вистински хит на социјалните мрежи. Според некои токму ова уметничко дело треба да виси на ѕидот на некои од музеите во Скопје. Според порталот плус инфо пак […]
______________________________________________________________________________________________________