09/10/2020 12:21
•
Posted by: MK News
Шпанската Влада утрово започна седница на која ќе се разгледува воведување на вонредна состојба во Мадрид и околните општини. Седницата следува откако е воведен делумен карантин во Мадрид и предградијата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Премиерот Педро Санчез синоќа разговараше со регионалната шефица Изабел Дијаз Ајусо, на која и постави ултиматум дека, доколку […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2020 19:22
•
Posted by: MK News
Францускиот претседател Емануел Макрон најави воведување нови ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако во Франција е забележано досега најголемо дневно зголемување на бројот на заболени од речиси 19 илјади. „Кога вирусот циркулира со оваа брзина, нови ограничувања се неизбежни“, рече Макрон во интервју за двете најголеми француски телевизии, пренесува „Ројтерс“. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/10/2020 18:42
•
Posted by: MK News
Владата на Италија издаде наредба до граѓаните дека носењето маски на отворено е задолжително во целата држава, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19. Италија бележи постепено зголемување на новите случаи во претходните два месеца, иако бројките се уште се значително пониски во споредба со Франција, Шпанија и Велика Британија. Исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2020 16:46
•
Posted by: MK News
Тројца новинари кои известуваат од Белата куќа се позитивни на коронавирус, како и едно службено лице кое работи со новинарите, јави Вашингтон пост. Од тројцата кои во петокот вечерта добиле позитивен тест, еден е новинар на весникот Њујорк тајмс. Асоцијацијата на известувачи од Белата куќа во соопштение ги повика своите членови да не ја користат […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2020 16:41
•
Posted by: MK News
Доналд Трамп прв пат се обрати по хоспитализацијата во воената болница Валтер Рид, пред која стотици приврзаници втор ден му даваат поддршка. Од Белата куќа споделија фотографија на која се гледа дека Трамп веќе го минува работниот ден во специјалниот апартман во болницата. Трамп е уверен дека ќе го победи вирусот и ќе и се […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2020 16:30
•
Posted by: MK News
Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко. Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2020 08:17
•
Posted by: MK News
Француската Влада е подготвена да издаде максимално предупредување за Ковид-19 во Париз в понеделник, изјави министерот за здравство, Оливие Веран. Тој потег најверојатно ќе доведе до затворање на кафулиња и ресторани и до заострување на другите рестрикции на јавниот живот. Веран вчера на прес-конференција рече дека пошироката област на Париз сега ги исполнува сите три […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2020 07:38
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин. Претходно соопшти дека неговата блиска соработничка, Хоуп Хикс (31) е позитивна на Ковид-19. Хикс е најблискиот соработник на Трамп кој е позитивен на Ковид, а според Би-Би-Си, таа патувала со авион со него […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2020 18:03
•
Posted by: MK News
Жена од Колумбија која две години се водела како исчезната, беше пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан. Анхелика Гаетан (46) случајно ја пронашол рибарски брод во саботата. Таа просто, лебдела во водата без пловило. Била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
28/09/2020 18:10
•
Posted by: MK News
На околу 1,1 милион жители на Мадрид и околината им е дозволено да ги напуштат своите домови само заради неопходни работи, како на пример одење на работа, откако денеска беа проширени мерките за контрола на коронавирусот. Досега, со мерките беа погодени 850 000 жители на југ и југоисток на градот, претежно населени со работници и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/09/2020 17:06
•
Posted by: MK News
Внукот на покојниот лидер на колумбискиот нарко картел, Пабло Ескобар, открил 18 милиони долари, објави во средата мрежата „Red Mas Noticias“.. Николас Eскобар изјави дека парите биле скриени во ѕидот од куќа во Mеделин, градот во кој Пабло Ескобар имал седиште.Внукот раскажал дека парите се наоѓале во пластична кеса, а банкнотите стари со децении биле […]
______________________________________________________________________________________________________
22/09/2020 16:37
•
Posted by: MK News
Долгите авионски летови се погодно тло за ширење на коронавирусот, покажа едно ново истражување, поткрепувајќи го овој заклучок со примерот на летот од Лондон до Нахоја, кога една патничка од авионот заразила 15 други лица. Станува збор за летот VN54 од 1 до 2 март, кога во бизнис класата имало жена која кашлала и имала […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:29
•
Posted by: MK News
Британскиот премиер Борис Џонсон размислува за повторно воведување карантин во земјата поради брзото зголемување на бројот на нови случаи со Ковид-19. Според британските медиуми, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со Ковид-19 се удвојува на секои осум дена. Се […]
______________________________________________________________________________________________________
21/09/2020 15:27
•
Posted by: MK News
Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата. Премиерот Андреј Бабиш му се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство доколку не мораше […]
______________________________________________________________________________________________________
19/09/2020 17:12
•
Posted by: MK News
Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на дексаметазон за лекување на пациентите со Ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето. Дексаметазонот може да се користи за лекување на возрасни лица и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респриратор. Испитувањето на научниците од Универзитетот во Оксфорд во јуни покажа дека дексаметазонот ја […]
______________________________________________________________________________________________________
13/09/2020 15:28
•
Posted by: MK News
Пожарите што горат на западниот брег на САД принудија десетици илјади жители на американската сојузна држава Орегон да ги напуштат своите домови, а вкупно половина милион се под наредба за евакуација. За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2020 12:17
•
Posted by: MK News
Во германскиот град Золинген 27-годишна мајка си ги отрула петте деца пред да се обиде да се самоубие фрлајќи се пред воз во движење. Таа се фрлила на пруга во Дизелдорф, малку повеќе од 30 километри од станот каде ги отрула децата. Полициски извори наведуваат дека децата биле отруени со таблети. Германската полиција ги пронашла […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2020 13:45
•
Posted by: MK News
Француската Влада ќе донесе нови обврзувачки мерки за борба против Ковид-19, но е внимателна за да не ги паничи Французите. – Има чувство на загриженост, ние не сме тука за да ги исплашиме луѓето, но мора да ја споделиме реалноста. Во цела Европа има продолжување на епидемијата. Нема што да се паничиме, ние не се […]
______________________________________________________________________________________________________