25/12/2016 19:52
•
Posted by: MK News
Во 19 часот е затворено избирачкото место 2011 во Теарце, каде денеска се повтори гласањето за предвремените парламентарни избори. Исто како и изборите на 11-ти декември, и денешното прегласување во Теарце мина во фер и демократска атмосфера. Во текот на вечерта ќе дознаеме каква одлука донело Теарце за Македонија. Според првичните неофицијални информации, на денешното […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2016 14:51
•
Posted by: MK News
„Vouchercloud“ состави интересна карта на светот на која се претставени најголемите туристички атракции во секоја земја според „TripAdvisor“. Познатите туристички атракции се поделени во четири категории (историја, природа, религија и туризам). Во Македонија најпосетувано место е брегот на Охридското Езеро. Погледнете ги сите земји тука.
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2016 14:50
•
Posted by: MK News
Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Во кариерата долга 6 децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2016 14:40
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија денеска соопшти дека во недела кога ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце ќе одржи една прес-конференција во 21:30 часот, во седиштето на Комисијата. Од ДИК соопштуваат и дека за одѕивот на гласачите на избирачкото место 2011, заклучно со 10, 13 и 17 часот, ќе информираат преку соопштенија.
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2016 14:37
•
Posted by: MK News
Утре во Теарце ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето на ова избирачко место. Државната изборна комисија едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите. Според ДИК, Теарце е […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2016 13:40
•
Posted by: MK News
Дискусија за состојбата во земјата по 11 декември и можност за формирање на сеалбанска платформа пред понатамошното коалицирање. Ова се дел од темите кои ќе бидат разгледани на заедничката средба на сите албански партии во Македонија, која ја свикал лидерот на ДУИ Али Ахмети. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи, вели дека партијата добила потврда од […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 18:29
•
Posted by: MK News
По студеното време во декември, Новата година ќе ја дочекаме со уште пониски температури, како и со малку снег.Ова е временската за јануари.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 13:47
•
Posted by: MK News
Петарди се палат по улици, под балкони, во станбените влезови за да одекнат колку што може повеќе. Многумина за ова ги обвинуваат родителите бидејќи тие им ги купуваат овие опасни играчки на децата или им даваат пари за нив, не мислејќи на последиците. Овие пиротехнички материјали, иако се во илегална продажба доаѓаат до рацете на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 13:25
•
Posted by: MK News
Македонската опера и балет информира дека заради големиот интерес на публиката за премиерата на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески билетите веќе се пуштени во продажба. По завршувањето на „Кастинг талент шоу“, од каде ќе се одберат едно девојче и едно момче, кои ќе настапат во мјузиклот, ќе почнат завршните подготовки за реализација. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 11:38
•
Posted by: MK News
Во Македонија расте смртноста кај населението од болести предизвикани од аеро загадувањето. На годишно ниво умираат од 1000 до 1200 луѓе од мозочен удар и инфаркт на срце, болести кои можат да се спречат велат од Институтот за јавно здравје. Деновиве загадувањето со ПМ 10 канцерогени честички е 10 пати над дозволениот лимит на ЕУ […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 10:16
•
Posted by: MK News
Со голема тага соопштуваме дека на 20 декември во сообраќајна несреќа животот го загуби Марија Михајловска, на возраст од 28 години, пишува ДОМ во соопштение до јавноста. Марија е родена на 20.07.1988 година, а член е на ДОМ од 2008 година. Во моментот кога згасна нејзиниот млад живот таа беше претседавач на Претседателството на МОДОМ, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2016 10:12
•
Posted by: MK News
Зимниот период, за многумина е идеално време за екстремни зимски спортови за љубителите на адреналинот, но неретко овие екстремни спортови можат да бидат и фатални. Дури и професионалните алпинисти, понекогаш се наоѓаат во ситуација во која ги преценуваат своите способности, додека најчестите грешки кои ги прават аматерите, се недоволната едукација и несоодветно користење на опремата […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 21:06
•
Posted by: MK News
Претседателот на Демократската партија на Албанците(ДПА) Мендух Тачи поднесе оставка на функцијата. „Драги пријатели, само што дадов неотповиклива оставка од функцијата претседател на Демократската партија на Албанците. Со ДПА ќе продолжи да управува управениот совет до вонредниот конгрес, а датумот на неговото одржување дополнително ќе биде објавен. Координатор на сите активности ќе биде Азем Садику, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 20:19
•
Posted by: MK News
Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година.Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година. Традиционално Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 20:16
•
Posted by: MK News
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на 59. годишниот Драган Цветковски од Куманово кој беше пријавен за исчезнат на 19 декември годинава во полциската станица во Куманово, соопштија денеска од МВР. Група граѓани од Куманово, иницирани од семејството на Цветковски, денеска од населбата „Гоце Делчев“ се вклучија во потрагата по Цветковски, кој има здравствени проблеми. Последен […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 20:14
•
Posted by: MK News
Зоран Заев се повлекува од функцијата градоначалник на општина Струмица. Заев за неков заменик го именува советникот Коста Костадинов, актуелен претседател на Локалниот клуб на СДММ во Струмица и портпарол на оваа партија во Струмица, пишува локалниот портал Струмица Нет. Заев во своето обраќање на седницата на Советот на општина Струмица, која е во тек, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 20:13
•
Posted by: MK News
Ми се заканија јавно дека ќе ми го убијат детето, мојот син Максим, јавно, на мојот личен профил, објави на социјалните мрежи новинарот Јанко Илковски, автор и водител на емисијата „Јади Бурек“. -Ве молам, ако имате можност, пренесете и реагирајте. Ова лудило на дегенерициве мора да престане. Ве молам, не ме смирувајте со приказни, не […]
______________________________________________________________________________________________________
22/12/2016 20:07
•
Posted by: MK News
Општина Битола оваа година нема да организира дочек на Новата година на Магнолија како што тоа го правеше во изминатите години. Ова денеска на прес конференција го соопшти градоначалникот на Битола Владимир Талески. Детска новогодишна програма ќе има и тоа неколку дена, а парите планирани за испраќањето на старата и дочекот на 2017 година хуманитарно […]
______________________________________________________________________________________________________