Повредената девојка во маркетот надвор од животна опасност


Попладнево пукање во маркет во Чаир, според информациите пукано било во вработената во маркетот.

Во 14 часот и 38 минути вработени во маркет Кипер на улица Кемал Сејфула пријавиле дека машко лице пукало во вработената А.Ѓ, соопшти МВР.

Вработената во маркетот не е во животна опасност. Била повредена во надколеницата и е пренесена на лекување.

Мотивите засега не се познати, но најверојатно се нарушени лични односи со напаѓачот.

Полициски службеници веднаш излегоа на лице место и се работи на расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1