Archive | Македонија RSS feed for this section

Жан Митрев: Продолжуваме со операции на деца и покрај отказот на Чадиковски

Клиниката „Жан Митрев“ пред дваесетина години го потпиша првиот договор со Фондот за здравствено осигурување за кардиоваскуларна хирургија и оттогаш во континуитет се изведуваат сите видови кардиоваскуларни операции. Досега се третирани над 1.000 вродени срцеви маани кај возрасни и кај деца и бебиња. Моделот за детска кардиохирургија во рамки на Клиниката се одвива без застој. […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со апел за најавениот пеколен бран: Казни до 8 години затвор

Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа МВР апелира до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор. Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: „Рекет” покажа дека законот важи за сите

Случајот „Рекет“ покажа колку повеќе ништо не е исто, бидејќи пред три години граѓаните шепотеа за наводи за рекет и се плашеа гласно да зборуваат, а камоли да соопштат во јавноста, изјави денеска заменик-премиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на велешката касарна за свеченото доделување договори за работа на 125 професионални […]

______________________________________________________________________________________________________

Топлотен бран во Македонија – ССМ бара работодавачите да ги почитуваат мерките

Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение ги повика работодавачите, во услови кога се најавени температури од жолта (алертна) фаза на целата територија на државата, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. -Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: итно проширување на истрагата за Рекет, не само кон извршителите, туку и нарачателите

Најнеспособната и најкорумпирана Влада предводена од аболицираниот Зоран Заев може само да соборува рекорди во однос на скандали во единица време. Криминалната власт никако не може да биде носител на реформи, особено не во правосудството. Македонија тоне на листите на корупција, а заради криминалците кои рекетираат и местат тендери, гледаме дека името веќе не е […]

______________________________________________________________________________________________________

Пекол жешко: Неделава температури и до 41 степен

Сончево и топло со температура до 36 степени, а од утре ќе биде многу топло со температурата што ќе се искачи и над 40 степени, сошто ќе биде активирана жолта, а во некои региони и портокалова фаза. УВ индексот ќе биде висок и изнесува 9. Од УХМР информираат дека денеска времето ќе биде сончево и […]

______________________________________________________________________________________________________

Се јавија од Меѓународниот сојуз на Боки 13: Никој од кај нас не е повикан од органите на прогонот

Меѓународен сојуз денеска испрати соопштение потпишано од потпретседателката Јасна Ерцеговиќ, во врска со како што се наведува во истото „неоснованите и тенденциозни шпекулации кои се пласираат во медиумите и на социјалните мрежи“. „Во интерес на остварување на целите Меѓународен сојуз (МС) стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте измама – праќаат пораки во име на банка

Ве известуваме дека во текот на денот се испратени лажни емаил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил. Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои […]

______________________________________________________________________________________________________

ТАВ Македонија: Бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната трае 10 минути

ТАВ Македонија се огласија за услугата „hug and fly“, која на корисниците им овозможува 10 минути задржување. Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети. […]

______________________________________________________________________________________________________

Извршителите минатата година наплатиле околу 127 милиони евра

Минатата година извршителите наплатиле околу 127 милиони евра од граѓаните, фирмите и другите должници. Ова, според Годишниот извештај на Комората на извршители, е реализирано само од 55,69 отсто од 112.250 барања за извршување. Најмногу пари во 2018 година извршителите наплатиле од должници правни лица – 78.778.108,46 евра, потоа од физички лица износ од 33.432.971.41 евра, […]

______________________________________________________________________________________________________

Се снима серија за Зоки Поки

Во основното училиште „Петар Поп-Арсов” во скопската општина Карпош почна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки”, модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова со која израснаа многу генерации. ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Лекови без квота може да подигне и роднина на пациент

Владината мерка за укинување на квотите за издавање на лекови на рецепти во туристичките центри во земјава, ќе важи само за август. Ова стои во известувањето кое аптеките во Охрид и Струга го добиле утрово од страна на Фондот за здравство. Мерката почна да функционира од денеска, а фармацевтите велат дека ќе има ефект само […]

______________________________________________________________________________________________________

Охрид ги раскина договорите со советникот Усеини

„Охридски комуналец“, јавното претпријатие на општина Охрид, ги раскина трите договори со Нефи Усеини, на барање на Државната комисија за спречување корупција, објави Мета. На денешната седница на УО на претпријатието е донесена одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК поради судир на интереси, а станува збор за набавка на градежни материјали, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Предвремени избори или на почетокот на април или на крајот на мај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски изјави денеска дека е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ангеловски: Граѓаните да пријават ако полициски или царински службеник им побара мито

Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелираше денеска портпаролот, Тони Ангеловски. -Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави. Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓорѓиев: Не прифаќаме вонредна средба со бугарската комисија, за идентитетот на Гоце Делчев нема преговарање

Не прифаќаме вонредна работна средба, редовниот работен состанок ќе се одржи на 12 и 13 септмври, за телевизија 24 изјави универзитетскиот професор и претседател на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев. -Вчерашниот повик јавен јас го доживеав како повик на двобој, да избереме место и време и да се соочиме, што мислам дека станува контрапродуктивно. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Катица не е невина, но премногу знае за да биде уапсена!

Правдата е замолчена а криминалниот октопод царува .Ова специјално јавно обвинителство веќе не е алтака за носење на правда туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење неправди неможе да се очекува праvда од нешто штo не само ја навредува нашата интелегенција туку служи и за постмев изјави во струшкото село Ташмаруништа […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна одморот за Заев и Мицкоски – Еве и каде ќе летуваат министрите

Премиерот, Зоран Заев, од денеска, според најавите од Влада заминува на одмор. Прво ќе летува во Охрид, а потоа заминува во Грција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашниот празник Илинден исто така заминува на одмор и биде една недела во Хрватска. Заради интересот на медиумската јавност, владината прес служба соопшти каде ќе летуваат владините […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1