Archive | Македонија RSS feed for this section

ДИК утре ќе им ги достави уверенијата на новоизбраните пратеници

Државната изборна комисија (ДИК) утре попладне ќе ги врачи уверенијата за новите избрани пратеници. Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега на новоизбраните пратеници. Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот […]

______________________________________________________________________________________________________

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: 13-годишниот Давид има рак и му е потребна наша помош

Давид Стојановски од Кратово има тринаесет години и пред една ипол година имаше ист живот како останатите деца, одеше на училиште, играше, посетуваше тренинзи во фудбалскиот клуб Силекс и во ракометната академија на Металург. Безгрижното детство на Давид беше прекинато пред осумнаесет месеци, кога добил оток на левото колено. Дијагнозата на скопските клиники покажала дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве каде врне снег во моментов

Врнежи од слаб снег има на Стража, Маврово, Буково, Плетвар и Пресека. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се со среден интензитет, соопшти Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во западниот и југозападниот дел, […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина сопственикот на „Уранија“ – еден од најпознатите скопски ресторани

По кусо и тешко боледување почина познатиот угостител Ставре Николоски, сопственик на скопскиот ресторан Уранија”. Погребот ќе биде извршен утре точно напладне во неговото родно Крушево. Николоски беше сопственик на познатиот угостителски бренд “Уранија”, угостител со 30 ­годишно искуство, односно неговиот бренд меѓу скопјани е присутен од 1992 година, и тоа на просторот во Градскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Aпелација потврди: 20 години затвор за Хаџиски

Апелацискиот суд – Скопје ја потврди првостепената пресуда од 20 години затвор на Миле Хаџиски за убиството на Мери Јошевска, кое се случи во јуни 1993 година во Скопје, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Кривичниот суд во Скопје го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна лани во декември, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска дожд и снег, за Нова година температура до минус 16

Времето денес претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од […]

______________________________________________________________________________________________________

Временска прогноза: Утре и во четврток ќе дува ветер со брзина и до 100 км/час

Поради продор на многу студена воздушна маса од север во следните денови ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време информира УХМР. Утре и во четврток ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер, особено на планините (повремено со брзина околу 100 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево, а за […]

______________________________________________________________________________________________________

Итен состанок на 18 градоначалници за загадувањето во Скопје

17 општини од скопскиот регион ќе соработуваат за подобрување на амбиенталниот воздух. Проект за проширување на топловодната мрежа со субвенционирање, препораки за намалување на цените на парното греење, субвенции за граѓаните од сите општини за печки на пелети, забрана за користење на разни лакирани дрвени предмети. Ова се дел од макро проектите со кои Градот […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре заладување, за Нова година многу студено

Од вторник, поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре во западните и северните делови ќе има врнежи кои во пониските подрачја ќе бидат од дожд, а на планините од снег и таму ќе се формира снежна покривка. Попладне […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов состав на Собранието до Нова година, нова влада во февруари

По објавувањето на резултатите почнаа да течат роковите за конституирање на Собранието и за формирање нова влада. Според изборните рокови, најдоцна до 31 декември треба да се одржи конститутивната седница за избор на новиот состав на Собранието, додека на 9 јануари, претседателот Иванов треба да му го даде мандатот за формирање влада на кандидатот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Жан Митрев ќе ја спаси беровската снаа од Полска

Никој не остана имун по трогателната приказна на ТВ Стар за беспомошната Полјакиња Јустина која лежи болна и гладна во беровско Русиново. Фантом за системот, без македонски документи оваа 45-годишна жена која нема пари да оди на клинички испитувања и нема дијагностицирана болест, дочека да ја види човечноста на луѓето.Први во пресрет излегоа од болницата […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ победник на изборите, ако нема приговори, уверенијата за пратеници на 28 декември (ВИДЕО)

Државната изборна комисија вечерва и на прес-конференција ги потврди резултатите од прегласувањето во изборното место 2011 во Теарце, според кои распоредот на мандатите останува непроменет. ВМРО-ДПМНЕ добива 51 пратенички мандат, со што се потврди победата од 11 декември Државната изборна комисија со доцнење од речиси 4 часа конечно излезе за да ги соопшти првичните официјални […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце

Конечниот резултат е 51 пратенички мандат за ВМРО-ДПМНЕ, 49 за СДСМ, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада. На прегласувањето во Теарце, ВМРО-ДПМНЕ освои 149 гласа, СДСМ 245, ДПА, ДУИ и Алијанса за Албанците по 1 и ВМРО за Македонија 2 гласа. Ова се официјални резултати кои ги објави ДИК и според нив […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ ги загуби изборите, се чека оставка на Заев

ВМРО-ДПМНЕ е победник на парламентарните избори 2016. Наспроти сите сили со кои соочи и кои туркаа кон поделби, на овие избори победи народот во Македонија. Со прегласувањето во Теарце, по сите конструкции на СДСМ, изборен инженеринг и купување на гласовите со поддршка на албанската дијаспора, ВМРО-ДПМНЕ има конечни 51 пратеник наспроти 49 на СДСМ. Се […]

______________________________________________________________________________________________________

Градоначалниците од Скопје утре се среќаваат за загадениот воздух

Скопските градоначалници утре напладне ќе се сретнат за да разговараат за загадувањето на амбиенталниот воздух во скопскиот регион, соопштија вечерва од кабинетот на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Состанокот помеѓу градоначалниците е на покана на Трајановски, а ќе се одржи во просториите на Градот Скопје во Градскиот парк. В среда, пак, е најавен протест на […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов: Новата влада ќе ја формира СДСМ

Доста беше страв од иднината. Граѓаните на тетовско Теарце исто како и сите гласачи на Македонија избраа добра иднина. Ќе има одговорна Влада која ќе ја воведе демократија во земјава, изјави вечерва порпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – Овда е симболично гласање во Теарце. СДСМ ќе ја формира новата влада – изјави Шилегов.

______________________________________________________________________________________________________

Милошоски: Народот е победник!

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антониот Милошоски на социјалните мрежи објави дека на овој 25-ти декември народот е победник Теарце, 25ти Декември Народот: победник! СДСМ+БЕСА+шарените: изгубија! Пратеници ВМРО 51:49 СДСМ 455.000 родољубиви гласови, пишува Милошоски на Фејсбук.Се уште се чекаат официјалните резултати од денешното прегласување во избирачкото место 2011 во Теарце. Според неофицијалните информации […]

______________________________________________________________________________________________________

Калциум магнезиум ацетат на улиците за намалување на загаденоста во Скопје

Град Скопје од вечерва почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух. Со ова средство во наредниот период ќе се третираат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на градот, како и булеварот „Трета […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1