Видео: Обезглавена жена, убиени уште две лица во напад со нож во близина на Нотр Дам во Ницa


Три лица се убиени во нападот со нож во францускиот град Ница, објави полицијата. Градоначалникот Кристијан Естроси

Нападот се случи во базиликата Нотр Дам во центарот на градот.

„Напаѓачот постојано извикуваше ‘господ е голем‘ додека беше приведуван од полицијата. Еден од убиените е чувар во базиликата“, кажа Естроси.нападот следува неполни две недели по бруталното убиство на учителот самуел пати во париско предградие, кој исто така беше обезглавен.

Француската полиција го уапсила 23-годишниот напаѓач за кој постои сомнение дека убил 3 лица во Ница.

Како што пренесуваат медиумите, на една жена ѝ отсекол глава, а уште неколку рани кај катедралата Нотр Дам.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси навел дека станува збор за терористички напад и дека напаѓачот викал„Алаху акбар“ дури и после апсењето.

Како што може да се види на снимката, полицијата влетала во катедралата и се пресметала со напаѓачот.

„Осомничениот бил ранет од полицијата за време на приведувањето. Жив е и се наоѓа во притвор“, рекол Естроси пред новинарите.

Засега не се знае многу за самиот напаѓач затоа што немал документи кај себе, а полицијата земала отпечатоци од ножот и се надева дека наскоро ќе биде утврден неговиот идентитет.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1