05/05/2020 15:24
•
Posted by: MK News
До крајот на месецот Македонија нема да ги отвори границите, потврдуваат здравствените власти. Кога граѓаните ќе може да патуваат надвор од државата и под кои услови се уште не е прецизирано. Ова ќе биде тема на разговор и на попладневната кординација на министрите за здравство од регионот со претставници на СЗО, пред утрешниот ЕУ совет. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2020 15:11
•
Posted by: MK News
Веста за cмpтта на неповторливиот Драган Вучиќ утрово ја потpeсе македонската јавност. На социјалните мрежи почнуваат да се нижат пocледни поздpaви, cвeдoчejќи за тpaгата што нашиот кантавтор и ТВ водител ја ocтава зaд ceбе. Како што објави Slobodenpecat.mk, повикувајќи се на извори од Инфeктивната клиникa во Скопје, Вучиќ пoчинaл ноќecка, откако деновиве бил xocпитализиран во […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2020 15:09
•
Posted by: MK News
Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Тој бил позитивен на вирусот Ковид-19. На Инфективната клиника Вучиќ, кој беше дијабетичар, бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Блиски на семејството Вучиќ велат дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која засега нема никакви […]
______________________________________________________________________________________________________
04/05/2020 14:59
•
Posted by: MK News
На Инфективната клиника во Скопје изутрината почина еден од најпрепознатливите лица на македонската забавна сцена. Естрадата го загуби Драган Вучиќ, телевизискиот лик долги години присутен на малите екрани. Вучиќ во претходните денови бил во тешка здравствена состојба и бил приклучен на респиратор, по компликациите предизвикани од коронавирусот. Борбата за оздравување почнала пред 10-ина дена, откако […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2020 15:55
•
Posted by: MK News
Светскиот ден на слободата на медиумите се слави секоја година на 3 мај. Целта на одбележувањето е да се промовира принципот на слобода на медиумите, да се истакне важноста на заштитата на медиумските слободи и борбата против сите форми на влијание врз медиумите, како и да се потсетиме на медиумските работници кои ги загубија животите […]
______________________________________________________________________________________________________
03/05/2020 15:54
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2020 14:48
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен […]
______________________________________________________________________________________________________
02/05/2020 14:44
•
Posted by: MK News
Хуманите луѓе работеа и пред првомајските празници за да им помогнат во овие тешки времиња на оние кои им е најпотребно. Хуманитарни организации на Македонија преку фејс имаше упатено повик, овој пат до како што самите објавија на својата фејсбук страна ,,За нашите сограѓани кои силно ги погоди кризава и се Невработени и Самохрани родители.,, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2020 14:14
•
Posted by: MK News
Меѓународниот ден на трудот се празнува на 1 Мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2020 14:05
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2020 14:02
•
Posted by: MK News
Се подготвуваат и наскоро ќе стапат во сила нови правилници во однос на партиципација при лекување од КОВИД-19 и исплата на 100-процентен износ од плата при боледување на здравствен работник ако е тоа поврзано со лекување од коронавирусот. Во одговор на новинарско прашање во врска со реакции од медицински лица на кои им била скратена […]
______________________________________________________________________________________________________
01/05/2020 14:00
•
Posted by: MK News
Учениците не се враќаат во училишните клупи до 10 јуни. Министерот за образование Адеми соопшти дека основците и средношколците продолжуваат со настава како и досега, преку интернет од дома. Годинава нема да има полагање ниту матура. Се укинува и државната и училишната матура но и завршниот испит во средните училишта. Сепак Адеми појасни дека сите […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2020 14:47
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на […]
______________________________________________________________________________________________________
30/04/2020 14:45
•
Posted by: MK News
Гордана Николиќ, една од првите здравствени работници, која во кумановската болница се зарази од корона вирусот, веќе 40-ти ден е позитивна на Ковид-19. Таа на фејсбук ја сподели својата лична борба со вирусот, но и со Фондот за здравство. Како лекар кој се заразил на работното место, таа плаќа партиципација за лекарските услуги, а згора […]
______________________________________________________________________________________________________
29/04/2020 17:24
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2020 21:02
•
Posted by: MK News
Полицискиот час останува и по првомајскиот викенд. Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека е рано да се зборува за целосно укинување на рестрикцијата за движење. Според него, и натаму се анализира колку заболени има во одредени региони, пред да се донесат нови мерки или да се укине некоја од постоечките. Филипче вели дека не […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2020 20:59
•
Posted by: MK News
Првомајскиот викенд карантин ќе стартува од 14 часот. Владата се откажа од идејата за тридневно целосно ограничување на движењето на граѓаните. Во петок, сабота и недела движењето ќе биде дозволено од 5 часот изутрина до 14 часот попладне. Посебни мерки ќе важат и за старите и младите лица. За граѓаните над 67 години полицискиот час […]
______________________________________________________________________________________________________
28/04/2020 20:55
•
Posted by: MK News
Починатите пациенти од коронавирусот Ковид 19 беа во тешка клиничка состојба со нарушување на сите органи, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција за состојбата со вирусот од кој изминатото деноноќие се регистрирани уте шест починати. -Разговаравме со стручните лица од Клиниката за инфективни болести и болницата и „8 Септември“ за починатите од […]
______________________________________________________________________________________________________