Ова направете им го на децата пред легнување – обичаи за Велика сабота


Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. Се прават последни подготовки и се чисти.

На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

Треба да се стане рано, а да не се легне пред полноќ. Ако легнете порано тоа значи дека со наредниот Велигден ќе ви помине годината поспано.

Наутро може да се измиете со вода во која ќе чувате едно црвено јајце и босилек.

Децата се мијат со црвено јајце.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1