Македонија доби условен датум за почеток на преговорите следната година во јуни – Заев е задоволен


Условен датум за старт на преговорите е подобро од тоа да немате ништо. Бугарската министерка за надворешни работи како претседавач Европската унија ја поздрави вчерашната одлуката на министерскиот совет.

Захариева признава дека очекувала похрабро решение од унијата но додава дека и ова е доволно за да му покаже на регионот дека заложбите на Брисел за проширување на унијата не се само декларативни
За еврокомесарот Хан, Европа го отворила патот за идната Северна Македонија

– Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ, напиша Хан на Твитер.

И покрај очекувањата на македонските власти дека земјава ќе добие датум за старт на преговорите оваа година, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија констатираа дека за исполнување на условите потребни се дополнителни резултати и реформи во судството, разузнавачките и безбедносните служби како и реформи во јавната администрација.

Одлуката на ЕУ Македонија да добие датум за преговори во јуни 2019 за премиерот Заев е мотивирачка. Изрази благодарност на сите земји членки но особено на соседите Бугарија и Грција кои воделе плодна дискусија и се избориле за оваа посакувана одлука за Македонија.

– Имајќи предвид дека во мај 2019 година се изборите за Европскиот парламент, одлуката на ЕУ е комплетно со нашите очекувања. Ние сме среќни и дополнително мотивирани“-Посебно ми е драго што нашите два соседа, Бугарија и Грција водеа плодна дискусија и се изборија за оваа посакувана одлука за Македонија како и за Албанија, изјави Заев.

На семинарот РОС РОТ посветен на евроатланската интеграција на Западен Балкан чиј домаќин е македонското собрание, спикерот Џафери рече дека очекува до крајот на годинава да биде имплементиран договорот со Грција во целост, а Македонија во декември или јануари следната година да стане 30та земја членка на НАТО.

– Не треба да влијае фактот дека се одложува почетокот, бидејќи датумот се определува, а тоа е јуни следната година. Тоа треба да биде мотивирачки за сите нас, да ги направиме сите подготовки за во најкраток рок да ги затвориме поглавјата, изјави Џафери

Северна Македонија одлучно звучи порача поранешниот заменик генерален секретар на НАТО Џејмс ПЕРДЈУ. Договорот со Грција го оцени како политичка храброст на двајцата премиери кои ќе ја променат насоката на движење на македонската нација и регионот.

Пердју истакна дека ставот на Вашингтон за членство на МАкедонија во НАТО е ист и конзистентен од 2008та година. Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али изрази надеж дека лидерите на Алијансата ќе го следат примерот на ЕУ. Премиерот Заев најави дека во петок се среќава со генералниот секретар на НАТО Столтенберг а по состанокот очекува да биде соопштено дека на 11 и 12 јули Македонија ќе добие покана за полноправно членство во НАТО.

– Тоа значи испраќање на поканата и почнување на три до пет месечниот скенинг процес за уште еднаш да ја провериме земјата и да видиме дали е во суштина подготвена комплетно по што по три месеци очекуваме да се отвори поканата за потпишување на Протоколот од сите земји членки на НАТО.Убеден е дека сите членки на НАТО ќе го ратификуваат Договорот. Ќе ни треба помошта од пријателите тоа да биде побрзо заради тоа што Македонија долги години чека пред вратите на НАТО. Верувам дека ова силно охрабрување не само за нас, туку и за останатите земји кандидати за членство во НАТО ќе значи силна мотивација да продолжат по патот по којшто се движеше Македонија и еве успеа конечно да ја добие поканата од НАТО.

ПРемиерот Заев истакна дека оваа Влада освен на решавање на спорот со името, ќе работи и на спроведување на реформите кои што од неа ги бара ЕВропската Унија и НАТО за што како што рече има општествен консензус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1