Archive | Македонија RSS feed for this section

Расте бројот на пациентите, но и на услугите во болницата „Филип Втори“

За сто отсто е зголемен бројот на пациентите во последните три месеци во болницата „Филип Втори“, при што тие доаѓаат не само од земјава, од Косово и од Албанија, туку и од поширокиот регион и екс ју земјите. Со двете подвижни единици за интензивна нега, болницата нуди и транспорт на пациенти од цела Европа. Д-р […]

______________________________________________________________________________________________________

Охридскиот суд пресуди: 16 години затвор за српскиот државјанин за убиството во Охрид

Основниот суд во Охрид го осуди на 16 години затвор српскиот државјанин 29 годишниот Бојан Угреновиќ за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, што се случи на дочекот на Нова година на 1-ви јануари оваа година во центарот на градот.  За време на главниот претрес Бојан Угреновиќ ги прифати сите наводи во обвинението […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов закон за извршување: Од 1 јануари нема блокирање сметки за неплатено парно, вода, струја…

Од први јануари 2017 година сите што имаат заостанат долг и неплатени сметки за струја, вода, парно и други комунални долгови, ќе се спасат од обврската за плаќање трошоци за извршители и нотари. Како тоа ќе функционира?На ова прашање одговара Гордан Станковиќ – извршител. Целиот разговор погледнете го во видеото на Канал 5.

______________________________________________________________________________________________________

Уживајте во убавото време, престои топол викенд

Викендов и почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво. Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. […]

______________________________________________________________________________________________________

Прогласени Супербрендовите во Македонија за 2015/16 година

Компании, личности и производи вчера беа прогласени за Супербрендови во Македонија. Признанијата за најсилните пазарни марки во земјава за 2015 и 2016 година ги додели Superbrands меѓународната организација во Македонија. Добитнци се: Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, […]

______________________________________________________________________________________________________

Д-р Срѓан Керим: Не е коректно некои меѓународни претставници да се мешаат во изборниот процес (ВИДЕО)

Не е коректно, не е во ред да одредени меѓународни претставници да си даваат слобода да се мешаат директно во изборниот процес, во неговиот резултат, во последици политички со тоа што даваат преку медиумите оценки. Тоа не е задача на дипломатски претставници и дипломатски мисии, вели д-р Срѓан Керим во интервју за „Сител“ Не е […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Заев излажа за да одложи судско рочиште

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара, како што наведе членот на партијата Драган Данев, институциите веќе да не ги толерираат манипулациите на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој, како што беше посочено, го излажал судот само за да одложи рочиште. – Аболицираниот криминалец Зоран Заев ја потврди точноста и вистинитоста на народната изрека „Кој лаже, тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Откажан дочекот на Новата 2017 на плоштад Македонија, Град Скопје ќе ги донира средствата

Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува од дочекот на Новата 2017 година што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. -Средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот и се во изност од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели. Одлуката каде ќе бидат донирани средствата ќе ја донесе Советот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заменик генерален директор со фалс диплома се сместил во осигурителната компанија во Скопје??

Заменик на генералниот директор на Друштвото за осигурување „АЛБСИГ“ од Скопје е осомничен за „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл.380 ст.1 в.в со чл.45 од Кривичниот Законик откако против него Основното јавно обвинителство од Скопје поднело казнен налог. Според документот кој до нас го достави читател веќе против него е поднесен  предлог за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ останува на прогласот- нема да учествува во нови прегласувања

Одлуката да се поништи гласањето во едно избирачко место во Теарце е незаконска и политички мотивирана сметаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ За поништување на гласањето, гласаа судиите Љуљзим Салиу, Исмета Амет и Снежана Трповска. Дел од медиумите објавија дека функционери на СДСМ знаеле дека нивната тужба ќе биде прифатена уште пред судот да ја објави одлуката, […]

______________________________________________________________________________________________________

Алармантно: Годинава шест случаи на „увезена” маларија во Македонија

Во тешка здравствена состојба, 28 годишен тетовец заболен од маларија е под карантин во Клиниката за инфективни болести. Според информации на zdravstvo24.mk пациентот бил хоспитализиран пред една недела. Kај него лекарите ја дијагностицирале најтешката форма на заразата. Болеста ја донел од Јужно африканската република каде неколку месеци бил на привремена работа. Епидемиолозите загрижени – ова […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК: Ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во Теарце

Државната изборна комисија донесе одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце, откако ИТ секторот на Комисијата направил симулација дека тоа може да влијае на резултатот, односно бројот на освоени мандати на партиите во Изборната единица 6 на парламентарните избори што се одржаа на 11 декември. Одлуката на ДИК, е донесена […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК треба да одлучи дали ќе има прегласување во Теарце

По Одлуката на Управниот суд да прифати една тужба со која се поништува гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце во ИЕ 6, Државната изборна комисија треба да направи симулација дали прегласувањето ќе влијае на вкупните резултати од изборите на 11 декември. Според роковникот на ДИК, гласањето ќе се повтори само ако вкупниот број на […]

______________________________________________________________________________________________________

Управен суд прифати по една тужба од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, останатите ги одби

Управниот суд на Република Македонија ги уважи тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за Решението на ДИК УП 1 10-487 од 16.12.2016 за прегласување на гласачкото место 0396/1, општина Гостивар, како и тужбата на СДСМ против решението на ДИК УП 1 бр.10-488 од 18.12.2016 со што е поништено гласањето на гласачкото место број 2011 во општина Теарце. Како […]

______________________________________________________________________________________________________

Академик Жан Митрев го доби највисокото признание на Штип – орденот „Свети Никола“

Кардиохирургот д-р Жан Митрев е годинашниот добитник на највисокото признание на Општина Штип – орденот на „Свети Никола“. Митрев орденот го прими на свечената академија денеска во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип. – Посебна чест е да го добијам ова признание, како највисоко на Општината за некој кој е роден Штипјанец и направил многу […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Сведоштво за тешката ноќ на Шар Планина – Го чувавме Кико како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!

Речиси нема човек којшто не разбра за немилиот настан со среќен крај, случајот со 17-годишниот Кико којшто падна во огромна бездна на Шар Планина, на температура од -25 степени Целзиусови, и иако целата ситуација изгледала речиси безнадежна, тој е спасен и веќе е во стабилна здравствена состојба. Животот на Кико го спасија тројца храбри планинари […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев на средба со Бејли

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Според партиското соопштение, претседателот на СДСМ нагласил дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните. -Граѓаните се определија за добар живот, за слобода, за демократија. Тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Управниот суд ја заврши расправата по две тужби поднесени од СДСМ

Управниот суд вечерва ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Денеска на две одделни седници беа разгледувани поднесената тужба од Коалицијата предводена од СДСМ за УРП.бр.513/2016 за поништување на Решението на ДИК, УП1.бр.10-493 од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1