12/04/2018 12:07
•
Posted by: MK News
На денешен ден пред шест години кај Смилковското Езеро беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Масакрот се случи на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден. За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:58
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи вчера девојка го сподели искуството после нападот од маж на возраст од триесеттина години, кој се случил во населбата Карпош 4 во Скопје. Еве го нејзиниот пост Таа тврди дека истиот ја нападнал и пред две години и бара од надлежните да реагираат, jавува Република.
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:57
•
Posted by: MK News
Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс министерот за здравство Никола Тодоров. За ова дело, тој доби условна казна затвор од 2 години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело. Стојановски не призна вина за обидот за убиство и за […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:46
•
Posted by: MK News
Со 40 гласа за, а 62 против и двајца воздржани пратениците ѝ изгласаа доверба на владата предводена од премиерот Зоран Заев. На 42 седница, на која единствена точка на дневниот ред беше изгласување недоверба на Владата, присустввуале 107 пратеници. Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:40
•
Posted by: MK News
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас претпладнево во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба во Охрид истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:34
•
Posted by: MK News
Поскапеа дел од цигарите во маркетите низ Македонија. Според информациите кои ги објави порталот Прес24, ако сакате да купите кутија Марлборо, од денес ќе треба да платите 10 денари повеќе. Скоро секоја година, периодот март-април е препознатлив по тоа што започнуваат првите покачувања на цените на цигарите како подготовка за зголемувањето на акцизата која секоја […]
______________________________________________________________________________________________________
12/04/2018 11:34
•
Posted by: MK News
Владата и официјално го назначи Љубе Бошковски за советник за странски инвестиции во кабинетот на премиерот Заев. Лидерот од Обединети за Македонија бил единствениот кандитат кој ги исполнувал условите кои се барале на огласот – диплома од правни науки, активно познавање на англискиот јазик и 5 годишно искуство во струката. Платата која Бошковски ќе ја […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:27
•
Posted by: MK News
Од Александар Македонски на скопскиот плоштад веќе нема да се слуша музика, а светлосните ефекти и натаму ќе ги осветлуваат споменикот и фонтаната, објави „Независен“. Ова е одлука на градоначалникот Петре Шилегов, а по барање на жителите од околните згради. Група граѓани се жалеле дека музиката која „излегувала“ од споменикот им пречела, особено во вечерните […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2018 15:24
•
Posted by: MK News
Повеќе од 31.000 јајца се поништени како небезбедни во инспекциските контроли пред велигденските празници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Спроведени биле 181 вонредни, засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Од нив, 110 биле во малопродажните објекти, а 35 на зелените пазари и 36 на сортирници за […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2018 21:22
•
Posted by: MK News
Пожарот што избувна попладнево во канцеларии на Министерството за правда во центарот на Скопје е изгаснат. Повредени нема, причинета е материјална штета која дополнително ќе се утврдува. Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарна бригада на град Скопје изјави дека во пожарот изгореле три канцеларии на четвртиот кат, но оти од големата топлина има оштетување и на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2018 21:10
•
Posted by: MK News
Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општина Сарај, Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Шуто Оризари. Од 08:30 до 10:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од селата Кондово, Кучково, Бојане, Копаница, Рашче Грачани, Рудникот Радуша, викенд населбата Веле Поле и Караулата Чашка […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 15:15
•
Posted by: MK News
Се поголем број кучиња има на скопските улици, особено во попладневните и вечерни часови. Трчаат во глутница, напаѓаат минувачи особено се нафрлаат врз оние кои носат ќесе во рака или пак возат велосипед. Освен во Аеродром, голем број агресивни кучиња има и на Плоштадот Македонија. – Само во месец март во полиција се пријавени 32 […]
______________________________________________________________________________________________________
09/04/2018 14:57
•
Posted by: MK News
Алијансата за Албанците на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да претходи парламентарен изборен процес. Оваа едногласна одлука на партијата се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2018 14:30
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ достави до Собрание интерпелација за Владата на премиерот Зоран Заев. Ова за ТВ21 го потврди координаторот на партијата, Драган Данев. Интерпелацијата ја достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ без да даде изјава за медиуми поради празникот Велигден. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски истакна дека очекува да се изгласа во среда недоверба на Владата.
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2018 14:21
•
Posted by: MK News
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Времето денеска е сончево и релативно топло, со слаб ветер претежно од источен правец. Во попладневните часови утре ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд во западните планински предели. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, потоа ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со дневни температури кои речиси насекаде […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2018 17:29
•
Posted by: MK News
Животот знае да ти удри шамар кога најмалку очекуваш и се надеваш. Големината на човекот е да се соочи со кошмарот и од него да излезе уште посилен. Прочитајте го статусот на Надица од Скопје, која ја загуби својата мајка во поплавите кои се случија пред непони две години во скопскиот регион: “Кога ти реков […]
______________________________________________________________________________________________________
07/04/2018 17:26
•
Posted by: MK News
22-годишниот Флорим Мисини кој по престрелката во Мала речица беше пренесен во Ургентниот центар во Државната болница „Мајка Тереза“, е надвор од животна опасност. На Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување му бил извршен оперативен зафат и докторите успеале да му го спасат животот. Од КАРИЛ за „Фокус“ велат дека Мисини бил донесен на […]
______________________________________________________________________________________________________