02/02/2018 13:42
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи неодамна се појави видео на кое може да се види како лица фрлаат вреќи од балкон на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во скопската населба Тафталиџе, кои според очевидци биле полни со гипс. Корисничката која го објавила видеото напишала дека едно од фрлените парчиња за малку ќе и паднело врз глава. https://www.facebook.com/nina.anicin/videos/10211320284190630/ Според […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес. „Улогата на медиумите […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 13:15
•
Posted by: MK News
На маса нема предлог и медијаторот Метју Нимиц со право е внимателен и сака повеќе да разговара за да, ако стави нешто на маса, има барем теоретски шанси да биде прифатено. Ова го изјави министерката Радмила Шеќеринска, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. – Во изминатиов период сме внимателни со изворите, на грчка страна има […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:49
•
Posted by: MK News
Либерално-демократската партија остро и недвосмислено се оградува и се спротивставува на непрофесионалното и недолично однесување на вработениот од Министерството за надворешни работи. Според партијата, вработениот се осмелил да му се заканува на новинарот од „ТВ 21“, Фуркан Салиу, да не поставува прашања на јавен настан и притоа да го условува со наводно интервју по прес-конференцијата. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:47
•
Posted by: MK News
„Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“, изјавил вработен во МНР, по прес конфренцијата на Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц, тврди телевизијата ТВ21. Со овие зборови Јане Лазевски од МНР се обидел да го замолчи новинарот на ТВ21 и да не му дозволи да постави прашање на прес конференцијата, по средбата на министерот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:40
•
Posted by: MK News
Владата ќе комуницира со граѓаните преку социјалните мрежи и преку јавниот радиодифузен сервис МРТ, а нема намера за тоа да троши буџетски пари, одговори владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прашањето од „Мета“ дали Владата ќе плаќа реклами кога ќе комуницира со јавноста преку јавниот радиодифузен сервис МРТВ и дали планира да плаќа за продукција на […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:36
•
Posted by: MK News
Дожд и ветер во пониските предели и снег на планините, најавува УХМР за претстојниот викенд во Македонија. Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег најпрво ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 12:34
•
Posted by: MK News
Eлеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 2.2.2018 година регистрирше два почувствувани земјотреса. Првиот во 2 часот и 26 минути кој потекнува од охридското епицентрално подрачје со епицентар на 10 километри источно од Охрид со Рихтерова […]
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2018 00:07
•
Posted by: MK News
Неколку средношколци се повредени откако вечерва бил каменуван автобус во скопската населба Ченто. Инцидентот се случил на последната автобуска станица број 45 во оваа скопска насслба. Сѐ уште нема информации за причините за овој инцидент. Очевидци велат дека на местото ма настанот имало голем број луѓе но и полициски службеници.
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 17:01
•
Posted by: MK News
Идентитетот не може да биде предмет на преговори бидејќи не е предмет на одлука, тоа е резултат на историски процес. Тоа прашање е многу поголемо и од мене, и од преговарачите, и воопшто целата генерација на денешните политичари, па веројатно и на идните. Така што ако дојдеме до таа точка за решение каде треба да […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 16:57
•
Posted by: MK News
Надминувањето на разликата околу името мора да биде во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски, истакнал претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната средба во Скопје со амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името. Поздравувајќи го интензивирањето на дијалогот, Иванов потенцирал дека решението за […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 16:45
•
Posted by: MK News
Трет случај со морбили (мали сипаници) е регистриран во Република Македонија. Д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија денеска изјави дека трите случаи со морбили се регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово. Тој потенцира дека едното лице е на возраст од пет месеци и не подлежи на вакцинација, второто лице машко […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 16:44
•
Posted by: MK News
Ако треба да се отворат прашањата за јазикот и идентитетот, за жал, нема да има решение. Тоа не е предмет на преговори и одлука. Станува збор за прашање кое е многу поголемо и од мене и од преговарачите. Тоа прашање е многу поголемо и од мене, и од преговарачите, и воопшто целата генерација на денешните […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 16:43
•
Posted by: MK News
Петмина од досегашните членови на ДИК поднеле барања за апанажа, што значи дека уште една година ќе земаат плати од над илјада евра. Меѓу нив се досегашниот претседател Александар Чичаковски, Виолета Дума и Игор Милев кои беа членови од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ. Апанажа не бараат Сашо […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 16:41
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со медијаторот за проблемот со името, Метју Нимиц, каде Нимиц ги образложи своите идеи и размислувања за текот на процесот на разговорите, соопшти владината прес-служба. Премиерот Заев ги претставил идеите и ставовите на Владата, како и размислувањата кои произлегоа од координативниот состанок на државно-политичкиот врв на Република Македонија, одржан […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 12:46
•
Posted by: MK News
Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц, со средба со претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, претпладнево ја почна серијата разговори со македонскиот државен и политички врв. По разговорите со Иванов, Нимиц ќе има одделни средби и со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 12:17
•
Posted by: MK News
Поднесувањето на Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) се врши до 15 март, соопшти Управата за јавни приходи. „Даночна пријава се поднесува доколку во 2017 година ако сте оствариле приходи во земјата и од странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос; кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/02/2018 12:12
•
Posted by: MK News
Градските власти пред малку информираа дека вечерва во 20 часот ќе го укинат бесплатниот превоз во автобусите затоа што добиле известување од Министерсвото за животна средина дека концентрациите на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање. Информацијата од Градот Скопје ја пренесуваме во целост: „По добиените информации од Министерството за животна средина […]
______________________________________________________________________________________________________