УХМР издаде предупредување – подгответе се за невреме


Времето во Македонија денеска претпладне беше претежно сончево. Дневната температура се движеше од 22 до 28 степени Целзиусови. Но, метеоролозите најавуваат голема промена за попладнево. Се очекува зголемување на облачноста, која ќе создаде услови за дожд.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови. Во сабота уште повеќе ќе се зголеми облачноста, а во недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјава. Во понеделник ќе биде посвежо за неколку степени и врнежливо.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1