Archive | Македонија RSS feed for this section

Два сомнителни случаи на западно-нилска треска во Македонија

Два сомнителни случаи на западнонилска треска евидентирани и во Македонија. Кај дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани во болница, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест. Од ИЈЗ ќе им направат и […]

______________________________________________________________________________________________________

Продавале пилешко наместо свинско и говедско – казни за 5 оператори со храна

Пет оператори продавале мелено месо за ќебапи и плескваци со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано меѓу говедско и свинско. Месото е повлечено од продажните места. Правните субјекти, односно операторите добиле парична казна од по 5 илјади евра, а одговорните лица од по 1.700. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран […]

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски: Да сум крадел дома немаше да најдат само долен веш и ќебиња

Стевче Јакимовски излезе од Судот од каде доби мерки за пртпазливост. – Никој ништо не украл и не однел дома. Бараките и плоштадот се таму и нема смисла. Ако имам што да кријам дома ќе најдеа само долен веш и ќебиња, вели Стевчо Јакимовски денеска по распитот во Кривичен. Одземен пасош и редовно пријавување во […]

______________________________________________________________________________________________________

ОЈО: Мерки за претпазливост за Јакимовски и неговите соработници од општина Карпош

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица, а кои е поднесен предлог за определување на мерки за претпазливост. Финансиската полиција денеска соопшти дека е покрената […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов закон: За ракијата од казани ќе се плаќа акциза од 30 денари по литар

Министерството за финансии го објави Предлог-законот за акцизите кој е во фаза на подготовка. Земјоделците кои од овошје и грозје произведуваат жестоки алкохолни пијалоци ќе смеат во текот на годината да произведат најмногу 1.000 литри чист алкохол. Според предложените измени, на произведената количина се плаќа акциза од 30 денари по литар жесток алкохолен пијалок со […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците од дијаспората имаат 2 недели да се пријаваат дали ќе гласаат на референдумот

Референдумот во македонското Собрание беше распишан со 69 гласа „за“, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето. Државната изборна комисија веќе активно е ангажирана во организацијата на референдумот и испрати апел до граѓаните да ги проверат своите лични податоци во Избирачкиот список за референдумот, веќе од утре. Во текот на вчерашниот ден беше одржана […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска пеколно топло – во четврток нова промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната температура од 27 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната температура до 34 […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотребува институциите за политичка пресметка

Македонија е единствената држава во Европа каде се приведуваат и притвораат пратеници, а лидери на парламентарни партии се предмет на нарачан државен политички прогон. СДСМ ги злоупотребува институциите за политичка пресметка со неистомислениците, во обид јавноста да биде исплашена и да не бара одговорност за секојдневните скандали. Државата се урнисува и на економски и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот

Од утре (9 август) почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот. ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: До 10 септември ќе се знае ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика на бојкот членството, дали ќе гласа против или ќе го поддржи референдумот за името на 30 септември. – Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено […]

______________________________________________________________________________________________________

Седумнаесет години од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак

Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе бидат одбележат 17 години од загинувањето на 10 – те бранители на Карпалак во 2001 година. Кај месноста Карпалак и пред комплексот во центарот на Прилеп венци ќе положат собраниска делегација во состав Кети Смилевска и Татјана Лалчевска и […]

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски приведен, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски синоќа е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува тој да биде изведен пред судија на претходна постапка. – Стевчо Јакимовски синоќа околу 23 и 30 минути е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Службените автомобили станаа превозно средство за на одмор, а хеликоптери на АРМ такси

Владеењето на СДСМ е класичен пример за несовесно, расипничко и криминално работење на една влада. Навиките и модусот операнди кој Заев го имаше додека беше градоначалник на општина Струмица го пренесе на Илинденска бб, каде го инсталираше својот криминален картел. Скандалите поврзани со мито, корупција, хедонизам и непотизам секојдневно ја тресат македонската јавноста, а во […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео – приведени седум македонски државјани кои се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили, денеска приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, […]

______________________________________________________________________________________________________

Сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а дневната температура од 25 до 37 степени. УВ-индексот ќе достигне до 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсени седум македонски државјани осомничени дека се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи во текот на ноќта спроведе акција во која уапси седум лица на возраст од 23 до 47 години. Уапсените се осомничени дека како странски терористички борци,активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Претходно, за седумте лица била распишана и потерница, а се гонат за „учество во странска војска, полиција, паравоени […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК прави измена на роковникот за ценовниците за медиумско претставување

Државната изборна комисија денеска треба да изврши промена на роковникот, со која рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот, закажан за 30 септември, ќе се продолжи до утре. Само овластениот предлагач, односно Собранието има привилегиран пристап до услугите, кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), предвидени со […]

______________________________________________________________________________________________________

За неполн месец регистрирани 25 заболени од мали сипаници во Дебарско

Дваесет и пет заболени од мали сипаници, заклучно со 3 август, се регистрирани на територијата на Дебар, објави на својата веб страница Институтот за јавно здравје на Република Македонија. Првите девет случаи беа регистрирани на 17 јули, кога беше прогласена епидемија на мали сипаници во дебарско. Од ИЈЗ посочуваат дека заболените се на возраст од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1