Нимиц: Има разлики меѓу двете земји, но оптимист сум како никогаш досега


Ако треба да се отворат прашањата за јазикот и идентитетот, за жал, нема да има решение. Тоа не е предмет на преговори и одлука. Станува збор за прашање кое е многу поголемо и од мене и од преговарачите. Тоа прашање е многу поголемо и од мене, и од преговарачите, и воопшто целата генерација на денешните политичари, па веројатно и на идните. Меѓутоа, ќе биде многу жално ако две европски држави во 2018 година не се доволно големи ова да го препознаат.

Ова е одговорот на министерот Никола Димитров на прашање дали би продолжиле преговорите со Грција, ако дојде до точка да се отворат прашањата за јазикот и идентитетот.

Ниту тој ниту медијаторот Метју Нимиц на заедничката прес-конференција не зборуваа за конкретните предлози. И двајцата изразија оптимизам дека е време да се реши спорот. Министерот рече дека му кажал оти некои од неговите предлози се добри, но има и лоши. Димитров истакна дека за да не се наруши процесот не е добро да се зборува за црвени линии и целиот процес треба да се следи внимателно.

– Ние имаме целосно разбирање за тоа. Сакаме ова прашање да се реши на начин што и кај нас и во Грција ќе се смета за достоинствен. Имаме разбирање за граѓаните на Грција кои се идентификуваат како Македонци, но во Европа во 21 век никој не може да го допре и нашето право да бидеме Македонци и да зборуваме на македонски јазик, кој е во групата на словенски јазици – рече шефот на дипломатијата.

Медијаторот Метју Нимиц пак рече дека сега е оптимист како никогаш досега. Тој посочи дека наредните неколу месеци се клучни кога ќе се знае дали ќе има напредок или не. За идентитетот истакна дека грчката страна не го порекнува.

– Бидејќи го покренавте прашањето за идентитетот, не сум чул ништо од грчката страна што би значело порекнување на идентитетот на народот тука, и верувам дека решението кое што е можно е конзистентно со зачувувањето па дури и јакнењето на идентитетот. Јас сум многу оптимистичен. Во овој контекст има разлики во ставовите меѓу двете земји во ставовите, меѓутоа во Атина не сум чул порекнување, негирање на идентитетот – рече Нимиц.

Тој кажа и оти има разлики меѓу двете страни, но дека р оптимист и верува оти е време да се најде решение кое е конзинстентно. Според него, Владата во Скопје е сосема квалификувана, компетентна да го зачува идентитетот на народот.

Што ќе се случи ако преговорите пропаднат, медијаторот не сакаше да коментира, освен тоа дека е оптимист и оти треба да се реши спорот бидејќи времето не може да чека и потребно е регионот да напредува, да биде стабилен и пријателски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1