Archive | Македонија RSS feed for this section

Приведени седум лица за нападот на двајца полицајци во Шуто Оризари

Приведени се седум лица за нападот над двајца полициски службеници во скопската населба Шуто Оризари. Министерот на внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека истрагата е при крај и оти ќе бидат поднесени кривични пријави за овие седум лица. – Се работи на препознавање на уште неколку лица што треба да бидат обезбедени и да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за нов референдум за името

Собранието ја отфрли како неуредна иницијативата на Тодор Петров за нов задолжителен референдум за името. Образложението е дека не може за исто прашање да се оджува референдум во рок од две години. На ова бурно реагираа опозициските партеници од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив претседателот Талат Џафери своеволно го суспендира правото на граѓански иницијативи да покренуваат референдум […]

______________________________________________________________________________________________________

МРСА е најдена во отпечаток од рацете на техничарот, протезите се дезинфицираат при прием

Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитскиот Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од рацете во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи […]

______________________________________________________________________________________________________

Врховен донесе одлука контра СЈО

Врховните судии на денешната општа седница донеле начелно правно мислење во кое наведуваат дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) не може да покрене обвинение или да запре истрага по истекот на рокот од 18 месеци откако ги презело „бомбите“, рок кој истече на 1 јули 2017 година. „СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање […]

______________________________________________________________________________________________________

Опасната бактерија МРСА на Стоматолошкиот клинички центар – нема опасност смирува МЗ

Министерството за здравство информира дека нема опасност од зараза со бактеријата МРСА, откако таа е пронајдена кај еден од вработените на Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје. – Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата е изолиран и не доаѓа […]

______________________________________________________________________________________________________

Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач во Судски совет

Членот на Судскиот совет на РМ, Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците. – Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈO: Нема олеснителни околности за обвинетите Сеад Кочан и Драган Павловиќ – Латас

Не се точни тврдењата дека СЈО ќе го преквалификува делото за даночно затајување по кое се гони новинарот Драган Павловиќ – Латас за предметот Тотал и ќе го промени со делото даночна измама вели за Канал 5 обвинителот Гаврил Бубевски Ова доаѓа по вчерашниот брифинг на здруженијата граѓанските организации од проектот “За правда”, од каде […]

______________________________________________________________________________________________________

Усвоен Предлог-законот за абортус, се укинуваат административните процедури

Владата на Република Македонија денеска го усвои новиот Предлог-закон за прекинување на бременоста со кој се укинуваат постојаните административни процедури. Од Министерството за здравство информираат дека законот ќе биде доставен до македонското Собрание и оти со предложеното законско решение и се остварува правото на жената за безбеден прекин на бременоста. Со новиот Предлог-закон, на жената […]

______________________________________________________________________________________________________

Лажна веста дека починала жена од слепо црево на клиника бидејќи немало слободен кревет

Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево – немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно некоректно и тенденциозно пренесено. Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Се огласи и сопругата на Момо Николовски: Ни треба помош, не сакам да го дадам, нема да го дадам

Валбурга Батева, сопругата на Момо Николовски, со емотивно обраќање на социјалните мрежи побара помош за докажаниот фолк-уметник кој е сериозно болен. На еден од доајените на македонската народна песна му е дијагностициран абдоминален канцер и потребни се средства за негово лекување во странство. -Момо е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна уплатата од државата кон приватните друштва за првите 4.926 оштетени осигуреници

Денеска започна првата уплата од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб. Со првата уплата се опфатени 4.926 осигуреници и истата треба да заврши до крајот на месецот. Уплатите за другите осигуреници ќе се случуваат во наредните месеци и треба […]

______________________________________________________________________________________________________

МАПАС ќе ги информира граѓаните за распределбата на средствата во пензиските фондови

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата […]

______________________________________________________________________________________________________

Силно невреме во Србија – доаѓа и кон Македонија

Шлепер се превртел од силниот ветер, а камион излетал од патот поради лошите временски услови. Вистинска олуја беснееше во Србија, а снегот блокираше неколку патишта. Се очекува и денес ветер со 100 километри на час, а невремето ги исплашило жителите. Во Македонија пак по снегот, мразот и дождот, проследени со силен ветер, времето денеска ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Системот во Албанија ги избришал снимките со Груевски – ќе остане тајна како избегал

Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ. – Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Подготвен сум да бидам премиер на Македонија

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски се огласи и на Фејсбук со делови од интервјуто за МТВ синоќа. – Го повикавме владејачкото мнозинство да се одважи, ако навистина имаат таква доверба кај граѓаните, ако се самоуверени како што кажа Зоран Заев дека ќе добијат нов четиригодишен мандат, еве можност да излеземе и да се соочиме пред […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со детали за инцидентот во Шутка: Малолетничка тврди дека видела киднапирање – настанала драма

Во 17.20 часот е пријавено дена на улица “Индира Ганди” во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Околу 19 часот на истата улица се собрала поголема група граѓани и тогаш наишло патничко моторно возило “Хјундаи галопер” во кое се наоѓале […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден полицаец на апарати за дишење – нови детали за инцидентот во Шутка

Едниот од двајцата полициски службеници од Полициската станица Чаир кои вчера беа повредени откако биле нападнати од група граѓани во населбата Шуто Оризари, кој се здобил со полесни повреди беше донесен во Ургентниот центар, по што беше пуштен на домашно лекување. билo донесено уште едно лице со посериозни повреди односно со нагмечување во пределот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: За Силјановска имам најдобро мислење

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за МТВ ја искоментира можната кандидатура за претседател на Гордана Силјановска. Ако ме прашувате лично за професорката Силјановска можам да ви кажам се најдобро.И како човек и како професор.Станува збор за исклучителна личност, со јасно искажани ставови за сите прашања изминатиот период. За мене преставува привилегија што познавам […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1