Сеќавање – Зошто и како беа убиени петмината на Смилковско езеро


Нарасната трева и над еден метар. Водата надојдена, езерото полно поради силните дождови што се слеваа низ Скопје изминатите недели. Првиот сончев пролетен ден донесе и рибари на Смилковското езеро.  Чувари нема.

ubieni deca smilkovci

Пред години во 2012, на Велики четврток, ова беше најтажното место на светот. Петмина луѓе беа грозоморно убиени без никаков повод и причина. Наредени на земја и брутално егзекутирани. Петтата жртва, според полициската истрага, беше очевидец. Мораше да плати со живот за тоа што го видел.

Четворицата другари постеа, беше неделата пред Велигден. На Велики четврток, околу 15 часот појдоа да ловат риба на таканареченото „Железарското езеро“ кај Смилковци, оддалечено неколку километри од нивните домови. Седум часа подоцна, нивните тела наредени едно до друго беа најдени на земјениот пат кај малото езеро.

Според вештаците, причина за смртта на Цветанчо Ацевски било задушување откако белите дробови му се наполниле со крв по проектилот што го погодил во главата.

Филип Славковски починал поради оштетување на срцето од проектил што влегол од градната страна.

Четири прострелни рани биле забележани на телото на Кире Тричковски, од кои три прострелни.

Александар Наќески бил погоден со најголем број на куршуми – осум. Три завршиле во градите кои смртоносно му ги оштетиле срцето и белите дробови.

На Борче Стефковски му било пукано во главата. Тој, како што објаснија вештаците, бил погоден со четири проектили.

Македонија занеме од тага. Малку фалеше гневот да ја фрли земјава во граѓанска војна. Полицијата реагираше бргу. Три недели по масакрот, беа уапсени дваесетина лица, следбеници на радикалниот ислам, кои според МВР, се одговорни за убиствата.

Прашањата што ги мачат се истите веќе 3 години:  зошто се убиени?

Видео снимки од известувањето на медиумите по убиството

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1