20/12/2016 03:57
•
Posted by: MK News
Трагедија вечерва се случи во Берлин. Најмалку 9 луѓе загинаа и 50 се повредени, откако експлодира камион на божиќен пазар во една од нафрекфентните улици во германскиот главен град. Како што пренесуваат светските медиуми постои сличност со терористичкиот напад во Ница, Франција, каде што летово загинаа десетина луѓе. Сведоци раскажуваат дека станува збор за огромен […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2016 03:56
•
Posted by: MK News
Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени при експлозија на камион на божиќен пазар во Берлин, соопшти германската полиција. Засега не е јасно како камионот излетал од пат и експлодирал на пазарот во германскиот главен град, јавуваат германски медиуми. Инцидентот се случил на позната авенија во западниот дел од градот.
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2016 03:39
•
Posted by: MK News
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат областа во околината на американската амбасада во Турција поради информации дека таму се пука. -Имаме информации дека се пука во близина на американската амбасада во Анкара и им советуваме на нашите државјани да ја избегнуваат областа додека не добијат други информации, соопшти Стејт департментот.
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2016 03:38
•
Posted by: MK News
По нападот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, убиен е и напаѓачот. Станува збор за Мевллут Мерт Алтинаш, наводно полицаец, кој е убиен веднаш откако го ликвидираше амбасадорот.
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2016 03:33
•
Posted by: MK News
Напаѓачот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов беше „неутрализиран“ од турските безбедносни сили, објавија турските медиуми. Според очевидец на нападот, мажот кој пукал во рускиот амбасадор извикувал „Алепо“ и „одмазда“. – Додека зборуваше амбасадорот висок маж во костум прво пукаше во воздух, а потоа врз дипломатот. Тој извикуваше „Алепо“ и „одмазда“, тврдеше очевидецот.
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2016 03:32
•
Posted by: MK News
По убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, беше „неутрализиран“ и напаѓачот од страна на турските безбедносни сили. Нападот со огнено оружје врз рускиот амбасадор се случил за време на отворање изложба на фотографии во Анкара, со наслов „Русија во очите на Турците“. Уште три лица биле ранети во нападот врз рускиот амбасадор во […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2016 20:34
•
Posted by: MK News
Жена од Италија го оставила целиот свој имот во вредност од 2,5 милиони евра на своето куче. Одлуката на 84 – годишната жена која живее со својата ќерка и неколкуте внуци ја објаснил нејзиниот адвокат. Според нејзиниот тестамент, песот наследува два стана, неколку имоти, и повеќе банкарски сметки. Според адвокатот, госпоѓата својата одлука ја донела […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2016 17:45
•
Posted by: MK News
Томас Бити (42) ја шокираше светската јавност во 2008 година кога стана првиот бремен маж на планетава. Бити е роден и пораснал како девојче, но на 23 години започнал со хормонска терапија и бројни хирушки интервенции, па потоа станал официјално маж. Тој ги задржал своите репродуктивни органи за да може да има свои деца. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2016 13:37
•
Posted by: MK News
Тригодишното детенце е убиено во Литл Рок во Арканзас во САД, додека било со неговата баба во автомобил кај еден шопинг центар, кога во него пукал непознат човек, соопштила полицијата. Како што пренесува „Вашонгтон пост“, бабата возела, во еден момент застанала пред знакот „Стоп“ и тука се задржала. Полицијата соопшти дека најверојатно возачот бил изнервиран […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2016 13:35
•
Posted by: MK News
Најновите тврдења на истражувачите покажуваат дека местото каде се криеле Ана Франк и нејзиното семејство, не е откриено откако некој ги предал, туку случајно поради измама во која биле вмешани нивните соседи. Ана од 10 март 1944 година, често во својот дневник пишувала за соседите именувајќи ги како „Д“ и „Б“. Подоцна се открило дека […]
______________________________________________________________________________________________________
19/12/2016 13:34
•
Posted by: MK News
Србинот (39) кој живее во Видена, ја убил својата сопруга (38) во четвртокот околу 07:30 со повеќе убоди по градите по бурна расправија во семеен стан. Како што вели австриската полиција, убиецот најверојатно од местото на злочинот избегал и отишол кај свој роднина, каде е најден мртов во бавчата, па се мисли дека по злочинот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 21:21
•
Posted by: MK News
Густата магла, што зафати делови од Англија и Велс, предизвика блокада во воздушниот и патниот сообраќај, како и големи нарушувања во возниот ред на летови од лондонските аеродроми. Голем број летови предвидени во текот на ноќта и во раните утрински часови се откажани или одложени за неопределено време. Управата на најголемиот лондонски и британски аеродром […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 18:52
•
Posted by: MK News
Нови морничави информации излегоа на површина за авионската несреќа на експедицијата на Чапокоензе, откако беше обелоденето дека дефанзивецот Нето ја сонувал несреќата 24 часа пред кобниот лет. Нето, кој е еден од тројцата преживеани фудбалери на бразилскиот клуб, потоа не сакал да патува за Колумбија, за на крајот да биде убеден од остатокот од тимот […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 18:50
•
Posted by: MK News
Германската полиција вчера го уапси 27-годишниот бугарски државјанин Светислав Стојков, кој на 27 октомври со клоца нападна жена во берлинското метро. Стојков, за кого се тврдеше дека по инцидентот се вратил во бугарскиот град Варна, каде што живее со сопругата и трите деца, бил уапсен во автобус на главната автобуска станица во главниот град на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 14:24
•
Posted by: MK News
Добро е познато дека раѓањето на дете е чудо, а понекогаш породувањето се претвара во феномен. Едно такво чудо се случило во породилиште во Хонг Конг каде мајката не издржала и починала откако родила здраво момче. Според зборовите на докторите кои присуствувале на породувањето, жената после раѓањето на здраво момче, ненадејно починала, Никој не знаел […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 14:16
•
Posted by: MK News
Американскиот лекар Хенри Хајмлих, кој го откри „Методот на Хајмлих“, почина на 92 години. Тој ќе остане запаметен по тоа што ја измисли техниката на прва помош – притисок врз абдоменот за прочистување на дишните патишта. Хајмлих почина во болница во Синсинати, од компликација по преживеаниот срцев удар. „Методот на Хајмлих“ е откриен додека тој […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 14:08
•
Posted by: MK News
Сите сме свесни дека војните се најголемото зло кое му се случува на светот, а тоа најмногу го чуствуваат обичните граѓани во погодените предели. Сирија е едно од најтажните места на светот последниве години, а последните трагедии кои се случуваа таму, погодија многумина. Но дали знаевте како изгледаше Алепо пред војната? Каква архитектура имало и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2016 13:57
•
Posted by: MK News
САД ја зголемија за два и пол пати (на 25 милиони долари) наградата за информација за локацијата на лидерот на Исламска држава, Абу Бакир ал-Багдади. Програмата на Стејт департментот – Награда за правда претходно во 2011 година понуди 10 милиони долари за информација за апсење на Багдади. Командантот на специјалните единици на ирачките вооружени сили, […]
______________________________________________________________________________________________________