Archive | Македонија RSS feed for this section

Сончево време со температура до 19 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд (над 2000 мнв повремен слаб снег). Максималната температура ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчки медиуми: Провокација од Заев – бара да се отвори грчкиот Устав

Провокација, за грчките медиуми, е вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, кој препорача да се отвори и грчкиот Устав „за се види како Грција води грижа за Грците надвор од земјата“. Новинарите генерално го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА, но под различни наслови. „Провокација од Заев: И Грција да го отвори […]

______________________________________________________________________________________________________

Вардар се излеа во центарот на Скопје

На неколку места е излеана реката Вардар во Скопскиот регион. Излевање има по течението во центарот на Скопје, како и кај мостот кон Јурумлери во општина Аеродром и на местата викани Вител, Чука и Средоред во општина Зелениково. Центарот за управување со кризи информира дека во останатите делови од државата на места поплавени се земјоделски […]

______________________________________________________________________________________________________

Партиите имаат една недела да најдат решение за 35.000 амандмани

Претседателот на Собранието им дал една недела на политичките партии да најдат решение, затоа што можностите што тој ги имал како претседател се исцрпени.Џафери во емисијата „200“ на ТВ Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците без притоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Тумори на дишното стебло ќе се острануваат без хирушки зафат на Пулмологија

Сите видови тумори, полипи, кои растат во самото дишно стебло и прават опструкција со помош на крио сонда по пат на замрзнување и внесување бронхоскоп внатре во дишните патишта ќе може на Клиниката за пулмологија да се отстранат без да се прави хирушки отвор со класична операција и без крварење. Целата интервенција трае околу една […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Не биле само 4, туку по 12 илјади евра за патни трошоци на пратениците

Пратеникот на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Алија Камбероски, е рекордер според исплатени патни трошоци во Собранието за 2017 година. Тој од март до ноември лани за само девет месеци од Собранието добил 12.847 евра за патни трошоци. Ова значи дека во просек, само за патот до Собранието и назад, месечно добивал дополнително по 1.427 […]

______________________________________________________________________________________________________

Применета нова метода за превенција од мозочен удар

Шеесет и петгодишен Македонец е првиот пациент на кого му е ставен стент на каротида со новиот систем „неурогард“, кој го разви компанијата „Контего медикал“ од Јужна Каролина. Интевенцијата ја изврши д-р Сашко Кедев на Универзитетската Клиника за кардиологија. Со стентирање на каротидите, односно артериите што одат во мозокот, практично се спречува појава на мозочен […]

______________________________________________________________________________________________________

Грнчаров го посети избодениот Комита: Малечок, те чекаме на трибина (ФОТО)

Капитенот на македонскиот фудбалски првак Вардар, Бобан Грнчаров, денеска беше во посета на Златко Трајковски, повредениот навивач на црвено-црните, кој беше избоден во четвртокот во центарот на Скопје. Повредениот Злате, како што го нарекуваат најблиските и неговите колеги од трибината, е во добра здравствена состојба, но не се знае уште колку ќе остане на болничко […]

______________________________________________________________________________________________________

По 12.000 евра за фирма која ќе вработи тројца млади

Владата на попладневната седница донела одлука за формирање на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места. Станува збор за проект кој се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на […]

______________________________________________________________________________________________________

Бекир Асани повторно паркира на истото место (ВИДЕО)

Бекир Асани, поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир, повторно го паркирал своето возило на истото место каде што при обид пајак-служба да го крене возилото, пајакот ја повреди полицајката. Sitel.com.mk

______________________________________________________________________________________________________

Се нуди награда од 25 илјади долари за пронаоѓање на актерката Шабани од Скопје

Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани. Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности. – Последен пат е видена во близна на блок 1700 […]

______________________________________________________________________________________________________

Цел ден се чека на почетокот на собраниската седница за амандманите за Законот за јазиците

Се уште е неизвесно дали денеска ќе почне продолжението на 32. собраниска седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците за кој ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани. Седницата најнапред беше закажана за 12 часот, а потоа за 15 часот, но и по час и половина доцнење во Парламентот нема никаков […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Каква било промена во Уставот не значи трајна гаранција за Грција

Промената на било што во правниот систем Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за барањата од Атина за промена на Уставот како гаранција за евентуалното решени на спрото за името. – Многу е важно да […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев во суд: Невин сум за „Поткуп“, случајот е конструиран -Снимките прифатени како доказ

Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата. – Во спрега со Обвинителството конструираа обвинителен акт со злобни намери да бидам спречен за политичко дејствување. Ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Административците што седеа дома конечно на работа

Вкупно 1.600 вработени според рамковниот договор, а кои седеа дома, ќе бидат распоредени на работни места. Тие ќе добијат работни места соодветни на нивното образование, работни способности и знаење, а на работните места ќе се најдат уште следната недела. Ова го изјави денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација,Дамјан Манчевски по средбата со синдикатот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ги поздрави оставките на антикорупционерите

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на дел членовите од Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) да поднесат оставки. – Можеме да ги ослободиме институциите доколку бидеме транспарентни, отчетни и доколку преземеме одговорност, макар и етичка. Убеден сум дека на Македонија и треба сериозна Антикорупциска комисија, која ќе почива на сите потребни меѓународни […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицајката даде изјава во обвинителството

Полицајката Јасмина Јаначковска даде изјава во обвинителството за инцидентот со функционерот на ДУИ Беќир Асани. За медиумите таа не сакаше да даде изјава. Јаначковска беше нападната од Асани кај трговскиот центар „Мавровка“ откако му повика пајак служба поради непрописно паркирање. Таа на средбата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека функционерот на ДУИ […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот на Антикорупциска Игор Тантуровски поднесе оставка

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски поднесе оставка, потврдија Антикорупциска. Тој изутрината ја доставил оставката до Собранието. Оставка вчера поднесе и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков, кој беше првиот што се повлече од функцијата, откако пред неколку дена беше обајвен скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1