27/06/2018 11:37
•
Posted by: MK News
“Во авион штотуку примив одлична вест… Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ! Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2018 11:25
•
Posted by: MK News
Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови за […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:42
•
Posted by: MK News
До средината на идниот месец собранието мора да го распише референдумот ако ги следи роковите на премиерот Заев. Македонија што порано оваа есен би требало да испорача резултат и тоа позитивен од референдумот за да ја добие официјалната покана за членство во НАТО по што ќе се чека ратификацијата во парламентите на сите земји членки. […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:40
•
Posted by: MK News
Иванов не го потпиша указот на законот за ратификација на Договорот со Грција и го врати во парламентот. Во пропратното писмо до Талат Џафери наведува пет причини зошто се решил на ваков чекор. Прво, во изборната програма со која победил во 2014 година ветил дека не прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:38
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг, јави дописникот на МИА. – Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 20:28
•
Posted by: MK News
Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 10:43
•
Posted by: MK News
Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, вчера, ден пред клучниот состанок на ЕУ-министрите, повторно ги повика земјите членки да го наградат како што оцени импресивниот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 10:30
•
Posted by: MK News
Променливо облачно време со повремен локален дожд ќе преовладува и денеска во Македонија. Во јужните делови од државата се очекуваат пообилни врнежи. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, особено на запад и североисток. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 15 до 22 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 10:29
•
Posted by: MK News
Македонија треба да биде наградена од ЕУ за напредокот и за договорот со Грција со кој се става крај на 27-годишниот спор за името. Ако не добие награда на конкретен начин тоа ќе има огромен негативен ефект за целиот регион, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во пресрет на денешниот министерски состанок […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2018 10:27
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:42
•
Posted by: MK News
Македонските кошаркари Перо Антиќ, Дамјан Стојановски и Ѓорѓи Чековски на професионалните профили на „Еуробаскет“ веќе се запишани како кошаркари од Северна Македонија. Перо Антиќ е македонски професионален кошаркар и член на македонската репрезентација. Во неговата професионална биографија се запишани клубови од земјава, Балканот но и САД каде е престиж за секој професионален спортист да настапува. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:40
•
Posted by: MK News
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО. Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:34
•
Posted by: MK News
Инспекција од Министерството за труд и социјала проверува дали Центарот во Велес можел да ја спречи трагедијата во која живи изгореа три деца.. За министерката Царовска, одговорноста на социјалните работници завршувала со исплата на социјални права, а тие семејството ги користело.. Земале социјално а добиле и еднократна парична помош.. Според Царовска, социјалните служби уште пред […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:22
•
Posted by: MK News
Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ „еуросуперот “ од 98 октани ќе се продава по цена од 73 денари за литар, додека „еуросуперот“ од 95 октани ќе има цена од 71 денар. Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар. Малопродажната цена […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:20
•
Posted by: MK News
Уште еден сведок кој дента на масакрот кај Смилковско езеро бил таму на риболов денеска сведочеше во судницата во Основниот суд Скопје. Тој е сосед на Филип, едно од убиените момчиња. Критичниот ден отишол на езерото околу 10.30, а заминал околу 17.30 часот. Сведокот кажа дека на заминување го видел возилото на Филип паркирано таму, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:15
•
Posted by: MK News
Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април. Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови. Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 22:07
•
Posted by: MK News
Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО. Вака премиерот Заев одговори на прашања од граѓани до 1ТВ за тоа дали ќе си поднесе оставка ако […]
______________________________________________________________________________________________________
25/06/2018 10:52
•
Posted by: MK News
Почина познатата пијанистка со светска кариера Елена Мисиркова-Лоза, правнука на Крсте Петков Мисирков. Мисиркова беше интернационално реномирана македонска пијанистка, која е родена во Скопје. Средното музичко образование по пијано го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Дипломира и завршува постдипломски студии по пијано на Државната музичка академија „Гнесини“ во Москва, Русија. Од […]
______________________________________________________________________________________________________