Archive | Македонија RSS feed for this section

Еве кој ќе смее да сади марихуана – Во аптека и без рецепт ќе се продава масло од канабис со 0,2 % ТХЦ

Кој ќе ја произведува марихуаната, како ќе се продава, која концентрација на ТХЦ што ќе ја има и зашто целосно не се декриминализира употребата на канабисот и во рекреативни цели. Ова беа темите на кои, на моменти и жестоко,  полемизираа  лекарите со членовите на невладините организации  кои се залагаат за легализација на марихуаната. Најинтересни беше […]

______________________________________________________________________________________________________

„Вест“ со апел до меѓународната заедница поради непродолжувањето на договорот на Михајловски

Уредничкиот Колегиум на Реадкција Вест упати апел до претставниците на меѓународната заедница во врска со последните случувања во весникот, а врзани со непродолжувањето на договорот на главниот и одговорен уредник Горан Михајловски, објавија новинарите на „Вест“ на Фејсбук. “Во апелот се предупредува дека среде преговорите за слобода на медиумите според Договорот од Пржино, Редакцијата се […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Апелирам меѓународната заедница да го следи случајот со фалсификувани документи

Она што го слушнав за фалсификувањето за лични карти е фрапантно, истакна  премиерот Никола Груевски. -Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи за тоа што успеале да го постигнат и би апелирал до меѓународната заедница одблиску и длабински да го следи процесот, посочи Груевски. Тој додаде дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Зимата официјално пристига во вторник, првот снег во средината на јануари

Оваа година, зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само […]

______________________________________________________________________________________________________

Се фалсификувале лични карти, бугарски пасоши, швајцарски сметки…сите бараат детална истрага

Јавното обвинителството вчера соопшти дека се приведени три лица во стан во Скопје каде што биле најдени фолии и друга опрема за фалсификување на лични карти. Јавното обвинителство не соопштува други детали за овој случај и најавува повеќе детали за наредната недела за тоа дали овие лични карти биле користени за време на изборите. Нема никакви […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови студентски домови – нов универзитет во Скопје

На местото на старите бараки од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ попознат како Медицинар, ќе се гради нов дом за студенти со современи услови, на површина од 1.200 метри квадратни. Од идната академска 2016/2017 година во Скопје ќе почне да работи нов државен универзитет  – „Мајка Тереза“ со настава на македонски, албански и англиски јазик, најави денеска премиерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјани протестираат против аерозагадувањето

Под мотото „Не се дише“ скопјани денеска протестираат против аерозагадувањето. Тие бараат надлежните да преземат конкретни мерки со кои би се решил проблемот. Протестот го организира заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“ и граѓанската иницијатива „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош 4“. „Граѓаните на Скопје и Македонија денес пред град Скопје единствено ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Секоја чест Отец Пимен: Македонските цркви се полнеа со плишани мечиња

Верници од сите краеви на Макеоднија наместо масло во црквите носеа плишани мечиња и детски играчки за да им се поделат на они деца кои немаат. Идеата потекна од Отец Пимен кој тоа им го предложи на верниците преку социјалните мрежи. „Само што се вратив во канцеларија по завршувањето на светата литургија по повод свети […]

______________________________________________________________________________________________________

Ин мемориам: Почина новинарка на ТВ Телма

Неда Бакевска (5. ОКТОМВРИ 1974 – 20. ДЕКЕМВРИ 2015) Денес во текот на ноќта, тивко како што и живееше, почина нашата колешка Неда Бакевска, повеќегодишен новинар на Телевизија Телма. Во текот на ноќта откажа да работи нејзиното истоштено срце, со кое Неда со години, успешно ја водеше својата енергична борба за живот. Иако нејзниот живот […]

______________________________________________________________________________________________________

Уредникот на „Вест“, Горан Михајловски, го напушта весникот

Новинарот Горан Михајловски, уредникот на дневниот  весник „Вест“, по 31 декември си заминува од досегашното работно место. Тој за неколку медиуми изјави дека ја напушта работната позиција поради истекот на договорот. „Договорот за работа ми истекува на 31. декември и си заминувам од „Вест“ бидејќи не ми го продолжија. За моите идни планови, друг пат“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ременски ќе го тужи Спасов – Спасов ја обвинува за сензационализам

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, ќе поднесе кривична пријава против заменикот, Диме Спасов, за несовесно работење, тој пак, ја обвини министерката за сензационализам . Според неа, Спасов иако имал обврска, не одлучувал по жалбите на над 1.400 граѓани корисници на социјална парична помош. „Правото по закон да одлучува по жалби тој […]

______________________________________________________________________________________________________

Зад Скопје сити мол ќе се гради црква за карпошани

Позади трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, со почеток во 13 часот, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ќе постави камен темелник за нова црква на територија на Општината. На свечениот чин ќе присуствуваат високи политички функционери, а се очекува да присуствува и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

______________________________________________________________________________________________________

Сè што треба да знаете за „Купи куќа за млади“: Како да аплицирате за проектот?

Преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа. Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата […]

______________________________________________________________________________________________________

Молитва за Св Никола

Кондак 1. Бранителу, чудотворче, и светол Христов угодниче, светителу Никола, со љубов те славам ; Ти на целиот свет му излеваш скапоцено миро на милост и неисцрпно море на чудеса. Имајќи голема слобода пред Господа, избави ме од секакви опасности, за да ти воскликнувам : Радувај се , Николае, голем чудотворче ! Икос 1. Творецот […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска е Св. Никола, заштитник на патниците

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. […]

______________________________________________________________________________________________________

In memoriam – Почина Слободан Чашуле

Слободан Чашуле беше еден од основачите на ТВ-Скопје, дописник од Чиле и од Перу, директор и главен уредник на Македонското радио од 1990-1994-та По кусо боледување ноќеска во Мадрид на 70-годишна возраст почина Слободан Чашуле, новинар, политичар, амбасадор, министер за надворешни работи во периодот 2001-2002. Слободан Чашуле беше еден од основачите на ТВ-Скопје, дописник од […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови цени на автобуските билети во ЈСП – може да се плати со картичка и мобилен

Наместо од 1 јануари 2016, како најавеното, електронските билети за возење во државните и приватните автобуси ќе бидат задолжителни од мај 2016. Меѓутоа, електронските билети ќе започнат да се користат од Нова година. Меѓу другото, цената на еден билет ќе чини 35 денари, како досега, но доколку е купен кај возачот изнесува 60 денари. Можноста […]

______________________________________________________________________________________________________

Oд недела забрана за емитување на платено политичко рекламирање

Од недела од полноќ стапува во сила забраната за емитување платено политичко рекламирање на теелвизиите, печатените и на електронските медиуми, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. – Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/15) и важи […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1