13/04/2018 21:12
•
Posted by: MK News
Полицијата ја потврди информацијата дека во Чаир, попладнево се случила вооружена престрелка, во која една девојка со иницијали А.Ѓ. е жртва. Девојката според полицијата е пренесена на скопските клиники и е надвор од животна опасност. -Повредената и осомничениот претходно биле во љубовна врска, велат вработените во маркетот. Од МВР додаваат дека веднаш по пријавувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 20:57
•
Posted by: MK News
Попладнево пукање во маркет во Чаир, според информациите пукано било во вработената во маркетот. Во 14 часот и 38 минути вработени во маркет Кипер на улица Кемал Сејфула пријавиле дека машко лице пукало во вработената А.Ѓ, соопшти МВР. Вработената во маркетот не е во животна опасност. Била повредена во надколеницата и е пренесена на лекување. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 20:54
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија денеска претпладне беше претежно сончево. Дневната температура се движеше од 22 до 28 степени Целзиусови. Но, метеоролозите најавуваат голема промена за попладнево. Се очекува зголемување на облачноста, која ќе создаде услови за дожд. Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 17:14
•
Posted by: MK News
Освен цигарите Марлборо кои од вчера поскапеа за 10 денари, од денес се поскапи и цигарите од брендовите Бренд и тоа за 2 денари и Ориентал за 5 денари. Засега нема информација од Тутунски кабинат Прилеп на што се должи зголемувањето на цената, имајќи предвид дека се очекува сите брендови на цигари во земјава да […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 16:53
•
Posted by: MK News
До редакцијата на „Охрид1″ пристигна видео снимката на која се гледа како неколку девојки малтретираат друга девојка. Според јазикот на кој зборуваат девојките и присутните кои со телефон снимаат од страна, овој ужасен настан се одиграл во источна Македонија, а актерите во истиот се малолетни лица, кои посетуваат средно училиште, но нема информации кога се […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 16:46
•
Posted by: MK News
Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 13:54
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и […]
______________________________________________________________________________________________________
13/04/2018 13:27
•
Posted by: MK News
Пет бомби ќе се слушаат во судница за случајот Тендери, за кој на обвинителна клупа е поранешната кинистерка за култура, Елизабета Канческа Милевска. Судијата Осман Шабани и покрај приговорот на одбраната одлучи бомбите, односно пет прислушувани разговори да се слушат пред јавноста, па барањето се одби.
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 20:26
•
Posted by: MK News
Почитувани граѓани, Опстојувањето на актуелната влада е резултат на бројки, а не на реалното расположение на граѓаните. И оние од власта кои се чувствуваат недостижни и лажно ја градат розевата слика, треба да знаат и дека вистинскиот репер е волјата на народот, а таа ќе биде покажана на избори кога оваа најнеспособна влада до сега […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 17:42
•
Posted by: MK News
На веб страната на Агенцијата за вработување (АВРМ) е објавен оглас за вработување со екстра поволни услови. Според информациите во огласот, станува збор за прилепската компанија “Грабит“ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп која тековно има потреба од вработување на 5 инженери за компјутерски науки. Во огласот е наведено дека основната плата изнесува 100.000 денари, а работното време […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 17:12
•
Posted by: MK News
Постигнат е напредок за дел од прашањата кои се веќе созреани, а за дел се уште постојат разлики, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба во Охрид со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Димитров кажа дека имале отворени и искрени разговори и оти првпат станало збор за временската рамка и за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 14:03
•
Posted by: MK News
Поранешниот премиер Никола Груевски по завршувањето на денешното судско рочиште за „Титаник“ рече дека рочишта секогаш има кога се преговара за името со Грција. – И денеска како што можевте да забележите на електронските агрегати тема број еден е „Титаник“, а тема број два е името. Минатиот пат кога имавме рочиште за „Титаник“, имаше преговори […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 12:07
•
Posted by: MK News
На денешен ден пред шест години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден. За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:58
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи вчера девојка го сподели искуството после нападот од маж на возраст од триесеттина години, кој се случил во населбата Карпош 4 во Скопје. Еве го нејзиниот пост Таа тврди дека истиот ја нападнал и пред две години и бара од надлежните да реагираат, jавува Република.
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:57
•
Posted by: MK News
Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс министерот за здравство Никола Тодоров. За ова дело, тој доби условна казна затвор од 2 години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело. Стојановски не призна вина за обидот за убиство и за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:46
•
Posted by: MK News
Со 40 гласа за, а 62 против и двајца воздржани пратениците ѝ изгласаа доверба на владата предводена од премиерот Зоран Заев. На 42 седница, на која единствена точка на дневниот ред беше изгласување недоверба на Владата, присустввуале 107 пратеници. Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:40
•
Posted by: MK News
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас претпладнево во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба во Охрид истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:34
•
Posted by: MK News
Поскапеа дел од цигарите во маркетите низ Македонија. Според информациите кои ги објави порталот Прес24, ако сакате да купите кутија Марлборо, од денес ќе треба да платите 10 денари повеќе. Скоро секоја година, периодот март-април е препознатлив по тоа што започнуваат првите покачувања на цените на цигарите како подготовка за зголемувањето на акцизата која секоја […]
______________________________________________________________________________________________________