29/10/2020 13:36
•
Posted by: MK News
Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси Нападот се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот. „Напаѓачот постојано извикуваше ‘господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.нападот следува неполни две недели по бруталното убиство […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2020 23:07
•
Posted by: MK News
Корона вирусот урива рекорди во регионот и Европа. Над 2300 нови случаи за еден ден пријави Хрватска. Во Бугарија се потврдени 2569 новозаразени, а во Словенија над 2200. 15 000 нови случаи регистрираше Германија. Ситуацијата изгегува од контрола истакна Меркел. Слични се изјавите и на властите во Чешка, Франција, Шпанија, Италија, Белгија земји кои исто […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 09:43
•
Posted by: MK News
Чешката влада денеска донесе одлука од среда да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително да се ограничи работата на продавниците за малопродажба. Полицискиот час ќе биде во сила од 28 октомври до 3 ноември, од 21 до 5 часот наутро, рече министерот за здравство, Роман Примула, по […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 08:18
•
Posted by: MK News
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, најави воведување вонредна состојба во претстојниот шестмесечен период, по што ќе следи полициски час низ целата земја, со исклучок на Канарските острови. „Ситуацијата низ која минуваме е екстремна“, рече Санчез во телевизиското обраќање пред своите сограѓани по вонредниот состанок на Советот на министри. Вкупниот број на случаи во Шпанија е […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2020 07:20
•
Posted by: MK News
Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека ситуацијата во Германија е опасна. Според неа, сегашните мерки против ширење на коронавирусот не се доволни и постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците. Меркел и нејзиниот шеф на кабинет Хелге Браун му се обратија на врвот на ЦДУ со драматичен апел дека секој ден […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 20:10
•
Posted by: MK News
Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата Самсунг, почина на 78-годишна возраст во Сеул. Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен Самсунг, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт. Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу […]
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 20:05
•
Posted by: MK News
Италија пријави нов дневен рекорд со 21.273 новозаразени со коронавирус, покажуваат денешните податоци од министерството за здравство. Вкупниот број на случаи во Италија сега изнесува 525.782. Починале уште 128 лица, си што вкупниот број на починати од последиците на Ковид-19 пораснал на 37.338.
______________________________________________________________________________________________________
25/10/2020 19:16
•
Posted by: MK News
Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со цел да се запре ширењето на Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, одлучи да воведе втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината. Првата траеше од март до јуни, а според […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2020 21:15
•
Posted by: MK News
Папата Франциск денеска за првпат носел маска додека служел миса за мир во светот заедно со другите верски лидери. Папата носел бела маска за време на службата во римската базилика Св. Марија. Претходно, тој ја носеше маската само во автомобилот во кој патувал за неделната миса во Ватикан. Тој се најде на мета на критиките, […]
______________________________________________________________________________________________________
20/10/2020 21:11
•
Posted by: MK News
Ставете го контактите на заразените со Ковид-19 во изолација е пораката на СЗО до властите во Европа. Шефот на службата за итни случаи на СЗО смета дека неизолирањето на контактите на заразените е една од причините за високите бројки на новозаразени во Европа. Во околу половина од земјите на Стариот континент СЗО минатата недела забележа […]
______________________________________________________________________________________________________
16/10/2020 10:00
•
Posted by: MK News
Високата бројка на новозаразени со ковид ја натера Германија да воведе построги рестрикции во јавниот живот. Во регионите означени како жешки точки, пабовите и рестораните ќе работат до 23 часот, а маските се задолжителни на јавни простори каде што не може да се држи рестораните. Групирањата се ограничени на 25 лица на јавни и 15 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2020 17:53
•
Posted by: MK News
Кристијано Роналдо е позитивен на коронавирус, објави Португалската фудбалска федерација. ќе го пропушти натпреварот на Португалија во рамки на Лигата на нации против Шведска во среда. Според Португалската фудбалска федерација (ПФФ), напаѓачот на Јувентус „Тој е добро, нема никакви симптоми и се наоѓа во изолација“, соопшти Федерацијата. Останатите во португалската репрезентација добиле негативни резултати, откако […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2020 16:31
•
Posted by: MK News
Првиот смртен случај во светот по повторна зараза со коронавирус е регистриран во Холандија, јави холандската новинска агенција БНО Њуз. Станува збор за 89-годишна жена, болна од канцер. Во јули и беше дијагностициран коронавирус. Тогаш таа се излечи од инфекцијата. Но, два месеци подоцна и беше дијагностицирана слична состојба. Осмиот ден по откривањето на Ковид-19, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2020 16:29
•
Posted by: MK News
Американската компанија Џонсон и Џонсон привремено го прекина клиничкото испитување на потенцијална вакцина против новиот коронавиру поради необјаснета болест на учесник во студијата, објави компанијата. Болеста на учесник на тестот, ја испитува независен одбор за набудување на податоците и безбедноста. Во соопштението се посочува дека таквите паузи се вообичаени за време на големите истражувања во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2020 16:28
•
Posted by: MK News
Во белгиските провинции Валонски Брабант и Луксембург во сила e полициски час од 14 октомври на полноќ, со цел да се спречи растечката инфекција со Ковид-19. Од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро на граѓаните ќе им биде забрането да бидат на отворено, освен во случај на работа, итна медицинска помош или виша […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2020 19:39
•
Posted by: MK News
Поради загрижувачкото зголемување на инфекциите со коронавирусот во последните неколку денови од денеска во Берлин е забрането работењето на баровите и рестораните од 23 до 6 часот наутро. И локалните власти на Франкфурт презедоа слична мерка, што стапи во сила уште вчеравечер: меѓу 22 и 06:00 часот се затвораат баровите и рестораните и се забранува […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2020 19:27
•
Posted by: MK News
Доналд Трамп го даде првото телевизиско интервју откако на 1. октомври му беше дијагностициран коронавирус. Трамп се појави вчера вечер на Фокс Њуз, каде рече дека се чувствува добро. Во разговор со доктор Марко Сигел рече дека е повторно тестиран и дека е негативен или речиси негативен. Додаде дека не знае кога му е следното […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2020 12:26
•
Posted by: MK News
Европската комисија денеска соопшти дека склучи договор со фармацевтскатакомпанија „Гилад“ за купување на 500.000 дози од лекот „Ремдесивир“ за болеста Ковид-19. Договорот за заедничко купување на лекот го потпишаа 36 држави,меѓу кои и сите 27 земји-членки на Европска Унија. Ниту еден лек досега не се покажа како ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус, но антивирусниот […]
______________________________________________________________________________________________________