15/05/2020 15:20
•
Posted by: MK News
Кривичниот суд, како што доликува на слоганот „Во името на граѓаните на РСМ“, од донациите на 48 судии, обезбеди 50 – тина плати , односно барем за еден месец спречи 50 – тина отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со пандемијата од вирусот КОВИД – 19. Коко никогаш досега, со исклучок на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/05/2020 15:12
•
Posted by: MK News
Сите граѓани имаат дозволено движење од 5 до 19 часот, вклучително и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години кои досега, покрај забраната од 19 до 5 часот, имаа ограничувања и во одделени периоди од денот. Измените и дополнувања на Одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба Владата ги […]
______________________________________________________________________________________________________
15/05/2020 15:07
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/05/2020 15:05
•
Posted by: MK News
Лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата и министерствата, државјани на Република Северна Македонија при излегување од државата поради итни неодложни државни интереси – работни обврски од државен интерес, задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки. Овие мерки предвидуваат носење заштитна маска со избегнување на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/05/2020 15:01
•
Posted by: MK News
Според последната статистика на Министерството за здравство може да се забележи дека е зголемен бројот на тестирања, за разлика од изминатите денови, односно биле направен 460 тестирања. Сепак од министерството појаснуват дека од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. -Преку ИЈЗ тестирани се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 21:50
•
Posted by: MK News
Времетраењето на полицискиот час ќе важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст. Уставниот суд на денешната седница го укина ограничувањето за движење за возрасните над 67 години и младите до 18 години.. Мнозинството уставни судии, разгледувајќи ја владината одлука за посебен режим на движење, одлучиле да поведат постапка за нејзината уставност, а до […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:58
•
Posted by: MK News
Министерот Филипче денеска патува во Атина каде ќе се сретне со грчкиот колега со цел да се координира под кои услови ќе се патува мегу двете земји. Вакви состаноци се планирани и со други држави од регионот за да се утврдат условите под кои ќе се преминуваат границите. Препораките на Европската комисија кои вчера беа […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:57
•
Posted by: MK News
Партиите можат да водат кампањи со митинзи и од врата на врата, но да се носат маски, да се држи растојание од метар и половина и да се прави честа дезинфекција на рацете. Комисијата за заразни болести ги изготви протоколите за изборниот процес, по барање на претседателот и лидерите на политичките партии. На партиските собири […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:46
•
Posted by: MK News
Нас ни е потребно продолжување на вонредната состојба, бидејќи дел од мерките кои ги препорачуваме важат за време на вонредната состојба. Битно да имаме инструменти да работиме со овие механизми во однос на рестрикцијата на движењето, рече министерот Филипче на денешната прес конференција. Не треба да има големи собири, туку толку колку што одреден простор […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:41
•
Posted by: MK News
Мерките во земјава почнаа да се олабавуваат, а од вчера согласно одлуката на Влада почнаа со работа дел од моловите, спортските обложувалници и автошколите. Веќе од вчера преку центрите за едукација за возрасни може да се спроведуваат обуки и семинари. Се отворија и автоиспитните центри и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во […]
______________________________________________________________________________________________________
14/05/2020 14:39
•
Posted by: MK News
Одлуката да се дозволи посета на функционери на соседните земји, не значи да се дозволи кој било функционер да може да патува, туку таа се однесува само за регионални состаноци за координирање активности и мерки во однос на олабавувањето на мерките, појасни денеска министерот за здравство Венко Филипче. Појасни дека не станува збор за ништо […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 22:49
•
Posted by: MK News
Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин. За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести. – […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:50
•
Posted by: MK News
Исплатата на парични средства за јануари, февруари и март 2020 согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица е веќе започната. Како што информираат од УЈП, во ова прво тримесечје од годината скенирани се 49.946.278 фискални сметки, направен е промет во износ 21.957.355.689 денари со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари. Вкупниот број […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:39
•
Posted by: MK News
По лидерската средба која се одржа во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, партиските челници, како и Пендаровски ќе дадат изјави за медиумите. На лидерската средба главна тема беа предвремените парламентарни избори, односно датумот за одржување на истите, кои беа одложени поради кризата со коронавирусот. На средбата присуствуваа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:34
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека засега не се планира скратување на полицискиот час. „Засега не. Токму полицискиот час беше еден од факторите кои влијаеше да се стави крај на трансмисијата на вирусот. Кога има полициски час, и контролата најдобро се спроведува. Во овој момент не размислуваме конкретно за скратување на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:33
•
Posted by: MK News
Оваа недела се отвораат моловите, а угостителските објекти почнуваат со работа од идниот понеделник. Ова е предлог планот на Комисијата за заразни болести кој ќе биде доставен до Владата. Олабабувањето на рестриктивните мерки ќе се случува во неколку фази. Комисијата заклучила дека епидемијата е под контрола, здравствениот систем може да одговори на предизвиците и да […]
______________________________________________________________________________________________________
12/05/2020 16:26
•
Posted by: MK News
Министерот Филипче најави дека од оваа седмица до владата ќе биде испратена препорака да бидат олабавени мерките, а најнапред ќе биде дозволено враќање во индивидуалните спортови, како тенисот и други. Веќе за следната седмица се предвидува и зелено светло да добијат и колективните спортови и тоа за тренинзи на отворено. Според планот за три седмици […]
______________________________________________________________________________________________________
11/05/2020 19:13
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот Бујар Османи, кој е главен координатор на кризните штабови на општините за справување со КОВИД-19, очекува утре на седница на Влада да се донесе одлука за олеснување на мерките за одредени сегменти кои се помалку ризични. Комисијата за заразни болести според анализа денеска, рече, смета дека веќе има услови делумно да се олеснат мерките […]
______________________________________________________________________________________________________