Archive | Македонија RSS feed for this section

Кабинет на Иванов: Како може министер без ресор да му наложува на претседателот?

Jа информираме јавноста дека во Република Македонија постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции. Претседателот Иванов до сега ги почитувал и во целост ги исполнувал пропишаните законски регулативи. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и понатаму, како и досега, ќе продолжи со транспарентно и отчетно раководење со доверениот буџет, што го потврдуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Гордана Јанкуловска стана мајка

Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска стана мајка. Таа се породи во една од скопските клиники. Јанкуловска на свет донесе здраво машко дете кое ќе го носи името Петар. Ова е прво дете на Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски со кого е во брак од 2010 година.

______________________________________________________________________________________________________

Истекува договорот со „Виз ер“, Владата објави повик за нови субвенции

Детали за најавениот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании, со критериумите за распределба, ќе претстави денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Со тендерот за таа намена се планирани над пет милиони евра во следните три години. Претходно, Владата усвои Програма и уредбата за финансиска поддршка за домашни и странски авиопревозници. […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно протест пред Собранието

Пред Собранието и вечерва група граѓани се собра за да го изрази своето незадоволство од Договорот со Грција, за решавање на спорот со името. Граѓаните повторно ги повторија своите ставови дека договорот е штетен и спротивен на македонските интереси. Протестот помина во мирна атмосфера, со засилено полициско присуство.

______________________________________________________________________________________________________

Наскоро признавање на македонските возачки дозволи во Германија

Владата на Република Македонија очекува наскоро да биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, откако на вчерашната седница беше усвоена Информација за ова прашање. – По интензивна комуникација меѓу двете министерства во мај оваа […]

______________________________________________________________________________________________________

Пердју: Северна Македонија ја одразува реалноста и историјата

Името Република Северна Македонија одлично звучи и ја прикажува реалноста и историјата во регионот, рече поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и Џејмс Пердју денеска на 98. Рос Рот семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан:зајакнување на Европскиот мировен процес. Според Пердју, грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев покажале голема политичка […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија доби условен датум за почеток на преговорите следната година во јуни – Заев е задоволен

Условен датум за старт на преговорите е подобро од тоа да немате ништо. Бугарската министерка за надворешни работи како претседавач Европската унија ја поздрави вчерашната одлуката на министерскиот совет. Захариева признава дека очекувала похрабро решение од унијата но додава дека и ова е доволно за да му покаже на регионот дека заложбите на Брисел за […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски херој во Никити: Наши туристи заедно со Срби и Грци ваделе автомобили од морето

Во поплавените подрачја во грчките одмаралишта денеска туристите го минале така што со заеднички сили со надлежните служби ги ваделе потопените автомобили од морето. -Во Метаморфозис луѓето од Србија им помагаа на Грците да ги извлечат потопените автомобили од морето, а во Никити прв кој пришол да помогне на луѓето од автомобилите кои завршиле во […]

______________________________________________________________________________________________________

„Силвија“ ќе земе уште поголем замав: Доаѓаат поинтензивни врнежи од дожд

Врнежите ќе се интензивираат доцна попладнево и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот четврточен ден и локално за кратко време ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л//м2). Сето ова може да услови локални поплавувања а можни се зголемувања и на нивоата на реките и на езерата во државава. Локално […]

______________________________________________________________________________________________________

TВ НОВА на Сеад Кочан официјално отиде во стечај

Телевизија НОВА, на обвинетиот бизнисмен, Сеад Кочан и официјално оди во стечај, објавено е денеска во дневниот печатСудијката Ирена Петрушевска. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска од Скопје. Доверителите треба во рок од 15 дена да ги пријават побарувањата од стечајниот управник. Првото рочиште за испитување на побарувањата и извештаите од собранието на доверители […]

______________________________________________________________________________________________________

Дождот нема да престане до сабота

До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе предизвика претежно облачно и посвежо време со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и над 75 л/м2 дожд. Во петок и сабота времето ќе биде посончево со значителен пораст на дневната температура, но во […]

______________________________________________________________________________________________________

Укината забраната: Алкохол ќе може да се купува во било кое време

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008-ма година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на РМ. Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седница, се дозволува […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски во „Само вистина“: Ми беше жал кога го гледав насмеаното лице на Заев кога потпишува капитулација

Подготвуваме кривична пријава за сите потписници на ова капитулантско дело, изјави вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само вистина“. Мицкоски во неговото интервју зборуваше за договорот со Грција, кој го нарекува капитулански за Македонија и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува и на следната седица за овој договор. Тој ја поддржа и одлуката на […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде!

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот Фејсбук профил се обрати откако Европската Унија одлучи да почне преговори со Македонија и со Албанија во јуни 2019 година под неколку услови кои треба да се исполнат до тогаш. – Ќе нѐ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде. Колку повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш

„Македонија ги менува имињата, но убавината и вкусовите никогаш“, е насловот на написот што го објави вчера „Gastronaut.hr“, најголемата хрватска веб база на ресторани и рецепти. Во текстот, чиј автор е Карин Мимица, професор и уредник на „Gastronaut.hr“, фокусот е ставен на нашето историско наследство и гастро-културата. Карин Мимица беше дел од тимот новинари од […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски туристи не побарале помош и не пријавиле штети по невремето во Грција

Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики. Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите. Од македонското Министерство за надворешни работи засега немаат информации за евакуирани туристи и пријавени материјални штети на возилата. Нема пријави ниту за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е сериозна закана по Македонија, која мора да биде совладана

Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана. Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. ЕУ вчера јасно ни даде до […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска невреме со пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта во јужните и југоисточните делови ќе бидат пообилни и интензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 л/м2 за шест часа). Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1