18/04/2018 12:25
•
Posted by: MK News
Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев. – Земјата помина долг […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2018 15:07
•
Posted by: MK News
По дожделивата и облачна недела следува нов топол бран во Македонија. Дождот и облаците ќе се задржат до петок, а од сабота ќе почне разведрувањето. Од утре до петок ќе имаме речиси идентично време. Повремено ќе врне, а утре и задутре ќе има услови и за електрични празнења и поизразени процеси во форма на невреме. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2018 13:10
•
Posted by: MK News
БЕСА на Касами најверојатно ќе биде дел од Владата на Заев, јавува Плусинфо повикувајќи се на свои извори во партијата. Според информациите, ваков договор паднал на вчерашната средба Касами – Заев. „ – Беса 99 отсто ќе биде дел од Владата. Има готовност да добиеме едно ресорско министерство, но допрва ќе има разговори за поделбата […]
______________________________________________________________________________________________________
17/04/2018 13:07
•
Posted by: MK News
Мајката на убиениот Александар кај Смилковци прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица: – „Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквецот, прочита […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 21:30
•
Posted by: MK News
По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан што на 18 и 19 април (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден, 17 април, од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15:30 часот на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 21:09
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработиле своите деца во ЕЛЕМ – дознава Лидер од извори во оваа државна компанија. Како што пишува Лидер, Бесија Џафери, ќерка на претседателот на Собранието Талат Џафери во АД ЕЛЕМ е вработена како референт за правни работи од петти месецов. Од истиот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 21:06
•
Posted by: MK News
Две нови патари ќе плаќаат граѓаните кои ќе возат по новиот автопат Демир Капија Смоквица. Делницата, со должина од 28 километри, ќе биде пуштена во употреба крајот на овај месец, а изградбата на модерните наплатни пунктови се очекува да заврши најдоцна за 10 месеци. Тоа значи дека летово нема да се плаќа патарина на новиот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 12:45
•
Posted by: MK News
Судењето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, продолжи денеска во новата зграда на Кривичниот суд со слушањето на разговори од Посебните истражни мерки (ПИМ), без присуство на јавноста. Слушањето на разговорите од ПИ мерките поврзани со предметот почна на минатото рочиште. Денеска во судницата треба да бидат пуштени 30 разговори обезбедени […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 12:43
•
Posted by: MK News
МИА дојде до нацрт извештајот за Македонија во кој Европската Комисија препорачува безусловен старт на преговорите. Формулацијата, сепак, може да биде променета во последен момент предупредуваат извори во Брисел за МИА. – Во светло на постигнатиот напредок, ЕК препорачува преговорите за членство да започнат со Поранешната југословенска Република Македонија. Одлучувачки ќе биде задржувањето и продлабочувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
16/04/2018 12:40
•
Posted by: MK News
Бизнисменот Самир Мане, кој се смета за најбогатиот Албанец на Балканот, најави изградба на мини-град во Македонија. Тој планира овој град да го изгради на местото на Скопски саем, откако неговата компанија го доби тендерот за негово рушење и реализација на огромен објект во кој ќе бидат вклучени хотели, станбени објекти и трговски центар, пренесуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 23:20
•
Posted by: MK News
Жители од улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров вечерва околу 19 часот со контејнери го блокираа сообрќајот поради незгодата во која возило „опел астра“ удри десетгодишно дете, јавува Сител. Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци. Детето што вечерва беше […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 15:22
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 15:17
•
Posted by: MK News
Педагошки мерки за деветоодделенките кои брутално тепаа соученичка во основното училиште Гоце Делчев во Неготино, пријава во полиција и педагошки разговор со родителите на учесниците во тепачката. Ова е епилогот од случајот на крвничко тепање едно девојче од страна на две малолетнички, а сето објавено во јавноста со скандалозната снимка, објави Сител. Ги презедовме сите […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 15:03
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи се бара сопственикот на паричник кој е пронајден во Тетово. Во паричникот има 24.000 денари и сите лични документи на сопственикот.
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2018 14:54
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи на 27-ми април ќе одржи јавна аукција на која ќе бидат понудени голем број движни и недвижни предмети по мошне примамливи цени. Овој пат, на аукцијата се нудат околу 85 предмети, меѓу кои станови, градежни и земјоделски површини, автомобили, цистерни, куќен инвентар, компјутери, телевизори, машини, уметнички слики, солариуми и друго. Последен […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2018 11:36
•
Posted by: MK News
Видео снимката која се појави во јавноста, а на која јасно се гледа како две ученички брутално тепаат друго девојче во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, додека другите соученици само гледаат и снимаат со своите телефони, предизвика бурни реакции кај народот. Она што најмногу ги загрижува сите е тоа што никој од сведоците на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 21:17
•
Posted by: MK News
Вооружен инцидент се случи денес околу 14.30 часот во супер маркетот „Кипер“ на улицата Кемал Сејфула во Чаир, кога напаѓач пукаше во вработената. Повредената Г.А. и осомничениот претходно биле во љубовна врска, велат вработените во маркетот, кои го пријавиле пукањето во полиција. Видеото е отстрането од каналот Јутјуб.
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 21:15
•
Posted by: MK News
Од денеска па до 24 април на булеварот Партизански одреди ќе се изведуваат градежни активности за завршно асфалтирање, од улицата Франклин Рузвелт до раскрсницата со булевар 8 Септември. Поради тоа, на тој дел од булеварот Партизански одреди ќе се воведе привремен сообраќаен режим, информираат од Град Скопје. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да […]
______________________________________________________________________________________________________