Archive | Македонија RSS feed for this section

Жугиќ: Во управни одбори има и сторители на кривични дела

Љубица Јанчева, претседателката на Советот на Град Скопје, и градоначалникот Петре Шилегов по директивите на СДСМ именуваа повеќе од 100 лица за членови во управни одбори во јавните претпријатија, обвини Јелена Жугиќ, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Таа тврди дека дел од нив се партиски активисти на СДСМ и дека меѓу нив има луѓе […]

______________________________________________________________________________________________________

Неизвесна разврската за над 35.000 амандмани на Законот за јазиците

Се уште не се знае дали утре или во текот на следните денови во Собранието ќе дојдат на дневен ред над 35.000 амандмани поднесени од опозицијата за Законот за јазиците и како ќе се надмине оваа ситуација, која би можела да го блокира Парламентот. Официјално од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека до крајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Коѕијас во Скопје и нова рунда преговори за името до крајот на март

Втората половина на март шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас треба да пристигне во посета на Скопје на средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, а нова рунда за преговарчкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април, најави премиерот Зоран Заев. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ајдари избран за уставен судија, Солев и Илиевски за членови на Советот на ЈО

Собранието на Република Македонија денеска го избра Насер Ајдари, дипломиран правник и државен правобранител, за нов судија во Уставниот суд на Република Македонија. За изборот на Ајдари немаше расправа на собраниската седница. За предлогот гласаа 62 пратеници, немаше ниту, воздржани ниту против. За изборот на уставниот судија гласаа и присутните пратеници од помалите етнички заедници. […]

______________________________________________________________________________________________________

Готов проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце

Изградбата на автопатот од Скопје до Блаце е врвен инфраструктурен приоритет за Владата, бидејќи имаме значителна економска размена со Косово и ќе се обидеме што побрзо да биде реализиран, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Проектот за патот од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, чија проценета вредност е 63 […]

______________________________________________________________________________________________________

Приведени две од трите лица кои повредија малолетник на Рекорд

Полицијата ги идентификува тројцата учесници во инцидентот кои на 1 март на автобуската постојка Рекорд во центарот на Скопје му нанесоа убодна рана на З.Т.(17) од Скопје. Како што информира директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски на денешната прес-конференција, утрово се приведени две од трите лица кои се учесници во настанот, а во […]

______________________________________________________________________________________________________

Падна првата оставка во Антикорупциска

Падна првата оставка во Државната комисија за спречување на корупцијата. Членот на Комсијата и поранешен претседател, Горан Миленков си поднесе оставка, но не ги објасни причините за телевизијата. Ова е прва оставка по скандалот за несовесно трошените пари од страна на членовите на Антикорупциска. Се појавија тврдења во медиумите дека членовите со лажни патни налози […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети не го коментира случајот со полицајката, тоа било работа на надлежните

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одби да го коментира случајот поврзан со функционер на партијата Бекир Асани, кој како што информира МВР, вербално нападна полициска службеничка. – Не разговаравме за изолирани ситуации. Со тоа нека се занимаваат органите на правдата, рече Ахмети, на новинарско прашање по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Оливер Спасовски веќе не поминуваат

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Срамен е начинот на кој што СДСМ ги потценува граѓаните. Вчера јавноста беше сведок на настан во кој што целиот врв на Министерството за внатрешни работи ја повика полициската службеничка на состанок, за да им претстават на граѓаните дека таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради реконструкција, на Клиника за неврохирургија до средина на мај само итни случаеви

Клиниката за неврохирургија, единственото место во државата каде што може да се прават неврохируршки операции до средината на мај ќе се реконструира, со што ќе биде намален капацитетот за хоспитализирање на пациенти. Средината на февруари се огласи Клиниката за неврохирургија известувајќи ги колегите дека започнува со комплетна реконструкција на Одделот за интензивно лекување и Одделот […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП: На 15 март истекува рокот за Годишни даночни пријави

Истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава за остварените дополнителни приходи до Управата за јавни приходи. Управата за јавни приходи информира дека до сега 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава, а се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата. Со цел да се намалат турканиците пред даночните шалтери особено во […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓани започнуваат со лов на корумпирани извршители

Граѓани што се организираат преку социјалните мрежи, протестираа пред Комората на извршителите во Скопје. Тие велат дека почнува ловот на корумпирани извршители и сметаат дека нивното дејствување надвор од судовите е непотребно, а однесувањето е недозволиво. Протестот е реакција на новиот Закон за извршувањето, со кој, доколку граѓаните немаат платено комунални сметки, извршителот не смее […]

______________________________________________________________________________________________________

Зијадин Села: Македонците кои го запалија моето знаме се примитивни, фрустрирани варвари

Силно го осудуваме палењето на албанското национално знаме во центарот на Скопје од страна на македонски демонстранти во знак на протест поради прашањето за името со Македонија со Грција, изјавил лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, откако група на провокатори за кои организаторите се сомневаат дека се намерно уфрлени, го запалија албанското знаме на […]

______________________________________________________________________________________________________

За МВР случајот со повредената полицајка е затворен – функционерот доби прекршочна пријава

Веднаш по случувањето на настанот, како што рече, се земени службени белешки од полицаецот кој постапувал и од неговите колеги кои биле на местото на настанот и тој материјал, нагласи, е предаден на ОЈО, а воедно е поднесена и прекршочна пријава за омаловажување на полицаец. – Како одговорен човек чувствував обврска да ја повикам колешката […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва официјална средба на Ахмети и Мицкоски

Актуелната политичка и економска состојба во Македонија, реформите, спорот за името и односите меѓу власта и опозицијата, некои од темите на денешната прва официјална средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Али Ахмети истакна дека ова не било средба за договорање за Законот за употреба на јазиците. – […]

______________________________________________________________________________________________________

Поставени таблите „Пријателство“ на автопатот

На Автопатот Табановце – Богородица, кој води од границата со Србија до границата со Грција поставени се таблите со новото име „Пријателство“. Поставувањето на таблите следи по одлуката за промена на името на автопатот „Александар Македонски“ кое беше најавена по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос. Одлуката за […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски: Доколку има снимки од инцидентот кај ТЦ Мавровка да се достават до МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повикува сведоците на инцидентот кај ТЦ Мавровка во кој полицајка вербално била нападната додека ги извршувала своите работни задачи на крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ и улицата „Филип Втори“ во Скопје, како и сите кои имаат снимки да ги достават до МВР за да можат да ги процесуираат […]

______________________________________________________________________________________________________

„Макфакс“ нуди значителна награда за снимка од инцидентот со полицајката

Редакцијата на „Макфакс“ на секој што ќе достави или испрати снимка од инцидентот што се случи со полицајката и членот на ДУИ, Бекир Асани, ќе му даде значителна награда. Овој потег е поради потребата на јавноста да ја знае вистината и поради сомнежот што се појави по официјалната верзија на МВР. Контакт: [email protected]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1