Archive | Македонија RSS feed for this section

Спремете се за -22: Идната недела екстремно ладно

Студено време со утрински температури под нулата и до – 22 степени не очекуваат до наредната недела во четврток. Според УХМР утре утринската температура ќе се движи од -19 до -8 степени, во недела од -22 до -10, понеделник од -19 до -7, вторник -17 до -7, среда -16 до -5 и во четврток од […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајот во зимски услови, забрани на неколку правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат. Поради наноси од снег сообраќајот е во прекин на патниот правец Валандово-Стар Дојран и обратно на место викано Бела Барака. Сообраќајот е во прекин на регионален пат […]

______________________________________________________________________________________________________

Колку ќе ви го испразни џебот Бадник и Божиќ – еве сметка

Трпезата за Бадник и Божиќ годинава ќе ја чини едно просечно македонско семејство околу 70 евра, што е околу третина од просечната плата во Македонија. 1. Бадниковата вечер -За оваа вечер најмногу пари ќе морате да одовите за печење на риба, нешто без кое што не може да се замисли трпезата за празниците. Рибата ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

СИТУАЦИЈАТА СТАБИЛНА: Надлежните на терен, граѓаните да останат дома во пресрет на најавениот студен бран

Граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема голема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи. Ова се дел од препораките до граѓаните во пресрет на најавениот студен бран што според УХМР ќе ја зафати […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве што мора да има на бадниковата трпеза

Велат дека на овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат. Според традицијата на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Задолжително е јадењата да се само посни. Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма вчера на Водно – снегот зароби четири лица, надлежните ги евакуираа

Вистинска драма која за среќа не завршила трагично, се одвивала ноќва на Водно. Четири лица биле заглавени во снежните наноси на планината. За среќа лицата биле извлечени од планината. Од Град Скопје и екипите веќе беше апелирано да не се излегува од дома и да не се оди на планините и повисоките места.

______________________________________________________________________________________________________

Денес е Бадник – Ден предвесник на Христовото Рождество

Бадник или Коледе – ден пред роденденот на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, секоја година Бадник паѓа на 6 , а Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗА ДА НЕМА ЗАБУНА: ЈСП Скопје за електронските картички и новиот начин на плаќање на билетите

ЈСП Скопје излезе со соопштение за електронските картички и новиот начин на плаќање на билетите. Поради изнесените шпекулации на одредени медиуми, кои само од нивни познати причини сакаат да направат штета на работењето на ЈСП СКОПЈЕ, а воедно и забуна кај граѓаните на Скопје, Јавното сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ – Скопје ги информира своите корисници следното: […]

______________________________________________________________________________________________________

Снег и викендов многу студено!

Поради спуштање на поларна воздушна маса од север, во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат интензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри). Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве што треба да правите денес – Обичаи за Божиќ

Обичаи по повод Божик: Поставување на бадник, посипување на подот со слама, тропкање и свирење, правење погача… Божик е дар над даровите, ден во кој се открило тоа што е единствено ново под сонцето. Бог не учи да не се одвојуваме едени од други, туку едни на други да си помагаме во тешки моменти, да […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР најавува: Интензивни снежни врнежи во ноќните часови

Во доцните попладневни и во ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри). Ќе дува умерен до засилен севетер ветер. Ова е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи […]

______________________________________________________________________________________________________

Застој во сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес, испратена дополнителна механизација

Центарот за управување со кризи информира дека на автопатската делница на патниот правец Скопје- Велес, кај месноста Кула, во краток временски период има наврнато големи количини на снег, што предизвикува застои во сообраќајот заради бавното движење на возилата. -Веќе е пратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец, велат од […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР: Дува северен ветер кој создава навеви

Управата за хидрометеоролошки работи преку својата Фејсбук страна информира за моменталната состојба со временските услови. Последните информации со кои располага УХМР се дека дува северен ветер кој создава снежни навеви. Интензитетот на врнежите од снег е следен: Од Полошко и од Тетово кон Скопје, снегот е сосема намален, од Скопје кон Куманово останува поинтензивен само […]

______________________________________________________________________________________________________

Ин мемориам: Почина познат македонски новинар

По долго и тешко боледување, утринава во Скопје, на шеесет и две годишна возраст почина Владимир Антонов. Антонов, правник по образование, своите најплодни години ги мина како новинар и уредник на деск во Македонската телевизија, во Сител и во Канал 5, а кариерата ја заврши како уредник на вестите на англиски јазик на скопски Промовенс. […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Македонија било и поладно – рекорд е – 32 степена и над 2 метра снег

Пред 60 години на 27 јануари е регистрирана најниската температура во Македонија. Во Берово во далечната 1954 година се измерени минус 31,5 степени Целзиусови Ваквата температура е евидентиран како најниска во Македонија од 1925 година наваму. Највисока снежна покривка во Македонија, пак, е забележана во 2006 година на Попова Шапка со 215 сантиметри. Од Управата […]

______________________________________________________________________________________________________

Кое е симболичното значење на коледарскиот оган

Традиционално вечерта пред Бадник, верниците во сите населени места палат бадникарски дрва. Вечерта спроти Бадник, првите коледари го палат коледарскиот оган и притоа се пеат песни, се игра и се пие греана ракија. На тој начин се „бркаат“ злите духови од земјата. Бадникарскиот оган го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил […]

______________________________________________________________________________________________________

Снегот го отежнува сообраќајот, во Маврово 25 сантиметри снег

Највисока снежна покривка во Македонија до 13 часот денеска има во Маврови Анови каде што паднаа 25 сантиметри снег, во Пожаране 19 сантиметри, Тетово 18, Лазарополе 12, осум сантиметри во Скопје-Зајчев Рид, пет во Ѓуриште, четири во Куманово, а еден сантиметар во Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Поради врнежите од снег воведена е […]

______________________________________________________________________________________________________

Апел од Град Скопје до граѓаните – прочитајте ги препораките

Поради најавените екстремно ниски температури во текот на наредните денови, Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти. -Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1