05/04/2018 23:04
•
Posted by: MK News
Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени. Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување. Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 23:01
•
Posted by: MK News
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент. – Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 22:59
•
Posted by: MK News
Наим Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва било убиено во Куманово во вооружен судир помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, пишува ТВ Шења. Според истите извори, на оваа пресметка и претходела расправија помеѓу двете групи. Реџепи е од село Белановце, Липковско. Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 22:54
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а двајца се повредени. Наип Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва во Мала Речица е убиено, неофицијално информира весникот на албански јазик КОХА, а рането било уште едно лице исто така од Куманово. Според она што е досега познато, непознати лица кои биле во два различни автомобили, застанале на улица и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 22:41
•
Posted by: MK News
Едно лице е убиено, а едно повредено во вооружен инцидент што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица. Како што потврдија од МВР, денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв. Од Клиничка болница Тетово било пријавено […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:43
•
Posted by: MK News
Откажувањето на еден од моторите на авионот на Унгарската компанија „Визер“, при слетување на „Меѓународниот аеродром Скопје“, на минатонеделниот лет од Базел, надлежните воздухопловни авторитети го класифицирале како „серизоен инцидент“, за МИА информираа од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Авионот „Ербас 320“ бил стар 13 години и последниот редовен сервис му бил извршен во април […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:14
•
Posted by: MK News
Кумановскиот суд му изрече казна затвор од шест години на Бобан Илиќ за случајот со малиот Алмир. Исто така за осудени се прогласени и Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу за делото „насилство“ и се осудени со казни затвор од шест до девет месеци. Обвинетиот Бобан Илиќ се товари за „тешко дело против безбедноста […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:14
•
Posted by: MK News
Попладнево времето ќе биде променливо облачно, на места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец. Во ноќните часови врнежите ќе бидат поинтензивни, особено во северните и централните делови.Врнежите ќе продолжат и утре и во сабота претпладне. Поинтензивни врнежи ќе има во северните и […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:11
•
Posted by: MK News
За Велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Како што соопшти МВР, во сабота во периодот од 18,00 часот па до завршувањето на чествувањето на празникот за време […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:10
•
Posted by: MK News
Македонската православна црква – Охридска архиепископија годинава ќе го добие Благодатниот ерусалимски оган со помош на Бугарската православна црква. По 13-ти пат бугарски духовници ќе заминат во Ерусалим, од каде во предвечерјето на Воскресението Христово ќе го донесат Светиот оган. Делегацијата ќе биде предводена од Западно и Средноевропскиот митрополит на БПЦ, Антониј. По неговото враќање […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:07
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата. ” Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 16:06
•
Posted by: MK News
Седум решенија за притвор на лица поврзани со настаните во Собранието од 27 април минатата година беа потврдени денеска од Апелацискиот суд Скопје. Меѓу одбиените жалби е таа на режисерот Борис Дамовски. Жалбата на Дамовски се однесуваше на мерката куќен притвор. Другите шест одбиени жалби се однесуваа на решенија за притвор, а меѓу нив се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 13:10
•
Posted by: MK News
Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, објасни министерот за здравство Венко Филипче. Изутрината имале состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 12:57
•
Posted by: MK News
Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од Здравствен дом Скопје. Нагласуваат дека саботното дежурство на 7 април на сите специјалистички служби ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2018 12:42
•
Posted by: MK News
Со вечерната богослужба на Велика Среда завршуваат великоипосните богослуженија, а продолжуваат посебни богослужби, со друг состав и со особено значење. До Велика Среда во богослужбените текстови има поттик за плач на луѓето заради својата грешност, а од Велики Четврток започнува поинаков плач на верниците – плач од глетката на ужасните страдања, мачења и распнување на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Уставните судии денеска ќе расправаат дали да поведат постапка за уставноста на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите, пишува на веб страницата на судот. Иницијативата е поднесена лани, а оваа точка е четврта на дневниот ред на судот. Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2018 13:30
•
Posted by: MK News
Идентификувано и приведено е лицето кое изврши напад врз пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милески, изјави министерот за внатрешни работи Oливер Спасовски. Спасовски во интервју за Канал 5 вели дека станува збор за лицето П.В од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата, тврди дека МВР презело многу сериозни мерки за расчистување […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2018 13:28
•
Posted by: MK News
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) од понеделникот е со блокирана сметка за 410.000 евра, пишува „Плус Инфо“ Блокадата доаѓа по тужби на родители на деца родени во 2008 година кои останале слепи бидејќи се задоцнило со дијагностицирање на ретинопатија. Во тој период не постоел протокол за посета односно програма за соработка на Клиниката […]
______________________________________________________________________________________________________