Започна охридската рунда преговори за името – Димитров и Коѕијас во Охрид


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас претпладнево во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба во Охрид истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите, но далеку од решение за кои Атина инсистира на уставни промени за кои Македонија смета дека не се потребни.

– Се надевам на прогрес и мислам дека однесувањето на Грција и Македонија во однос на процесот сигнализира дека процесот е во деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори. Се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува во Охрид, изјави Димитров пред средбата со Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија, пак, вчера во Белград пред да отпатува за Охрид рече дека дека е направен чекор напред во решавање на спорот за името и оти за негово затворање е потребен компромис.

– Реализам и прагматизам е клучот на решението. Потребен е компромис, но не гнил компромис. Двете страни мора да разберат дека не можат да добијат се, рече тој по средбата со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

 

Коѕијас синоќа допатува во Охрид, каде имаше работна вечера со неговиот домаќин Димитров. Во рами на неговата мини балканска турнеја, тој поладен од Охри треба да замине за Приштина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1