23/11/2021 19:25
•
Posted by: MK News
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи упати сочувство кон семејствата на загинатите. Тој рече дека по завршување на идентификацијата на загинатите, ќе започне процес на транспорт на телата. Османи додаде дека не се надоместува загубата ниту тагата, бидејќи 45 животи веќе не можат да се вратат. Министерството за надворешни работи, според Османи, ќе работи на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 18:43
•
Posted by: MK News
Скопското основно училиште „Исмаил Ќемали“ завиено во црно. Пет ученици загинаа во страшната сообраќајка во Бугарија. Сите петмина се во роднинска врска. Вкупно 12 члена од ова семејство ги загубија животите во несреќата враќајќи се од кобното патување во Истанбул. Најмалото од петте деца кои учеле во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ одело во второ одделение. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 18:37
•
Posted by: MK News
Оставката на претседателот на СДСМ Зоран Заев пред партиските органи е одложена. Партијата соопшти дека вечерва нема да заседаваат Централниот и Извршниот одбор поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Седниците беа закажани по барање на Заев, кој најави дека ќе побара уважување на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по вториот изборен […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 18:03
•
Posted by: MK News
Затворени се денеска вратите на агенцијата Беса Транс која го организирала патувањето во Турција по кое враќајќи се во земјава, на магистралата Струма во Бугарија автобус се запали и загинаа 46 лица. Членови на семејствата на патниците и роднини останаа без одговори – дали нивните најблиски се меѓу загинатите или преживеаните. Потресени и револтирани, со […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 18:02
•
Posted by: MK News
Откако бугарските институции дале официјална потврда, Министерството за надворешни работи (МВР) на Северна Македонија објави список на седумте преживеани патници. Петмина од нив се наши државјани: Ебип Пајазитовски (24.09.1972); Ѓула Јашаровска (16.06.1972); Зулејха Јашаровска (12.05.2005); Минир Јашаровски (06.01.1971); Медина Љутвиј (21.05.1996). Еден е државјанин на Србија-Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), а еден на Белгија – Орхан Алити […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:58
•
Posted by: MK News
Автобусот со македонски државјани излетал на автопатот Струма кај бугарското село Боснек, во близина на Перник. Според првичните информации пукнала предната десна гума од автобусот, по што тој удрил во банкина по која се влечел. Во тие моменти се излеало гориво бидејќи работело парното во автобусот. Избувнал пожар и дошло до кобната несреќа за патниците […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:51
•
Posted by: MK News
Српскиот државјанин од Прешево и неговата свршеница од Куманово кои биле меѓу патниците во автобусот на „Беса транс“ кој ноќеска изгоре во Бугарија и во кој загинаа 46 лица, се живи, пишува српски Курир. – Единствениот државјанин на Србија кој бил во автобусот што изгоре во Бугарија е Љуљзим Сулејмани од Прешево и тој е […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:49
•
Posted by: MK News
45 луѓе, од кои 12 деца, загинаа во автобуската несреќа што синоќа околу три часот се случи на автопатот Струма, во Бугарија, кога се запали автобус на агенцијата Беса Турс. Повредени се седуммина, и сите се во стабилна состојба. Хотел во Истанбул во населбата Есенлер. Надзорните камери ги регистрираат 52 патници како ги товарат своите […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:29
•
Posted by: MK News
Телевизија ТВ21 објави дека турските медиуми објавиле видео од безбдносните камери како патниците се качуваат во автобусот. На снимките се гледаат деца и повозрасни луѓе како излегуваат од хотелот и влегуваат во автобусот на „Беса транс Скопје“ кој неколку часа подоцна се запали кај селото Боснек во Бугарија при што загинаа 45 лица. Несреќата ја […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:21
•
Posted by: MK News
Наставата во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир е прекината зашто шестмина од починатите деца во трагедијата што се случи во Бугарија се од тоа училиште. Како што пишува „Слободен печат“ од извори на терен, учениците се вознемирени, плачат и неможно е да се одвива наставата. „Слободен печат“ дознава дека и една мајка учителка Фекрије Исени […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:17
•
Posted by: MK News
Телевизија Алсат објави список на патници кои се превезувале со автобусот на Беса Транс кој рано изутринава, околу 03:00 часот изгоре на автопат во Бугарија: https://alsat.mk/mk/spisok-na-patnitsi-koi-se-prevezuvale-so-avtobusot-koj-izgore-vo-bugarija/
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:13
•
Posted by: MK News
Имав прилика да ги посетам нашите 7 сограѓани во болницата овде во Софија, сите се во добра состојба, надвор се од животна опасност кажа премиерот, Зоран Заев на заедничката прес конференција со бугарскиот колега, Стефан Јанев по трагедијата со автобусот на „Беса транс“. Јас имав прилика да ги посетам нашите 7 сограѓани во болницата овде […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:11
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се објавени фотографии неколку секунди по автобуската несреќа. Ги снимиле возачи кои во тој момент минувале по делницата „Струма“. На фотографиите се гледа како атобусот е во пламен и веќе се пристигнати противпожарни екипи.
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:09
•
Posted by: MK News
„Ми изгоре цело семејство”, изјави член на семејството Јахи од Скопје-Север кој во трагедијата во Бугарија изгуби 10 члена заедно со членови на семејство Мухаџери со кои се во роднинска врска, пренесува Слободен Печат. Од семејството изјавија дека нивните роднини заминале на туристичко патување во Истанбул, и како што велат заминале на „пат за да […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:08
•
Posted by: MK News
27 годишниот Газменд Укали од Кичево и неговата вереница 23 годишната Албина Белули од Тетово се едни од лицата што утрово загинале во несреќата што се случи кога автобус се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија и животот го загубија 46 лица. Информацијата за Телма ја потврдил градоначалникот Дехари. Газменд беше дел од кабинетот на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:05
•
Posted by: MK News
Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:02
•
Posted by: MK News
Телевизија Алсат објави за имињата на преживеаните патници од трагедијата во Бугарија, каде што животот го загубија 45 лица. Список на преживеани лица: Ш. Н.Салех 36 години Медина Лутфи 25 години Лулзим Сулејмани 26 годишен – државјанин на Србија Ѓила Јашаровска 49 години Минир Јашаровски 50 години Ебиб Пајазитовски 49 години Зулехја Јашаровска 16 години […]
______________________________________________________________________________________________________
23/11/2021 17:00
•
Posted by: MK News
Меѓу 46-те жртви во пожарот кој го зафати автобусот на автопатот Стума во Бугарија, најмалку 20, а можеби и повеќе се од територијата на Општина Студеничани, каде денеска владее неизмерна тага и болка, пренесува „Слободен печат“. Според неофицијални информации над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови […]
______________________________________________________________________________________________________