Archive | Свет RSS feed for this section

Клинтонови ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп

Поранешната претседателска кандидатка на американските демократи Хилари Клинтон и нејзиниот сопруг Бил Клинтон, планират да присуствуваат на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, закажана за 20 јануари 2017 година, соопштија нивни соработници Најавата дека некогашниот американски претседател и поранешната државна секретарка ќе присуствуваат на инаугурацијата на Трамп, следеше набрзо откако канцеларијата на наследникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е девојката која ја погоди гром шетајки се на плажа (ФОТО+ВИДЕО)

Мајката на две деца, 25- годишната Талин Кампос на првиот ден од новата години беше погодена од гром додека шетала на плажата Сонхо во Бразил, недалеку од Сао Паоло. Моментот кога ја удрил гром случајно со камера го забележал еден турист. Таа шетала по плажата тој врнежлив ден кога ја удрил гром. Веднаш паднала на […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов напад во Истанбул, има повредени

Неколку лица се ранети во Истанбул, откако непознат маж отворил оган во еден ресторан во дисктриктот Фатих, јави телевизијата „Ал Арабија“. Каналот наведува дека пукотницата во ресторанот е изолиран инцидент и напаѓачот бил сам, пренесува „ТАС“. Како што се додава, фотографии од местото на настанот се објавени на социјалните мрежи, а полицијата забранила пристап до […]

______________________________________________________________________________________________________

Турција ги блокира патиштата кон Бугарија, се трага по напаѓачот

Турските власти денеска ги блокираа патиштата околу градот Киркларели, во истоимената провинција, кои водат кон бугарската граница, стравувајќи дека осомничениот за нападот во ноќниот клуб „Реина“ за време на новогодишната ноќ би можел да побегне во Европа преку Бугарија. Властите објавија високо ниво на тревога. Бугарската агенција БТА јавува дека специјални единици ги проверуваат автомобилите […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: На тинејџерка првото патување во странство и се претвори во трагедија, загина во Истанбул

Израелската тинејџерка Леана Насер ги молела родителите и покрај нивното противење да ја пуштат да го посети Истанбул за Нова година. Леана никогаш не била во странство, дури никогаш не го напуштила ни Израел. Тројца нејзини пријатели oделе за Истанбул на прослава на Новата година, а таа сакала да оди со нив. Таткото на тинејџерката […]

______________________________________________________________________________________________________

Двете славни актерки мајка и ќерка ќе бидат погребани заедно во Лос Анџелес

Холивудската актерка Деби Рејнолдс и нејзината ќерка и колешка Кери Фишер, која се прослави со улогата на принцеза Леа во серијалот „Војна на ѕвездите“, ќе бидат погребани утре една крај друга во Лос Анџелес. Телевизија Еј-Би-Си јави дека двете ѕвезди, кои починаа минатата недела, ќе бидат погребани на приватан церемонија во кругот на семејството и […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајката била првото бебе од 1980 година – сега го роди првото бебе за 2017 година

Три минути по полноќ на новогодишната ноќ се роди првото бебе за 2017 година во Исланд. Иако тамошните власти не доделуваат ништо за првородените деца, овој случај сам по себе беше доволно интересен да го собере медиумското внимание ширум Европа. Имено, не само што момчето го дели роденденот со својата мајка Катрин Гудјонсдотир, туку и […]

______________________________________________________________________________________________________

Напаѓачот од Истанбул бил професионален убиец

Напаѓачот кој на новогодишната ноќ отвори оган врз присутните во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, при што загинаа 39, а 69 беа ранети, е професионален убиец, оценуваат експертите за безбедност. Експертот за борба против тероризам Абдулах Агар наведе, дека начинот на кој делувал напаѓачот укажува на тоа дека „тој апсолутно е убиец и дека веројатно […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Гром удри во млада девојка за време на прошетка на плажа

Дваесет и петгодишна девојка била погодена од гром додека се шетала на плажа во близина на Сао Паоло, а лекарите сѐ уште се борат за нејзиниот живот. Девојката претрпела срцев удар, а според последните информации објавени од тамошните медиуми, се наоѓа во критична состојба. Снимката од страшниот инцидент откри дека во непосредна близина се наоѓале […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Жена се обиде да пренесе мигрант во куфер

Шпанската полиција уапси Мароканка која се обиде да пренесе 19-годишен мигрант од Габон преку границата во својот куфер, пренесоа светските агенции. Мигрантот имал среќа дека е откриен навреме, бидејќи имал итна потреба од медицинска помош поради недостиг на воздух. 22-годишната мароканка влегла во видното поле на силите на редот во Сеута – мала шпанска територија […]

______________________________________________________________________________________________________

Си ја предвиде својата смрт: Ова е една од жртвите во истанбулскиот масакр

Рита Чами, една од жртвите на новогодишниот масакр во Истанбул, го предвидела својот трагичен крај. Девојката која настрадала во прегратката на својот свршеник Елијас Вардини, на својот Фејсбук профил непосредно пред патот во Турција оставила порака:Се надевам дека убаво ќе си поминам! Во најлош случај ќе загинам во експлозија и ќе и се придружам на […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор за новогодишните празници, над 400 загинати во сообраќајки во Тајланд

Над 400 лица загинаа во сообраќајни несреќи во Тајланд за време на новогодишните празници, соопшти Одделението за копнен сообраќај. Ројтерс пренесува дека 426 лица загинале во 3.3.27 сообраќајни несреќи во период од 29-ти декември 2016 до 3-ти јануари 2017 година, што пак е повеќе во однос на истиот период лани кога животот го загубиле 340 […]

______________________________________________________________________________________________________

Украден накит вреден шест милиони евра на новогодишната ноќ во Њујорк (Видео)

Тројца крадци украле накит во вредност од околу шест милиони евра во Њујорк, во присуство на илјадници полицајци, кои го обезбедуваат новогодишниот дочек на Тајмс сквер. Полицијата се уште трага по тројцата крадци кои се гледаат на безбедносните камери на Кеј Џи Кеј холдингс, компанија со седиште во Индија, која тргува со дијаманти на големо, […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Калининград: Авион излета од писта (ВИДЕО)

Аеродромот Храброво во Калининград беше затворен до 10 часот утрово од технички причини, поради принудно слетување на авионот А320, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за калининградските области. Во вторникот вечерта дошло до инцидент кога авионот кој сообраќал на релација Москва-Калининград за време на слетувањето излетал од пистата. Во авионот се […]

______________________________________________________________________________________________________

Мала измамничка: Си нарачала играчки додека мајка и спиела

Бетани Хауел од Арканзас гледала филм заедно со ќерката Ешлинд кога и се приспало. Таа прилика ја искористила шест годишната Ешлинд. Кога сопругот ја прашал Бетани зошто потрошила 200 долари купувајќи преку „Амазон“, таа била збунета. Мислеле дека хакери успеале да ги земат нејзините податоците и нивните пари. Меѓутоа кога виделе дека парите се потрошени […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Кога ќе ја видите мајката на Доналд Трамп, ќе сфатите од кого ја наследил фризурата

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појавила фотографија од мајката на Доналд Трамп и интернетот едноставно полудел. Сличноста меѓу госпоѓа Мери Трамп и нејзиниот наследник е голема, но еден детаљ бил забележан од сите. Косата! Сега знаеме на кого идниот американски претседател има, необична фризура.

______________________________________________________________________________________________________

Претставена како трејлер за хорор филм, 2016. изгледа навистина застрашувачки

Годинава што изминува ќе ја паметиме по многу невообичаени и изненадувачки работи. Кога се наведуваат овие настани неизбежни се победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, смртта на голем број славни личности, како и неколкуте терористички напдити и жестоките конфликти во разни делови на светот. Поради […]

______________________________________________________________________________________________________

Путин им ја честиташе Новата година на Трамп и Обама

Рускиот претседател Владимир Путин на американскиот претседател во заминување Барак Обама и на новоизбраниот Доналд Трамп им ја честиташе претстојната Нова година. „За жалење е тоа што администрацијата на американскиот претседател Барак Обама својата работа ја завршува на ваков начин, но, без разлика на тоа, нему и на членовите на неговото семејство им ја честитам […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1