14/03/2019 13:34
•
Posted by: MK News
Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци што се случи на минатиот месец, а во која загинаа 15 лица. Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев во моментов на прес-конференција ги презентира информациите за текот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/03/2019 13:32
•
Posted by: MK News
Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Вештакот рече дека по направената реконструкција и увидот во списите, остануваат на ставот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:52
•
Posted by: MK News
Прес-службата на Ватикан објави програма за посета на папата Франциск на Бугарија и Македонија, која ќе се одржи на 5-7 мај годинава. Папата ќе пристигне во Софија на 5 мај во 10 часот. На аеродромот тој ќе биде пречекан од премиерот Бојко Борисов, потоа шефот на римокатоличката црква ќе ја посети бугарската патријаршија, а во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:50
•
Posted by: MK News
По спроведени контролни брисеви на вработените не постои простор за паника во врска со откриените случаи на инфекција со бактеријата МРСА во основното училиште во Бутел и во градинката во Чаир, соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Сакаме да потенцираме дека апсолутно не постои никаков простор за паника. Станува збор за бактерија […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:48
•
Posted by: MK News
Претседателката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска вели дека нема причина да се сомнева на наодите на Бирото за јавна безбедност за опасноста од бегство на Митко Чавков и немало потреба да се правдаат, пренесе Телма. Ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, вчера заврши во истражниот затворот во Шуто Оризари. Судот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:45
•
Posted by: MK News
Владата очекува за реформските закони што поминаа во Парламентот, а се важни за евроинтеграцијата на земјата, да бидат постигнати зададените рокови и покрај тоа што претседателот Ѓорге Иванов ги нема потпишано указите за нивно прогласување, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Очекуваме дека ќе ги постигнеме роковите што се зададени со цел […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:43
•
Posted by: MK News
Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите Вест, Родео и Бос. Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари. Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:42
•
Posted by: MK News
Ќерката на екс-директорот на македонската полиција, Митко Чавков, се огласи на Фејсбук денеска со порака до дипломатскиот кор откако татко и беше приведен вчера. Почитувани претставници на дипломатскиот кор во земјава, дозволете ми да ве известам за политичкиот прогон кој се случува врз татко ми ( Митко Чавков ), кој е цел на брутална тортура […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:38
•
Posted by: MK News
Со слушање на аудио разговори, обезбедени како ПИ-мерки, во Кривичниот суд продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Адвокатот на еден од обвинетите Насер Рауфи рече дека на предлог на одбраната овие разговори ќе бидат слушани заедно со разговорите кои претходно биле презентирани од Обвинителството. -Ние како бранители ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:33
•
Posted by: MK News
Груевски се огласи на Фејсбук за апсењето на Митко Чавков. Ова трето по ред апсење на Митко Чавков, како и претходните две, како и целиот прогон против него е лична одмазда на Зоран Заев кон него заради предметот ,,Поткуп” каде по лична пријава на жртвата бизнисмен, по налог на обвинителството и со спроведен налог од […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:31
•
Posted by: MK News
И Македонија ги забрани летовите на „боинг 737-макс 8“ и „боинг 737-макс 9“ поради истрагата која се води во врска со овие типови на авиони. – „Од денеска е на сила забраната за слетување и полетување на воздухопловите ‘боинг 737-макс 8’ и ‘боинг 737-макс 9’, како и надлетување над воздушниот простор над државата. Забраната следи […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 18:30
•
Posted by: MK News
Притворање на Митко Чавков два дена пред изрекување на пресудата значи дека таа е веќе донесена, вели адвокатот на Чавков Сашо Дуковски, кој го застапува во случајот за „27 април“. -Тој ниту поседува вила ниту каква недвижнина во Република Грција. Тој од привор е излезен со гаранција од 600.000евра која би пропаднала доколку избега и […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:49
•
Posted by: MK News
,, Тој што ја напишал белешката за наводно негово фаќање пред бегство ќе биде тужен“, напиша Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој попладнево беше приведен и однесен во затворот во Шутка. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека Чавков е приведен поради можно бегство. -По добиени сознанија и поради страв дека […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:46
•
Posted by: MK News
Инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат(ДСЗИ) и на Агенцијата за храна ја затворија кујната „Галакујна“ лоцирана на Булевар „Србија“ заради сомнеж за труење со храна на 11 деца кои посетувале академија за фудбал во ФФМ, како и еден физиотерапевт, потврдија од ДСЗИ. Тие на 7 март побарале помош во ПЗУ Медика каде се жалеле […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:41
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков вчера беше приведен и однесен е во Истражниот затвор во Шутка. Митко Чавков бил подготвен и ќе бегал во Грција, односно во неговата вила на Халкидики, вака стои во одлуката по која вечерва е побаран притвор за Митко Чавков. Неговиот адвокат вели дека невообичаено е два дена пред […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:35
•
Posted by: MK News
Само тројца од девет кандидати ќе влезат во трката за претседател на државата на 21 април. Државната изборна комисија потврди дека Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река во предвидениот законски рок ги собрале потребните потписи. Силјановска-Давкова, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ собрала 15.926 потписи, а Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, собрал 31.729 потписи. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:32
•
Posted by: MK News
Во текот на следните денови повторно ќе подпаднеме под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, исклучок ќе биде четврток кога повторно ќе имаме на повеќе места повремени врнежи од дожд и снег на повисоките и планинските места низ државава, вели во прогнозата Славчо Попоски . Особено потопло ќе биде за време на викендот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/03/2019 09:30
•
Posted by: MK News
Четири случаи на бактеријата ,,МРСА‘‘ се потврди по контралата направена во градинка и училиште во општината Чаир. Според информациите од ДСЗИ, сите четири случаи се кај деца од кои три од големата група во градинката ,,Снегулка‘‘ и едно дете од второ одделение во учиштето ,,Панајот Гиновски‘‘. Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________