24/04/2018 21:46
•
Posted by: MK News
Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името на Македонија би можел да се реши во следните 15 дена, пренесува Независен.мк. “Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ “, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2018 21:43
•
Posted by: MK News
Проблемот со кучиња скитници во Скопје како одминува времето станува се поголем и поголем. Само во месец април во полицијата се пријавени околу десетина случаи на напад на скопските улици. Вчера во 20 часот 20 годишната М.Ј. во полициска пријавила дека истиот ден околу 18 часот на ул. „Стале Попов“ била нападната од три кучиња […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 17:24
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство се предомисли, нема да бараат вакцинирањето да биде услов за упис во училиште. Заменик министерот Гоце Чакаровски вели дека ги услогласувале ставовите со образование и ќе бараат механизми како да ги убедат родителите дека вакцините се безбедни и квалитетни. – И не е точно дека ние сме работеле децата да не можат […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 17:06
•
Posted by: MK News
Kривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска му го укина притворот на Митко Чавков и ја прифати дадената гаранција во недвижен имот како мерка за негово присуство во судската постапка за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На Чавков му е одземена патната исправа и има обврска еднаш неделно […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 13:18
•
Posted by: MK News
По акцијата за контрола за присуство на алкохол кај возачите викендов во Скопје, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека поради недостигот од локални, во Скопје ќе има полицајци од други градови. – Скопје има проблем со многу мал број полициски службеници, меѓутоа направивме планови. Имаме колеги од други градови коишто ќе работат овде. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 13:05
•
Posted by: MK News
-Стариот Мерцедес беше многу амортизирано возило. Нон-стоп имаше проблеми со моторот и знаеше да откаже на поголеми патувања. Еднаш моторот изгаси на патот накај резиденцијата на Водно, се закочи воланот и кочниците, па излетавме од патот. Доколу тоа ни се случеше на отворен пат, последиците би биле големи, изјави сведокот кој бил во тимот на обезбедување […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 13:00
•
Posted by: MK News
Министерството за култура и националната установа Природонаучен музеј на Македонија информираат за уникатно палеонтолошко откритие во близина на село Долни Дисан, Неготино, и за палеонтолошките ископувања кои во моментот се одвиваат, за колекционирање и конзервирање на пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид слон. Утре во 10 часот локалитетот ќе го посети и министерот за култура, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 12:52
•
Posted by: MK News
Автопатската делница Демир Капија Смоквица, по шест години изградба, пуштена во употреба денеска, со што се добива целосно автопатско решение долж Коридорот 10 на територијата на Македонија. Новите 28,2 километри автопат од Демир Капија до Смоквица ја чинат државата 270 милиони евра. Од нив 107 милиони евра се обезбедени со кредит од Европската банка за […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 12:47
•
Posted by: MK News
Шефот на обезбедувањето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Виктор Белевски, е првиот сведок на денешното рочиште во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот. Тој рече дека од сите блиндирани возила, тоа што го користел екс премиерот Никола Груевски било најпроблематично. – Под моја надлежност беа сите возила кои ни припаѓаат, едно од […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 12:44
•
Posted by: MK News
Од следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари. –Од 15 мај годинава Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со […]
______________________________________________________________________________________________________
23/04/2018 12:30
•
Posted by: MK News
Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти. Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk. Од Управата за јавни приходи […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2018 21:56
•
Posted by: MK News
Симеон Атанасов е осомничен дека по смртта на пејачката крадел уникати, од гардеробата се до урната на нејзиниот сопруг, музичарот Стево Теодосиевски. Еден од 47 посвоени синови на покојната дива на ромската музика Есма Реџепова, Симеон Атанасов, е приведен под основано сомнение дека го ограбил нејзиниот музеј на скопската тврдина Кале, кој е под заштита […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2018 13:42
•
Posted by: MK News
Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата, бараат итно одблокирање на сметките, како и ревизија на работата на извршителите. – На 1 Мај ги повикуваме тие што се сега блокирани и тие што биле блокирани и заради тоа биле многу онеправдани, ги […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2018 13:37
•
Posted by: MK News
Скопјанката Моника Ристеска, објави ново видео како пуши марихуана, но сега видеото е снимено во нејзиниот дом. Во него таа прашува: „Дома дозволено е?“. Девојката во четвртокот објави видео како пуши марихуана по скопските улици, а во петокот беше приведена во Градскиот парк во Скопје на информативен разговор. Таа се претставува голем поборник за легализација […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2018 13:29
•
Posted by: MK News
Семејствата на жртвите од масакрот кај Смилковското езеро заслужуваат правда. Заев во повеќе наврати ја најавуваше „вистината“ за случајот „Монструм“. Тврдеше дека има докази, односно телефонски разговори и смс пораки кои ќе фрлеле ново светло на случајот. Обвинетите ги прогласуваше за невини, а на роднините на егзекутираните момчиња им посочувал разговори на функционери од ДУИ […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2018 13:16
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Сите материјали кои ги имал за овој случај, како што рече, ги предал на судот. – Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2018 13:14
•
Posted by: MK News
На поранешниот шеф на обезбедување на претседателот на Собранието, Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, кои се дел од обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција. Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет […]
______________________________________________________________________________________________________
20/04/2018 15:27
•
Posted by: MK News
Голема змија денеска ги преплаши студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. -Змијата беше пред 3/4 барака и побегна низ тревата и се изгуби, препорачуваме прозорци да не оставате отворени да не добиете несакан цимер, напиша еден од студентите на ФБ групата. Друга студентка, прашува -уште нема нафта за да се искоси тревата? -И […]
______________________________________________________________________________________________________