Archive | Македонија RSS feed for this section

Најава од УХМР за невреме викендов – засилен ветер, пороен дожд

Засилен ветер, кој повремено ќе надминува 80 километри на час и ќе услови транспорт на песок и прашина од северните делови на Африка најавуваат метеоролозите за утре. Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени. Кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Рушењето на Космос е чисто како солза

Никола Груевски во своето обраќање кон судот за случајот ТНТ истакна дека овој случај е политички монтиран и го оцени обвинението како апсурдно. -И овој процес како и останатите случаи е политички за да бидам срушен од власт, рече Груевски. -Јас сум обвинет како потикнувач на потикнувачот на потикнувачот, на потикнувачот, што е само по себе апсурдно. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија побара помош од Косово за спроведување на Законот – Од Косово и Албанија стигаат учители за албански јазик

Косовскиот заменик премиер Енвер Хоџај, на денешната владина седница информирал дека Владата на Република Македонија побарала помош од Косово за имплементација на двојазичноста во институциите во Македонија, по усвојувањето на законот кој овозможува поширока употреба на албанскиот јазик, пишува „Газета експрес“. Хоџај на седницата кажал дека македонската влада го упатила барањето, со оглед на доброто […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев најави реконструкција – добредојдена е опозицијата, без ВМРО-ДПМНЕ (Видео)

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека ќе има реконструкција на Владата и оти почнуваат разговори за зголемување на парламентраното мнозинство. – Веројатно ќе разговараме со сите опозициски политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ – истакна Заев по денешниот Форум за владеење на правото во ЈИЕ. Реконструкцијата на Владата и евентуалните промени во ресорите, како што посочи […]

______________________________________________________________________________________________________

Ременски: Почнати се подготовките за попис

Според мои информации во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски при вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. – Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – порача таа на дебатата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Наместо за убиство на Алмир, обвинетиот ќе одговара за сообраќајка

Обвинетиот кумановец Бобан Илиќ, наместо за убиство со умисла на четиригодишниот Алмир Алиу, ќе одговара за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кривично дело за кое според Кривичниот законик е предвидена максимална казна до десет години. Прекфалификацијата на делото ја направи обвинителката во нејзините завршни зборови. Таа во кумановскиот суд посочи […]

______________________________________________________________________________________________________

Божиновски: А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната?

Денеска по медиумите излезе информацијата дека оние кои што нема да го почитуваат Законот за јазиците кој насилно беше донесен вчера во Собранието на Република Македонија, ќе платат казна од 4. 000 до 5. 000 евра во денарска противречност. – А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната – праша политикологот Владимир Божиновски во […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведен поранешен директор на службата за општи и заеднички работи

Министерството за внатрешни работи го привелa Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, пишува Република. Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ. Од финансиската полиција официјално само […]

______________________________________________________________________________________________________

Фармацевт предавал математика, инженер држел часови по англиски

Тема на денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ” беше образованието, односно лошото раководење во Средното општинско техничкото училиште „Гостивар” за време на мандатот 2013-2017. „Иако има многу злоупотреби во ова средно училиште, денес ќе ве информираме само за неколку од нив. Дипломиран фармацевт бил ангажиран со полн 20-часовен фонд за математички предмети. […]

______________________________________________________________________________________________________

Што всушност не чека по законот за двојазичност: Македонскиот не мора да го знае секој службеник, но Албанскиот – МОРА

Законот за употреба на јазиците, кој вчера беше изгласан во Собранието со 64 гласа „за”, предвидува низа промена во државата кои ќе имаат и финансиски реперкусии, како што е формирањето на посебна Агенција и Инспекторат, задолжени да ја надгледуваат примената на законските одредби, пишува Сител. Законот стапува на сила веднаш по објавувањето во Службен весник. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео обраќање на Заев: Со Законот за јазици никој не губи, а сега е време за реформи

Премиерот Зоран Заев, денеска преку видео обраќање порача дека Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во градењето на концептот „Едно општество за сите граѓани“. „Оваа наша, и европска вредност, ја доби поддршката од мнозинството граѓани на последните парламентарни избори, но и на локалните избори. Таа вредност: Македонија – земја на сите граѓани, е концепт […]

______________________________________________________________________________________________________

Љубчо Георгиевски: Пред 15 години ги предвидов денешните настани

Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо? Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар.А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се пуши на тераси, Собранието ги усвои измените на законот

Пратениците денеска на продолжението на 11. седница ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка. За Законот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан при присуство на 61 пратеник. На седницата не присуствуваа пратенциите од редот на опозицијската ВМРО-ДПМНЕ.   – Во сила останува целосната забрана за пушење во […]

______________________________________________________________________________________________________

Брисел се огласи за изгласувањето на Законот за јазици

Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија, како што е најавено во планот 3-6-9, и го нотира вчерашното усвојување, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич.– Имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди, вели Коцијанчич. Додаде оти очекувањата на Европската комисија се Собранието […]

______________________________________________________________________________________________________

Опожарен автомобилот на пратеничката Шуманска- Митева, МВР презема мерки

Синоќа е опожарен автомобил „Сеад Леон“, сопственост на пратеничката Славица Шуманска – Митева. Инцидентот се случил во 1 часот и 30 минути по полноќ во Виница, на улицата „Славчо Стојменски“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека непознати сторители го скршиле стаклото на патничкото моторно возило, ја полеале внатрешноста со запалива течност и го запалиле автомобилот. […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери негира дека Собранието интервенирало во гласањето кај Села и Гаши

Претседателот на Собраниетo, Талат Џафери, го одби барањето на пратеникот Зијадин Села, поединечно да се гласа за Законот за употреба на јазиците, откако листингот на Собранието покажа дека електронскиот систем не го регистрирал нивниот глас. Според Џафери Законот е изгласан од 64 пратеници и гласањето е полноважно, поради што не може да се спроведе поединечно […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет пратеници од СДСМ и коалицијата не гласале за Законот за јазиците

Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за јазиците покажуваат собраниските листинзи. Ковачев е на трудничко боледување, но пртетпладнето можеше да се забележи во собраниската сала. Според листингот, за Законот не гласале ниту лидерот на алијансата за Албанците, Зијадин Села, ниту пак, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мухиќ, Гаши и Села велат дека гласале за законот за јазици, бараат да се објават снимки од гласањето

Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ кажа дека вчера гласал „за“ за Законот за употреба на јазиците, обраќајќи се процедурално на почетокот на денешната собраниска седница. На листингот од гласањето, Мухиќ е регистриран како да не гласал. „Го притиснав копчето, не знам како, остана нерегистрирано. Апсолутно сум гласал, како и што се гледа при […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1